[Aggregator] Downloaded image for imported item #47347

Повик за ангажирање на консултант/ка за подготовка на предлог хармонизација на Закон за спорт со начелата на еднаквост, недискриминација и заштита од родово базирано насилство

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) објавува повик за ангажирање на консултант/ка за подготовка на предлог хармонизација на Закон за спорт со начелата на еднаквост, недискриминација и заштита од родово базирано насилство.

povik za konsultant ka1

Во текот на 2025 и 2026 година се подготвија и презентираа наодите од два извештаи поврзани со родовата еднаквост и инклузивноста во спортот и родово базираното насилство врз жените во спортот во Северна Макеоднија. И давата извештаи детектираат низа на структурни пречки за поголемо вклучување на жените во спортот но и подобра поставеност на механизмите за заштита од родово базирано насилство во спортот. Од аспект на примената на принципите на еднаквост и недискриминација во двата извештаи е констатиран значаен јаз во Законот за спорт. Имено, Законот за спорт не е хармонизиран ниту со меѓународната, ниту со националната регулатива за спречување и заштита од дискриминација, тој не е родово сензитивен, ниту сензитивен за попреченост, со што целосно се занемарени специфичните потреби на жените и девојчињата спортистки и спортистките со попреченост како за нивно занимавање со спорт, така и за понатамошно напредување. Дополнително, сведоци сме на практики на директна дискриминација каде женските резултати во спортот се вреднувани дупло помалку од резултатите на машките.

Доколку сте заинтересирани, погледнете го подетално Описот на надлежности.

Рокот за пријавување е до 10 мај, 2026 година, на емаил: asv@mcms.mk

Подготовката на овој документ на политики се реализира во рамки на проектот „Фер игра: поддршка за родова еднаквост во спортските политики“ кој го спроведува ОКСМ во партнерство со МЦМС, Спорт Социал Солушн и Параолимписки комитет, а финансиски е поддржан од Европската унија.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) објавува јавен повик за избор на двајца/две експерт(к)и за изработка на Извештај за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на правата од областа на животната средина во рамки на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната […]
    The post Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина appeared first on Myla.

  • Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ

    Врз основа на член 19 и 27 од Статутот на Младинскиот образовен форум, како и врз основа на одлука на Претседателот на Младински образовен форум донесена на 01.10.2026 година, на 01.10.2026 се распишува ПОВИК за нови членови на Управниот одбор Повикот се распишува за избор на нов состав на Управниот одбор на Младински образовен форум […]
    The post Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ appeared first on МОФ.

  • Повик за учество во иницијативата за проценка на деловен интегритет: Станете дел од Белата книга за деловен интегритет!

    Дали вашата компанија негува високи етички стандарди, транспарентност и политики за заштита од корупција?
    Ги покануваме сите одговорни и визионерски компании во Република Северна Македонија да се пријават и да бидат дел од процесот на мапирање и проценка на деловниот интегритет.

  • Youth Climate Diplomacy Forum – Skopje Local Point: Повик за млади за климатска акција и дипломатија

    Младите се важен дел од разговорот за климатските промени и иднината на животната средина. Тие не се само идни носители на промени, туку и активни учесници во процесите што се одвиваат денес. Токму затоа, Eco Logic – Скопје, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го организира презентацискиот и промотивниот настан за YCDF Skopje […]

  • Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели

    RISE Balkans Зајакнување на гласот на младите: одговорност, интегритет, солидарност и граѓанско ангажирање на Балканот Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели Регионалниот проект RISE Balkans бара мотивирани и ангажирани млади луѓе кои ќе се приклучат на возбудлива програма за лидерство меѓу врсници – Млади граѓански двигатели. Избраните учесници ќе бидат обучени како фасилитатори на Клиниките за добро владеење – интерактивни, тематски работилници кои се дизајнирани да го доближат владеењето до граѓаните и…

  • [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција

    Мобилизација заснована на податоци и консултации со граѓаните Пријави се за дводневната онлајн програма на 28 и 29 септември, од 15:00 до 19:00 часот, и запознај се со практични алатки за застапување, вклучување на граѓаните и поттикнување општествени промени. Како да го препознаеме проблемот што сакаме да го решиме? Како да ги разбереме искуствата на […]
    The post [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција appeared first on МОФ.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор