Image may 15

ОТВОРЕН ПОВИК за избор на Ко-автор за подготовка на локален извештај

Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп во рамки на проектот „Заедно против насилството: Подобрување на информираноста и реакцијата на заедницата“, објавува:

ОТВОРЕН ПОВИК

 за избор на Ко-автор за подготовка на локален извештај

Овој повик има за цел избор на стручно лице, ко-автор за подготовка на локален извештај за состојбата со родово базирано и сексуално насилство во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, кој ќе биде подготвен во рамки на проектните активности.

За проектот:

Општа цел: Подобрување на информираноста и реакцијата на локалните заедници и институции за родово базираното и сексуалното насилство, со цел подобра заштита и поддршка за жртвите.

Специфична цел 1: Систематско документирање и анализа на родово базирано и сексуално насилство што ќе ги отслика проблемите и потребите на жртвите.

Специфична цел 2: Поттикнување на институционални мерки и информирање на јавноста за подобрување на реакцијата и поддршката во случаи на родово базирано и сексуално насилство.

Во текот на имплементацијата беа реализирани повеќе теренски активности, фокус групи, интервјуа и консултации со жени од ранливи категории, институции и локални чинители, при што беа прибрани значителни квалитативни и квантитативни податоци.

Со цел систематизација и анализа на наодите, ќе се подготви сеопфатен локален извештај кој ќе содржи:

  • анализа на локалната состојба,
  • идентификувани предизвици и потреби,
  • согледувања од директна работа со жртви,
  • препораки за подобрување на институционалниот одговор и услугите за поддршка.

Опис на ангажманот:

Избраниот ко-автор ќе биде вклучен во процесот на подготовка на локалниот извештај заедно со проектната координаторка на здружението и ќе има задача да придонесе кон:

  • анализа и интерпретација на квалитативни податоци добиени преку фокус групи, интервјуа и добиени информации од релевантни институции;
  • интеграција на практични согледувања од директна работа со жртви на родово базирано и семејно насилство;
  • подготовка и унапредување на препораките насочени кон институциите и локалните чинители;
  • учество во завршен настан за промоција на извештајот,

Ангажманот ќе се реализира во периодот мај – јули 2026 година.

Кој може да се пријави?

Право на пријавување имаат лица кои:

  • имаат високо образование од областа на психологија, социјална работа, право, родови студии или сродни области;
  • имаат искуство во работа со жртви на семејно, родово базирано или сексуално насилство;
  • имаат искуство во подготовка на анализи, извештаи или истражувања;
  • поседуваат познавање на локалниот контекст и институционалниот систем за заштита;
  • имаат искуство во теренска работа и комуникација со ранливи категории граѓани.

👉 Предност ќе имаат кандидати со искуство во психо-социјална поддршка и меѓусекторска соработка.

Како да се пријавите?

Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија (CV),  мотивациско писмо (до 1 страница) и финансиска понуда на е-маил: stanicapet@gmail.com  со назнака „Пријава за Ко-автор на локален извештај“ најдоцна до 21.05.2026 година.

За дополнителни информации обратете се на: 076/278-753

*Активноста е дел од проектот „Заедно против насилството: Подобрување на информираноста и реакцијата на заедницата“, кој го спроведувa Здружение за правна едукација и транспарентност Станица ПЕТ Прилеп“, во рамки на акцијата „СЕ ГРИЖИМЕ: Заедно се бориме против сексуалното и родовото насилство “, финансирана од Европската Унија, а предводена од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) објавува јавен повик за избор на двајца/две експерт(к)и за изработка на Извештај за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на правата од областа на животната средина во рамки на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната […]
    The post Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина appeared first on Myla.

  • Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ

    Врз основа на член 19 и 27 од Статутот на Младинскиот образовен форум, како и врз основа на одлука на Претседателот на Младински образовен форум донесена на 01.10.2026 година, на 01.10.2026 се распишува ПОВИК за нови членови на Управниот одбор Повикот се распишува за избор на нов состав на Управниот одбор на Младински образовен форум […]
    The post Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ appeared first on МОФ.

  • Повик за учество во иницијативата за проценка на деловен интегритет: Станете дел од Белата книга за деловен интегритет!

    Дали вашата компанија негува високи етички стандарди, транспарентност и политики за заштита од корупција?
    Ги покануваме сите одговорни и визионерски компании во Република Северна Македонија да се пријават и да бидат дел од процесот на мапирање и проценка на деловниот интегритет.

  • Youth Climate Diplomacy Forum – Skopje Local Point: Повик за млади за климатска акција и дипломатија

    Младите се важен дел од разговорот за климатските промени и иднината на животната средина. Тие не се само идни носители на промени, туку и активни учесници во процесите што се одвиваат денес. Токму затоа, Eco Logic – Скопје, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го организира презентацискиот и промотивниот настан за YCDF Skopje […]

  • Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели

    RISE Balkans Зајакнување на гласот на младите: одговорност, интегритет, солидарност и граѓанско ангажирање на Балканот Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели Регионалниот проект RISE Balkans бара мотивирани и ангажирани млади луѓе кои ќе се приклучат на возбудлива програма за лидерство меѓу врсници – Млади граѓански двигатели. Избраните учесници ќе бидат обучени како фасилитатори на Клиниките за добро владеење – интерактивни, тематски работилници кои се дизајнирани да го доближат владеењето до граѓаните и…

  • [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција

    Мобилизација заснована на податоци и консултации со граѓаните Пријави се за дводневната онлајн програма на 28 и 29 септември, од 15:00 до 19:00 часот, и запознај се со практични алатки за застапување, вклучување на граѓаните и поттикнување општествени промени. Како да го препознаеме проблемот што сакаме да го решиме? Како да ги разбереме искуствата на […]
    The post [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција appeared first on МОФ.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор