Image 85 1 768x576

Во Гостивар одржан јавен настан за ко-креирање на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028

Денес, втор ден по ред, во Гостивар се одржа јавен настан во рамки на процесот на ко-креирање на новиот седми Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026 – 2028 година. Настанот го организираше Министерството за јавна администрација во соработка со Фондација Метаморфозис и Центар за граѓански комуникации, со цел да се поттикне активно учество на засегнатите страни во дефинирањето на приоритетите на новиот акциски план. 

Настанот се одржа во Граѓанскиот ресурсен центар во Гостивар, при што учество зедоа претставници на локални граѓански организации, медиуми и други релевантни чинители. 

Учесниците беа информирани за значењето и придобивките од процесот на Партнерството за отворена власт, како и за пристапот, клучните чекори и временската рамка за подготовка на седмиот Национален акциски план. 

Во рамки на настанот беше овозможена интерактивна дискусија, при што учесниците заеднички ги утврдија приоритетите и предложија потенцијални заложби за периодот 2026 – 2028. 

Настанот претставува важен чекор кон поинклузивен и транспарентен процес на креирање јавни политики, во кој се очекува гласот на сите засегнати страни да биде земен предвид при дизајнирањето на идните реформи во рамки на Партнерството за отворена власт. 

Средбата се реализираше во рамки на проектот „Заедно за Партнерство за отворена власт: Поддршка на процесот на имплементација и дизајнирање на иднината“, финансиран од Секретаријатот за Партнерство за отворена власт. 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Метаморфозис

Продолжи со читање

  • Првомајски одредски тим билдинг

    Во периодот од 1-3.05.2026 год. нашите членови во извидничкиот центар “Голозинци“ во истоименото село организираа одредски тим билдинг кој го водше началникот на одред Иван Гушев. На овој одредски тим билдинг се работеше на следните подрачја: подготовки за наредните акции, Вардарска регата “Гемиџии“ и други пловидби, изборната настава по Извидништво…

  • Претставување на XXVI Вардарската регата “Гемиџии 2026“ на ТВ Сител

    На 1.5.2026 год. (петок), во утринската програма на ТВ Сител во Скопје “Ја сакам Македонија“  претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев и Владимир Ивановски – Вуцо како главни организатори на Вардарската регата, земаа учество во споменатата емисијата со водителот Александар Блажевски. За потребите на оваа…

  • Доделени годишните награди на СЕММ за новинарски стории

    Советот за етика во медиумите на Македонија денеска ги додели годишните награди за најдобра новинарска сторија на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“.
    Првата награда ја доби новинарот Михајло Милошески, од „360 степен… Повеќе… “Доделени годишните награди на СЕММ за новинарски стории”
    Source

  • Работилница за дигитални платформи: Потребен е нов Закон за медиуми и регулација на социјалните платформи

    Сеопфатен нов Закон за медиуми, регулирање на платформата на социјалните медиуи, заштита на малите локални медиуми, а надлежните институции треба да гарантираат дека сите фази од подготовката на ново законодавство за онлајн-медиумите се транспарентни, инклузивни и спроведени преку соработка со сите релевантни засегнати страни. Ова се само дел од препораките истакнати на денешната работилница за […]

  • Членовите на Советот на МЦМС ја истакнаа клучната улога на МЦМС во граѓанскиот сектор

    Советот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 28 април 2026 година одржа редовна седница, на која беше разгледан и усвоен Годишниот извештај на организацијата за 2025 година, наративен и финансиски, заедно со Извештајот од независниот ревизор.

  • МЛАДИНСКА ШКОЛА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ЛОКАЛЕН АКТИВИЗАМ

    Млади гласови, конкретни чекори: 21–24 април 2026, СкопјеУчесници од: Скопје · Штип · Битола · Струга · Крива Паланка · Центар Жупа Школата за родова еднаквост и локален активизам обедини седум млади луѓе од шест различни општини, со различни искуства и позадини, но со заедничка […]
    The post МЛАДИНСКА ШКОЛА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ЛОКАЛЕН АКТИВИЗАМ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор