[Aggregator] Downloaded image for imported item #47802

ПОВИК за избор на новинари кои ќе бидат ангажирани во медиумот на заедницата во рамки на иницијативата Локал Актив

Во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество “ финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) под програмата Цивика Мобилитас, Институтот РЕСИС и Советот за Етика во Медиумите во Македонија – СЕММ работат на ширење на иницијативата Локал Актив низ седум плански региони во Македонија. Во текот на последниве пет години, медиуми на заедницата беа креирани во Источниот, Вардарскиот и Пелагонискиот регион. Во следниот период такви медиуми ќе бидат создадени и во Југоисточниот, Полошкиот, Југозападниот и Североисточниот регион.

ПОВИК

Целта на иницијативата Локал Актив: (1) да воспостави и да се зајакне капацитетот на новите медиуми на заедницата во Македонија за нивно ангажирање во аналитичко и истражувачко новинарство на заедницата во промоција на демократијата, човековите права, животната средина и социјалната правда, (2) да се консолидира моќта на медиумите на заедницата во поддршката на активистите на локалните граѓански организации да го прошират и продлабочат нивниот притисок за задоволување на локалните граѓански барања.

Овој повик е наменет за локални новинари кои, откако ќе бидат избрани, ќе бидат вклучени во работна листа на новинари на Локал Актив иницијативата, од која потоа ќе може:

  • да бидат регрутирани да работат на продукција на сториите и вестите за платформите на медиумите на заедницата,
  • да учествуваат на обуки за членови на медиумите на заедницата предвидени со проектот,
  • да бидат ангажирани од локални граѓански организации во рамки на идни шеми на суб-грантирање надвор од опсегот на овој проект.

Заинтересираните кандидати за овој ангажман треба да ги достават следниве документи:

  • Писмо (меил) во кое изразуваат заинтересираност да ја вршат услугата за иницијативата
  • Биографија (со избор од 10 репрезентативни текстови на теми од регионите од кои доаѓаат)
  • Доказ дека е граѓанин/граѓанка на РСМ (копија од пасош)

Понудата треба да се достави во електронски формат на следната мејл-адреса: office@resis.mk или во оригинална хартиена форма во просториите на Институтот РЕСИС на ул. Прашка бр. 56, стан 2, 1000 Скопје, најдоцна до петок 29 мај 2026.

Документите поврзани со овој повик можат да се симнат на следниве линкови:

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на РЕСИС институт

Продолжи со читање

  • ЈАВЕН ПОВИК: Биди дел од граѓанската мрежа за чист воздух – Обука за граѓански мониторинг на воздухот во Струга

    Здружението на еколози „Натура“ – Струга, во партнерство со извидничкиот одред „Мирко Милески“ – Кичево, во рамките на проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападниот регион“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, објавува отворен повик за учество на професионални обуки. За проектот Проектот има за цел да

  • Повик за учество на обука за обучувачи (ToT) за писменост за вештачка интелигенција во образованието на возрасни

    Во рамки на проектот „Иницирање програми за учење за возрасни за вештачка интелигенција“, со задоволство објавуваме повик за учесници на обука за обучувачи (Training of Trainers – ToT), наменета за обучувачи и едукатори кои работат во областа на образованието за возрасни и се заинтересирани да ги унапредат своите знаења и вештини за вештачка интелигенција, како […]

  • Јавен повик за поднесување концепти за стручни статии за седмото издание на „Правен фокус”

    Македонско здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот “Јакнење на идните правни лидери за владеењето на правото во дигиталната ера” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје објавува  ЈАВЕН ПОВИК  за поднесување концепти со опис и идеја за стручни статии за седмото издание од списанието “Правен фокус”  Проектот “Јакнење на идните правни лидери за владеењето на правото во дигиталната ера”е акција поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Истиот ќе се спроведува […]
    The post Јавен повик за поднесување концепти за стручни статии за седмото издание на „Правен фокус” appeared first on Myla.

  • Повик за прибирање на понуди за конференциски услуги за организирање на настан

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при…

  • Јавен повик за прибирање понуди за изработка на дигитална контролна табла за визуелизација на отворени податоци од Собранието

    Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје објавува јавен повик за прибирање понуди за ангажирање правно или физичко лице за изработка на дигитална контролна табла / dashboard за визуелизација, пребарување и полесно користење на отворени податоци од Собранието на Република Северна Македонија.  Активноста се реализира во рамки на проектот „Парламентарни отворени податоци во пракса: Градење […]
    The post Јавен повик за прибирање понуди за изработка на дигитална контролна табла за визуелизација на отворени податоци од Собранието appeared first on IDSCS.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор