Јавна дискусија “Помалите заедници изгубени во паралелниот свет на Македонците и Албанците”

Помалите заедници изгубени во паралелниот свет на Македонците и Албанците“ е темата на седмата јавна дискусија, што ќе се одржи во Гостивар, во сабота, 27.02.2016 година во 17 часот салата на Советот на Општината. Панелисти ќе бидат : Алберт Муслиу, политиколог, магистер Мухамед Точи, раководител на секторот за човекови права и меѓуетнички односи во НВО „Месечина“ од Гостивар и Зоран Маџоски, локален новинар.

Дискусијата е организирана од Диверзити медиа во рамки на проектот Глокал Дискусии.

Целта на оваа, како и на останататите пет јавни дискусии е да се потикне дискусија, но, и да се зајакне доброто владеење, давајќи им глас на сите да го изразат мислењето за теми битни на целото општество.

Граѓаните на Македонија ретко имаат можност лично да присуствуваат на дебати за актуелни теми со претставници на интелектуалната, уметничката, академската и експертската јавност на Македонија. Уште помалку шанси добиваат да почуствуваат дека на тој начин активно треба да придонесат за решавање на проблеми и подобрување на животните услови на локално ниво.

Затоа, за да се подобри состојбата со слободата на говор и да се поттикне повеќе дебати и дискусии, а воедно да се зајакне доброто владеење на локално и централно ниво, Диверзити Медиа започна со проектот Глокал Дискусии. Во него, преку 12 јавни дискусии ќе се обидеме да создадеме повеќе простор за јавна дискусија на важни теми и проблеми на државно ниво но давајќи им можност на граѓаните на цела Македонија да се изразат и да придонесаат за овиее теми. Во дискусиите ќе бидат вклучени локални креатори на политики, интелектуалци, новинари и најважно – локални жители.

Вкупно шест различни теми ќе бидат дискутирани во 12 различни града, а во периодот до Август 2016, Диверзити Медиа ќе изработи и 12 медиумски производи од јавните дискусии, што потоа ќе бидат објавени на платформата на Диверзити Медиа, Алсат М Телевизија, како и на социјалните мрежи на организацијата. Ќе се изработи и брошура со споредбени анализи за тоа како се перцепираат истите теми, односно проблеми во две различни средини.

Проектот е подржан од Civica Mobilitas, а партнер во неговото спроведување е телевизијата Алсат-М.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор