Untitled Design(4)
|

Повик за ангажман на правно или физичко лице за организација и спроведување на „герила“ настан во Скопје

„Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата“

Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие појави не само што ја поткопуваат довербата во институциите, туку создаваат дополнителни бариери за еднаков пристап до основното човеково право – здравје.

Корупцијата во здравството има и изразена родова димензија. Жените, особено оние кои живеат во сиромаштија, во рурални средини или кои припаѓаат на ромската заедница, се соочуваат со двојна нерамноправност: од една страна поради нивниот економски и социјален статус, а од друга поради родовите стереотипи и дискриминаторските практики во институциите. Непостоењето ефикасни и доверливи механизми за пријавување дополнително ја засилува нивната ранливост и создава чувство на беспомошност.

Постоечките механизми за пријавување корупција се недоволно функционални, со ограничена транспарентност и слаб капацитет за постапување. Институциите ретко обезбедуваат јасни информации и поддршка за граѓаните, а здравствените работници немаат соодветна обука за етичко постапување и справување со случаи на корупција. Истовремено, јавната дебата за оваа тема останува ограничена, а медиумите често известуваат на начин кој не ги препознава родовите аспекти и штетните последици за ранливите групи.

Проектот „Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата“ е дизајниран да одговори токму на овие проблеми. Тој има за цел да ја зголеми отчетноста и транспарентноста во здравствениот систем преку зајакнување на жените и граѓаните да пријавуваат корупција, јакнење на капацитетите на здравствените работници за препознавање и превенција на коруптивни практики и зајакнување на институционалните механизми за постапување. Преку едукативни активности, јавни кампањи и застапувачки иницијативи, проектот ќе придонесе кон создавање систем во кој граѓаните ќе имаат доверба дека нивниот глас е слушнат, а нивните права се заштитени. Проектот е поддржан од Француската Развојна Агенција – Expertise France.

1.1. Предмет на ангажманот и работни задачи

Здружението ЕСЕ објавува повик за ангажирање правно или физичко лице за организација и спроведување на еден „герила“ настан за креативен активизам во Скопје, во рамки на национална мултимедијална кампања насочена кон подигнување на јавната свест за корупцијата во здравството.

Настанот ќе се реализира во септември 2025 година, на датум, локација и динамика кои дополнително ќе се договорат со ЕСЕ. Почетната креативна идеја/замисла доставена од избраниот понудувач ќе се доработува заедно со проектниот тим на ЕСЕ, за да биде целосно усогласена со темата, пораките и целите на проектот.

Ангажираното лице ќе биде задолжено за:

  • разработка на почетната креативна идеја во изводлив концепт за „герила“ настан;
  • подготовка на оперативен план и временска рамка за организација и реализација на настанот;
  • целокупна логистичка и техничка организација на настанот во Скопје;
  • обезбедување потребни одобренија, дозволи или координација со надлежни институции, доколку се потребни за реализација на настанот;
  • координација со изведувачи, добавувачи, учесници и други релевантни лица вклучени во реализацијата;
  • обезбедување и поставување на потребна опрема, реквизити, визуелни/промотивни материјали и други елементи потребни за реализација на настанот;
  • организација на теренска поставеност, движење на учесници и безбедно спроведување на активностите;
  • дистрибуција на проектни материјали за време на настанот, во координација со ЕСЕ;
  • координација со лицето/тимот задолжен за снимање, фотографирање и промоција на настанот;
  • подготовка на краток извештај за реализираниот настан, со опис на спроведените активности и доставени материјали/докази за реализација.

1.2. Очекувани резултати

  • развиен и одобрен концепт за „герила“ настан, усогласен со проектната тема и пораките на ЕСЕ;
  • организиран и успешно реализиран „герила“ настан за креативен активизам во Скопје;
  • навремено обезбедена логистичка, техничка и теренска поддршка за реализација на настанот;
  • поставени и користени потребни материјали, реквизити и опрема за настанот;
  • дистрибуирани проектни материјали до целната публика;
  • доставен краток извештај за спроведените активности.

1.3. Потребни квалификации и капацитет

На повикот можат да аплицираат правни и физички лица. Претходно искуство со настани на јавен простор ќе се смета за предност, но нема да биде задолжителен услов доколку понудувачот покаже соодветен капацитет, креативна идеја и изводлив план за реализација.

  • искуство или капацитет за организација и реализација на настани, кампањи, промотивни активности, креативен активизам, интерни корпоративни активности или слични формати;
  • способност за развивање креативна, јасна и изводлива идеја поврзана со темата на проектот;
  • капацитет за логистичка и техничка организација, координација на луѓе, материјали, опрема и теренски активности;
  • способност за работа во договорени рокови и координација со проектен тим;
  • портфолио, референтна листа или примери од претходни активности може да се достават доколку се достапни, но не се задолжителен елиминациски услов.

1.4. Времетраење

Ангажманот е предвидено да трае од јули до крајот на септември 2025 година. Самиот „герила“ настан ќе се реализира во септември 2025 година, на датум и локација претходно договорени со ЕСЕ.

1.5. Потребна документација за аплицирање

Заинтересираните правни и физички лица треба да достават:

  • опис на предложената идеја/концепт за „герила“ настанот, наместо мотивациско писмо;
  • првична визуелна замисла, скици, референтни фотографии, moodboard, опис на поставеност или друг материјал што покажува како би изгледал настанот;
  • кратка биографија (за физичко лице) или кратка презентација на правното лице;
  • примери од претходни активности, доколку постојат, вклучително и интерни настани, корпоративни активности, кампањи, креативни акции, сценски/визуелни решенија или слични формати;
  • финансиска понуда во бруто износ, со јасно наведени главни трошоци;
  • тековна состојба или доказ за регистрација, доколку аплицира правно лице.

1.6. Критериуми за селекција

Изборот ќе се врши врз основа на квалитетот на понудата и најдобрата вредност за парите, при што ЕСЕ ќе ги земе предвид следните критериуми:

Критериум
Најниска/најекономски оправдана цена, со реално прикажани трошоци (најмногу 4.000 ЕУР)
Квалитет, оригиналност и релевантност на креативната идеја за темата на проектот
Изводливост на предложениот пристап, логистика, временска рамка и организациски капацитет
Претходно искуство, примери од работа или друг доказ за капацитет, без ограничување само на јавни настани
Способност за координација со ЕСЕ и флексибилност за доработка на концептот

Потребната документација да се достави по електронска пошта на адресата esem@esem.org.mk, со назнака: „Повик за организација и спроведување на герила настан во Скопје“, најдоцна до 10.06.2026 година.

ЕСЕ го задржува правото да побара дополнителни појаснувања, состанок/презентација на предложената идеја или преговарање за доработка на понудата со најдобро рангираниот понудувач.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) објавува јавен повик за избор на двајца/две експерт(к)и за изработка на Извештај за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на правата од областа на животната средина во рамки на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната […]
    The post Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина appeared first on Myla.

  • Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ

    Врз основа на член 19 и 27 од Статутот на Младинскиот образовен форум, како и врз основа на одлука на Претседателот на Младински образовен форум донесена на 01.10.2026 година, на 01.10.2026 се распишува ПОВИК за нови членови на Управниот одбор Повикот се распишува за избор на нов состав на Управниот одбор на Младински образовен форум […]
    The post Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ appeared first on МОФ.

  • Повик за учество во иницијативата за проценка на деловен интегритет: Станете дел од Белата книга за деловен интегритет!

    Дали вашата компанија негува високи етички стандарди, транспарентност и политики за заштита од корупција?
    Ги покануваме сите одговорни и визионерски компании во Република Северна Македонија да се пријават и да бидат дел од процесот на мапирање и проценка на деловниот интегритет.

  • Youth Climate Diplomacy Forum – Skopje Local Point: Повик за млади за климатска акција и дипломатија

    Младите се важен дел од разговорот за климатските промени и иднината на животната средина. Тие не се само идни носители на промени, туку и активни учесници во процесите што се одвиваат денес. Токму затоа, Eco Logic – Скопје, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го организира презентацискиот и промотивниот настан за YCDF Skopje […]

  • Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели

    RISE Balkans Зајакнување на гласот на младите: одговорност, интегритет, солидарност и граѓанско ангажирање на Балканот Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели Регионалниот проект RISE Balkans бара мотивирани и ангажирани млади луѓе кои ќе се приклучат на возбудлива програма за лидерство меѓу врсници – Млади граѓански двигатели. Избраните учесници ќе бидат обучени како фасилитатори на Клиниките за добро владеење – интерактивни, тематски работилници кои се дизајнирани да го доближат владеењето до граѓаните и…

  • [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција

    Мобилизација заснована на податоци и консултации со граѓаните Пријави се за дводневната онлајн програма на 28 и 29 септември, од 15:00 до 19:00 часот, и запознај се со практични алатки за застапување, вклучување на граѓаните и поттикнување општествени промени. Како да го препознаеме проблемот што сакаме да го решиме? Како да ги разбереме искуствата на […]
    The post [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција appeared first on МОФ.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор