[Aggregator] Downloaded image for imported item #48473

Модата, отпадот и нашите избори: младите учеа за одржлива мода и управување со текстилен отпад

Денес во просториите на СТАНИЦА ПЕТ се одржа едукативната работилница „Модата, отпадот и нашите избори“, организирана во соработка со Тексомак – колективен постапувач со текстилен отпад. На настанот учествуваа 20 млади лица заинтересирани да научат повеќе за влијанието на модната индустрија врз животната средина и за начините на кои секој од нас може да придонесе кон поодржливо управување со текстилниот отпад.

Преку интерактивна дискусија, учесниците разговараа за современите модни трендови и навики на потрошувачка, за видот на облека што најчесто ја носиме, како и за животниот век на текстилните производи. Посебен акцент беше ставен на прашањето што се случува со облеката откако ќе престанеме да ја користиме и кои се последиците од несоодветното постапување со текстилниот отпад. Во рамки на работилницата беше објаснета улогата на колективните постапувачи со отпад, разликата меѓу колективен постапувач и рециклатор, како и обврските и одговорностите што ги имаат овие субјекти во системот за управување со отпад. Учесниците имаа можност да дознаат каде може да го одложат текстилниот отпад, како се собира и селектира истиот и кои се следните чекори во процесот на негово понатамошно третирање.

Настанот беше пренесуван и во живо на Facebook, овозможувајќи и на пошироката јавност да се вклучи во дискусијата. И учесниците присутни на работилницата и следачите на Facebook Live поставија бројни прашања поврзани со рециклирањето, повторната употреба на текстилот и можностите за намалување на отпадот, што придонесе за динамична и корисна размена на информации.

Еден од најзначајните заклучоци од настанот беше дека младите покажуваат голем интерес за темите поврзани со одржливата мода и текстилниот отпад, но истовремено имаат ограничени информации за тоа како функционира системот за собирање и понатамошно постапување со отпадниот текстил. Бројните прашања поставени за време на работилницата и Facebook Live дискусијата покажаа дека учесниците сакаат да бидат дел од решението, но честопати не знаат каде и како правилно да постапат со облеката што повеќе не ја користат. По дискусијата, учесниците стекнаа подобро разбирање за разликата меѓу колективен постапувач и рециклатор, за патот што го поминува текстилниот отпад по неговото одложување, како и за конкретните чекори што секој поединец може да ги преземе за да придонесе кон намалување на негативното влијание врз животната средина. Ова потврди дека е потребна континуирана едукација и отворање простор за вакви разговори, особено меѓу младите.

Работилницата „Модата, отпадот и нашите избори“ беше осмиот по ред настан организиран во рамки на иницијативата „Зелен петок“. Со оваа активност се заокружува тековниот циклус на иницијативата, во рамки на кој беа реализирани низа едукативни, информативни и активистички настани посветени на заштитата на животната средина и поттикнување на одржливи навики кај граѓаните, особено кај младите. Иако овој циклус завршува, „Зелен петок“ продолжува и понатаму. По летната пауза, иницијативата ќе се врати во септември со нови активности, настани и можности за граѓанско учество насочени кон подигање на свеста и поттикнување конкретни акции за позелена и поодржлива заедница.

*Активноста е во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение СТАНИЦА ПЕТ, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи

    КОМПАС: Мониторинг на Владините ветувања (2024-2028): наоди од првите две години Скопје, 17 јуни 2026 Finance Think, во партнерство во Македонскиот центар за граѓанско образование, Македонското лекарско друштво- Здружение за интерсекторска соработка и Младинскиот образовен форум, ја претставува надградената мониторинг рамка КОМПАС за системско следење на реализацијата на владините ветувања за периодот 2024–2028. Оваа рамка […]
    The post Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи first appeared on Finance Think.
    The post Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи appeared first on Finance Think.

  • ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ ЖЕНИТЕ И ВЛАСТИТЕ ВО ШТИП

    На 28.05.2026 година во просториите на Работничкиот универзитет во Штип се одржа настан за воспоставување дијалог помеѓу жените и власти, со цел да се создаде овозможувачка средина за развој на женското претприемништво и економското јакнење на жените. На настанот присуствуваше заменик-градоначалникот и советник во Општина Штип, Атанас Крстовски, кој ја истакна важноста од активно учество…

  • Експертска дискусија: Правни и институционални предизвици во областа на шумите и нелегалната сеча

    Околу 40% од територијата на Северна Македонија е покриена со шуми, кои претставуваат еден од најзначајните природни ресурси во државатa. Секоја година во државата се трошат околу 2.165.000 m³ огревно дрво, а проценките покажуваат дека повеќе од половина од ова количество потекнува од нелегална сеча. Нелегалната сеча, шумските пожари, деградацијата на шумите, ограничените ресурси и […]

  • Годишно собрание на ХЕРА: отчетност, ново раководство и јасни приоритети за иднината

    ХЕРА го одржа редовното Годишно собрание, на кое пред членството беа презентирани постигнувањата од 2025 година, беше усвоен Годишниот финансиски извештај и се дискутираше за […]

  • XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026” ќе плови до Солун

    На 12.6.2026 (петок) делегација на Вардарската регата Гемиџии беше примена од Градоначалникот на Велес г-дин Mарко Колев. Делегацијата во состав м-р Ангелче Гушев, Владимир Ивановски – Вуцо, Владимир Стојанов и Михаел Здравковски во целост го запознаа Градоначлмикот за програмските активности на Вардарската регата “Гемиџии“. Регатата запловува на 18 јуни со…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор