[Aggregator] Downloaded image for imported item #47913

Во Струга успешно се одржа првата обука за чист воздух

Вчера во Струга успешно се реализираше првата обука во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион“ поддржан од Швајцарската Влада преку Цивика мобилитас.

Настанот го отвори координаторот на проектот, Бардил Туши, кој даде кратко објаснување за целите и значењето на проектот, при што им се заблагодари на сите присутни за нивното учество и поддршка.

Во продолжение, универзитетскиот професор Prof. Dr. Musah Fejzullov, ангажиран како експерт за подготовка на програмата и прирачникот за обуките, детално го презентираше едукативниот прирачник и реализираше интерактивни задачи со учениците кои беа присутни на обуката. 

На настанот присуствуваше и г-ѓа Беса Татеши, раководител на сектор во Министерството за животна средина и просторно планирање во Скопје, која ја поддржа важноста на ваквите иницијативи за подигање на јавната свест и вклучување на младите во заштитата на животната средина.

Преводот за време на обуката го реализираше професорката Селпи Пошка.

Преку вакви активности продолжуваме да градиме поинформирана, активна и одговорна заедница за почист воздух и поздрава животна средина. 

Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Здружение на еколозите Натура – Струга и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

#CHinMK#CivicaMobilitas

Civica MobilitasEmbassy of Switzerland in North MacedoniaИзвиднички одред “Мирко Милески” / Scout group “Mirko Mileski”

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на еколози „Натура“

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор