Rabotilnica za strasheko planiranje1

Повик за учество на работилница за стратешко планирање за граѓански организации

Граѓанскиот ресурсен центар ги поканува граѓанските организации да учествуваат на дводневна, практична и интерактивна работилница за стратешко планирање, која ќе се одржи на 5 и 6 мај 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје.

Стратешкото планирање е важна основа за развојот на секоја организација. Тоа не само што помага во јасно поставување на визијата, приоритетите и насоките на дејствување, туку претставува и клучна појдовна точка за креирање издржани проектни идеи и подготовка на квалитетни проектни предлози. Кога организацијата има јасна стратешка рамка, полесно ги препознава потребите, ги дефинира целите и планира активности што водат кон реални и одржливи резултати.

На оваа работилница, учесниците ќе имаат можност да го унапредат своето знаење за клучните елементи на процесот на стратешко планирање, да работат на анализа на внатрешната состојба на организацијата и надворешното опкружување, како и да се запознаат со практични алатки што можат веднаш да ги применат во својата работа.

Преку практични вежби, дискусии и размена на искуства, учесниците ќе работат на:

  • анализа на внатрешни капацитети и надворешно опкружување;
  • формулирање визија, мисија и стратешки цели;
  • утврдување организациски приоритети;
  • подготовка и користење формати за изработка на стратешки план;
  • поврзување на стратешките приоритети со развој на проектни идеи и подготовка на проекти.

Кому е наменета работилницата?

Работилницата е наменета за претставници на граѓански организации кои се вклучени во стратешко планирање, мониторинг, евалуација и учење, управување со програми и/или организациски развој.

Предуслов за учество

За учество на работилницата, потребно е кандидатите претходно да ја проследат онлајн обуката Стратешко планирање за граѓанските организации, достапна на онлајн Академијата на Граѓанскиот ресурсен центар.

За подобро планирање на времето, имајте предвид дека за следење на онлајн обуката се потребни најмалку 6 дена од денот на регистрацијата, бидејќи обуката се состои од 3 модули во видео формат, кои се добиваат на секои два дена. Секој модул е со времетраење од околу 20 минути.

Бројот на учесници е ограничен.

Проектот ги покрива патните трошоци, во висина на автобуски билет, и сместување за учесниците што не се од Скопје.

Пријавете се најдоцна до 27 април 2026 година со пополнување на пријавата на веб-страната на ГРЦ.

Продолжи со читање

  • Јавен повик за изработка на документ за јавни политики

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), во рамки на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан“, финансиски поддржан од Европската Унија, објавува јавен повик за ангажирање на еден експерт за изработка на документ за јавни политики на тема „Правни и институционални предизвици во областа на шумите и нелегалната сеча“. […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА 1 (ЕДЕН) УМЕТНИК ЗА ИЗРАБОТКА НА 3 (ТРИ) ЈАВНИ УМЕТНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ ОД РЕУПОТРЕБЕНИ МАТЕРИЈАЛИ

    Центарот за климатски промени за потребите од спроведување на проектот ,, Младите и жените- двигатели на транзицијата кон одржливо управување со отпадот во руралните средини (WeLEADRural)“, финансиран од Француска агенција за развој (AFD) објавува: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА  1 (ЕДЕН) УМЕТНИК ЗА ИЗРАБОТКА НА 3 (ТРИ) ЈАВНИ УМЕТНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ

  • Повик за ангажирање на правник за правно советување

    Хуманитарно здружение „Мајка“ – Куманово објавува повик за ангажирање на дипломиран правник за обезбедување услуги на правно советување за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство во рамки на Советувалиштето. Повикот е отворен за кандидати кои ги исполнуваат предвидените услови, а пријавите се доставуваат електронски со потребната документација согласно објавениот повик најдоцна […]

  • Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за ПР и стратешки комуникации

    Младинската асоцијација „ИМКА Битола“, во соработка со здружение „Конект“ за потребите од спроведување на проектот „Промени за одржливост” поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика Мобилитас објавуваат ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на експерт за ПР

  • Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за млади и ЕУ политики (Youth/EU Policy Expert)

    Младински Совет Прилеп (МСП) објавува јавен повик за ангажирање на експерт/ка за млади и ЕУ политики, во рамки на проектот „Младите ЗА ЕУ“ („Youth for EU – Strengthening Youth Participation and Communication on the EU Integration Path“.) Опис на ангажманот Ангажираниот експерт ќе обезбеди стручна и методолошка поддршка за развој…

  • Повик за ангажирање графички дизајнер

    Младински образовен форум (МОФ) објавува повик за ангажирање графички дизајнер/ка за креирање креативен концепт и визуелен идентитет за претставување на клубовите на МОФ. Ангажманот опфаќа изработка на: Генерален дизајн Посебни дизајни за клубовите: Дебата; Учиме право; Артивизам; Новинарство. Вкупниот надомест за ангажманот изнесува 60.000 денари бруто. Заинтересираните кандидати/ки треба да достават кратка биографија, портфолио со […]
    The post Повик за ангажирање графички дизајнер appeared first on МОФ.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор