Untitled Design(4)
|

Повик за прибирање понуди за симултан превод за Конференција на тема перинатално ментално здравје

Во рамки на проектот „ Health Cooperation with North Macedonia “, се распишува јавен оглас за прибирање понуди за симултан превод за време на спроведување на Конференцијата Мајчиното ментално здравје како приоритет: од препознавање кон достапна поддршка за секоја мајка“на 01.06.2026 година. И тоа за следните јазици:

– Симултан превод од македонски на англиски јазик и обратно

– Симултан превод од македонски на албански јазик и обратно

 

1. Предмет на јавниот оглас

Симултан превод за времетраење на конференцијата на 01.06.2026 година, во перидот од 10:00 до 13:00 часот и тоа:

– Симултан превод од македонски на англиски јазик и обратно

– Симултан превод од македонски на албански јазик и обратно

2. Право на учество

Право на учество имаат физички и правни лица кои:

– имаат најмалку две години искуство во симултан превод и тоа од македонски на англиски јазик и обратно, како и од македонски на албански јазик и обратно.

3. Рок и начин на доставување на понудите

Понудите треба да содржат:

– CV на лицето или лицата кои ќе го вршат симултаниот превод;

– Извод од Централен регистар (само доколку аплицира правно лице);

– Цена во МКД денари за извршување на симултаниот превод;

– Контакт информации на понудувачот – телефон и е-маил.

 

Понудите треба да се достават најдоцна до 27.05.2026 година, на е-пошта: esem@esem.org.mk. Во маилот треба да се стави јасна назнака „македонски-англиски“ или „македонски-албански“, во зависност од тоа за кој симултан превод се поднесува понудата.

3. Критериуми за избор

– Најповолна вкупна цена;

– Искуство во симултан превод на пријавените понудувачи за соодвтените јазици .

Проектот се спроведува од страна на Здружение ЕСЕ, а е финансиран од Амбасадата на Република Франција.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Јавен повик за изработка на документ за јавни политики

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), во рамки на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан“, финансиски поддржан од Европската Унија, објавува јавен повик за ангажирање на еден експерт за изработка на документ за јавни политики на тема „Правни и институционални предизвици во областа на шумите и нелегалната сеча“. […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА 1 (ЕДЕН) УМЕТНИК ЗА ИЗРАБОТКА НА 3 (ТРИ) ЈАВНИ УМЕТНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ ОД РЕУПОТРЕБЕНИ МАТЕРИЈАЛИ

    Центарот за климатски промени за потребите од спроведување на проектот ,, Младите и жените- двигатели на транзицијата кон одржливо управување со отпадот во руралните средини (WeLEADRural)“, финансиран од Француска агенција за развој (AFD) објавува: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА  1 (ЕДЕН) УМЕТНИК ЗА ИЗРАБОТКА НА 3 (ТРИ) ЈАВНИ УМЕТНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ

  • Повик за ангажирање на правник за правно советување

    Хуманитарно здружение „Мајка“ – Куманово објавува повик за ангажирање на дипломиран правник за обезбедување услуги на правно советување за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство во рамки на Советувалиштето. Повикот е отворен за кандидати кои ги исполнуваат предвидените услови, а пријавите се доставуваат електронски со потребната документација согласно објавениот повик најдоцна […]

  • Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за ПР и стратешки комуникации

    Младинската асоцијација „ИМКА Битола“, во соработка со здружение „Конект“ за потребите од спроведување на проектот „Промени за одржливост” поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика Мобилитас објавуваат ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на експерт за ПР

  • Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за млади и ЕУ политики (Youth/EU Policy Expert)

    Младински Совет Прилеп (МСП) објавува јавен повик за ангажирање на експерт/ка за млади и ЕУ политики, во рамки на проектот „Младите ЗА ЕУ“ („Youth for EU – Strengthening Youth Participation and Communication on the EU Integration Path“.) Опис на ангажманот Ангажираниот експерт ќе обезбеди стручна и методолошка поддршка за развој…

  • Повик за ангажирање графички дизајнер

    Младински образовен форум (МОФ) објавува повик за ангажирање графички дизајнер/ка за креирање креативен концепт и визуелен идентитет за претставување на клубовите на МОФ. Ангажманот опфаќа изработка на: Генерален дизајн Посебни дизајни за клубовите: Дебата; Учиме право; Артивизам; Новинарство. Вкупниот надомест за ангажманот изнесува 60.000 денари бруто. Заинтересираните кандидати/ки треба да достават кратка биографија, портфолио со […]
    The post Повик за ангажирање графички дизајнер appeared first on МОФ.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор