Canva photo logos

Повик за учество на обука за обучувачи (ToT) за писменост за вештачка интелигенција во образованието на возрасни

Во рамки на проектот „Иницирање програми за учење за возрасни за вештачка интелигенција“, со задоволство објавуваме повик за учесници на обука за обучувачи (Training of Trainers – ToT), наменета за обучувачи и едукатори кои работат во областа на образованието за возрасни и се заинтересирани да ги унапредат своите знаења и вештини за вештачка интелигенција, како и да ги интегрираат во својата работа со возрасни ученици.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+ (KA220-ADU – Партнерства за соработка во образованието за возрасни) и е насочен кон развој на иновативни пристапи за воведување на писменост во областа на вештачка интелигенција кај возрасните ученици и во секторот за образование за возрасни. Проектот го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ од Северна Македонија, Curiosité Centre de Formation (CCF) од Франција и Connect International (CI) од Белгија.

Заедно, партнерите развиваат курикулум за писменост во областа на вештачка интелигенција наменет за даватели на образование за возрасни, едукатори и обучувачи, како и пакет со алатки за дизајнирање и спроведување програми за учење за вештачка интелигенција во образованието за возрасни. Овие резултати се наменети да им помогнат на едукаторите во спроведување содржини поврзани со вештачката интелигенција во две клучни области: вештачка интелигенција во професионалниот живот – продуктивност, вработливост и релевантност на пазарот на труд и вештачка интелигенција во приватниот живот – етичка употреба, ризици, придобивки и аспекти поврзани со човековите права.

Обуката за обучувачи ќе овозможи практична примена на овие ресурси преку директно вклучување на едукатори за возрасни од земјите учеснички.

За обуката за обучувачи

Обуката за обучувачи е дел од пошироки напори за:

  • зајакнување на капацитетите на давателите на образование за возрасни во спроведување обуки за писменост во областа на вештачка интелигенција
  • поддршка на одговорна и информирана употреба на вештачката интелигенција и во професионален и во приватен контекст
  • промовирање етичко и практично разбирање на вештачката интелигенција, засновано врз човековите права и усогласено со Законот за вештачка интелигенција и Европските регулаторни рамки за ВИ.

Обуката особено ќе се фокусира на две клучни димензии на вештачката интелигенција:

  • ВИ во професионалната средина – поддршка на продуктивноста, вработливоста и конкурентноста
  • ВИ во секојдневниот живот – вклучувајќи етички аспекти, ризици, придобивки и граѓански компетенции

Структура на обуката

Обуката за обучувачи претставува програма за учење од две фази, која комбинира градење капацитети, практична примена и размена на искуства помеѓу учесниците.

Преку овој повик ќе бидат избрани вкупно 30 учесници, односно по 10 учесници од секоја партнерска организација, кои ќе учествуваат на Обуката за обучувачи што ќе се одржи во две фази во Северна Македонија и Франција.

Обуката за обучувачи се состои од две меѓусебно поврзани фази:

ФАЗА 1 – ПОЧЕТЕН КУРС

Локација: Скопје, Северна Македонија

Датуми: 7-10 јули 2026 (Ве молиме имајте предвид дека датумите може да претрпат мали измени, со можни поместувања од 1-2 дена.)

Фокус: Зајакнување на капацитетите на учесниците за користење на развиениот курикулум и пакетот со алатки за писменост во областа на вештачка интелигенција во нивната сопствена работа.

Активностите вклучуваат:

  • практични вежби со користење на курикулумот и пакетот со алатки
  • практични методи за предавање писменост во областа на вештачката интелигенција на возрасни ученици
  • вовед во клучните концепти, терминологија и примени на вештачката интелигенција
  • истражување на етичките и човековите права поврзани со вештачката интелигенција
  • дизајнирање активности за учење во контекст на образованието за возрасни

ФАЗА 2 – КОНСОЛИДАЦИСКИ КУРС

Локација: Франција

Датуми: 8-10 декември или 16-18 декември 2026 (TBC)

Фокус: Рефлексија на практичната примена на курикулумот и пакетот со алатки, споделување искуства и зајакнување на вештините.

Активностите вклучуваат:

  • рефлексија на искуствата од спроведувањето и научените лекции
  • прилагодување на пристапите за обука за вештачка интелигенција на различни групи учесници и контексти
  • врсничко учење и размена на искуства меѓу учесниците
  • колаборативни вежби и заедничко создавање на подобрени пристапи
  • зајакнување на методите за потпомагање и евалуација

Очекувани резултати од учењето

До крајот на обуката за обучувачи, учесниците ќе бидат способни да:

  • Демонстрираат јасно разбирање на концептите на вештачката интелигенција, вклучително и етичките и регулаторните аспекти
  • Интегрираат писменост за вештачка интелигенција во посотјни или нови образовни програми
  • Дизајнираат и спроведуваат практични, релевантни и пристапни обуки за вештачка интелигенција за возрасни ученици
  • Олеснуваат процес на учење кој им овозможува на возрасните да го применуваат знаењето за вештачка интелигенција во реални животни ситуации
  • Ги оценуваат компетенциите на учесниците поврзани со писменоста за вештачка интелигенција

Кој може да аплицира?

Бараме учесници кои:

  • се едукатори за возрасни, обучувачи, инструктори, развивачи на курикулуми, фасилитатори или практичари во образованието
  • имаат искуство во спроведување обуки, работилници или образовни програми
  • работат директно со возрасни ученици
  • се мотивирани да воведат теми поврзани со вештачка интелигенција во својата работа
  • се во можност да го пренесат стекнатото знаење понатаму (на пр. преку обуки, курсеви или програми)
  • имаат добро познавање на англискиот јазик
  • имаат барем основно искуство или познавање на концепти поврзани со вештачка интелигенција и/или дигитална писменост

Посветеност на учесниците

Од избраните учесници се очекува:

  • да учествуваат во двете фази на обуката (јули и декември 2026 година)
  • активно да учествуваат во сите сесии
  • да го тестираат и применуваат курикулумот и пакетот со алатки во нивниот локален контекст помеѓу двете фази
  • да споделуваат искуства, повратни информации и резултати во текот на фазата на консолидација
  • да бидат удобни при користење на дигитални алатки за обука (онлајн платформи, презентации, колаборативни алатки)

Практични информации:

  • Јазик: обуката ќе се одвива на англиски јазик
  • Барање: учесниците треба да донесат сопствени лаптопи за практичните вежби
  • Трошоци: патувањето, сместувањето и оброците се покриени од проектот
  • Сместување: може да вклучува заеднички соби (учесниците ќе бидат навремено информирани)

Приоритет ќе имаат апликанти кои:

  • се поврзани со институции или организации кои можат да ја интегрираат писменоста во областа на вештачка интелигенција во тековни програми
  • работат со недоволно опслужени или ранливи групи на возрасни
  • имаат претходно искуство во иницијативи за дигитална и медиумска писменост

Процес на селекција

Учесниците ќе бидат избрани преку отворен повик врз основа на:

  • релевантност на професионалната позадина и искуството во образованието за возрасни
  • искуство со вештачка интелигенција и дигитални технологии
  • мотивација и потенцијал за примена на стекнатото знаење
  • капацитет за пренесување и мултиплицирање на знаењето

Апликациите ќе бидат оценувани врз основа на однапред дефинирани критериуми, вклучувајќи професионална релевантност, искуство и капацитет за примена и мултиплицирање на резултатите.

  • Професионално искуство во образование за возрасни – 30%
  • Искуство со вештачка интелигенција и дигитални технологии – 20%
  • Мотивација и релевантност – 30%
  • Капацитет за примена и мултиплицирање – 20%

Како да аплицирате?

Ве молиме пополнете го ФОРМУЛАРОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ОНЛАЈН најдоцна до 3 јуни 2026 година.

Избраните учесници ќе бидат известени до почетокот на јуни 2026 година.

 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Метаморфозис

Продолжи со читање

  • Јавен повик за поднесување концепти за стручни статии за седмото издание на „Правен фокус”

    Македонско здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот “Јакнење на идните правни лидери за владеењето на правото во дигиталната ера” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје објавува  ЈАВЕН ПОВИК  за поднесување концепти со опис и идеја за стручни статии за седмото издание од списанието “Правен фокус”  Проектот “Јакнење на идните правни лидери за владеењето на правото во дигиталната ера”е акција поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Истиот ќе се спроведува […]
    The post Јавен повик за поднесување концепти за стручни статии за седмото издание на „Правен фокус” appeared first on Myla.

  • Повик за прибирање на понуди за конференциски услуги за организирање на настан

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при…

  • Јавен повик за прибирање понуди за изработка на дигитална контролна табла за визуелизација на отворени податоци од Собранието

    Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје објавува јавен повик за прибирање понуди за ангажирање правно или физичко лице за изработка на дигитална контролна табла / dashboard за визуелизација, пребарување и полесно користење на отворени податоци од Собранието на Република Северна Македонија.  Активноста се реализира во рамки на проектот „Парламентарни отворени податоци во пракса: Градење […]
    The post Јавен повик за прибирање понуди за изработка на дигитална контролна табла за визуелизација на отворени податоци од Собранието appeared first on IDSCS.

  • Повик за ангажирање на финансиски/институционален експерт

     
    Повик за ангажирање на финансиски/институционален експерт
     
    Здружението за еколошко одржлив развој Зелен институт од Скопје во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми , во рамки на проектот ,,Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните”, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, објавува заденички :
     
    Jавен повик за ангажирање на финансиски/институционален експерт
    Експертот ќе работи заедно со тим од технички експерти во две фази:

    Фаза A2.1 – Базично истражување (15 дена)
    Фаза A2.3 – Пред-физибилити студии (20 дена)

     
    Во прилог ТоР
     
     
     

  • Повик за ангажирање на консултант/ка за подготовка на предлог хармонизација на Закон за спорт со начелата на еднаквост, недискриминација и заштита од родово базирано насилство

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) објавува повик за ангажирање на консултант/ка за подготовка на предлог хармонизација на Закон за спорт со начелата на еднаквост, недискриминација и заштита од родово базирано насилство.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор