20260402 112446 1024x768

Одржана конференција за отпочнување на процесот на ко-креација на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026 – 2028

Денеска, во организација на Министерството за јавна администрација, во соработка со Фондацијата „Метаморфозис“ и Центарот за граѓански комуникации се одржа Конференција за отпочнување на процесот на ко-креација на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026 – 2028. На конференцијата присуствуваа програмската директорка на Фондација Метаморфозис, Данче Даниловска-Бајдевска, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, националната координаторка за ПОВ, Гордана Гапиќ-Димитровска и претставници на повеќе институции и граѓански организации.
„Партнерството за отворена власт не е само процес, тоа е модел на работа кој покажува дека кога институциите и граѓанското општество работат заедно, резултатите се подобри, поконкретни и покорисни за граѓаните. Можам да кажам дека овој процес низ годините се покажа како еден од ретките механизми во кои постои вистинско, рамноправно партнерство каде граѓанското општество и институциите седат на иста маса, со еднаков број претставници, со еднаков глас и со заедничка одговорност за постигнување на резултатите“, рече Даниловска-Бајдевска.


Посочи дека партнерскиот пристап резултира со реални резултати, меѓу кои и зголемената проактивна транспарентност на институциите, што придонесе за зголемување на објавувањето на податоци и информации од јавен интерес, воспоставување стандарди за отворени податоци, подобрување на пристапот до информации од јавен карактер и развој на дигитални услуги.
Според министерот за јавна администрација, Горан Минчев, Партнерството за отворена власт е важен инструмент за унапредување на транспарентноста, отчетноста и учеството на јавноста во креирањето политики, а она што го прави особено значаен е фактот дека не е иницијатива на една институција, туку заедничка заложба која ги обединува извршната власт, парламентот, судството и граѓанското општество.
За Минчев, успешноста на процесот зависи од институциите и нивната посветеност за спроведување на преземените заложби, но позитивниот притисок од граѓанските организации претставува додадена вредност, која придонесува за поголема амбиција, транспарентност и отчетност во спроведувањето на реформите.

Гордана Гапиќ-Димитровска, националната координаторка за ПОВ истакна дека ко-креацијата на новиот Национален акциски план дава можност да се креираат нови заложби и приоритети.

„Партнерството за отворена власт е повеќе од иницијатива, тоа е платформа каде институциите и граѓанското општество заеднички ги дефинираат реформите, а додадена вредност е што заеднички работат на нивна имплементација. Работевме на унапредување на веќе воспоставените реформи, имаме институции кои од почетокот работат на промена на културата на работење и на ставање на поголем број информации достапни на јавноста. Работевме на отворените податоци, зголемување на процесот на консултации, пристапот до правда, транспарентноста на локално ниво и имаме примери дека процесот прави промени во нашето општество“, рече Гапиќ-Димитровска.

Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации ги потенцираше институциите кои секогаш се однесувале партнерски во процесот и ги посочи конкретните резултати од таа соработка.

„Значењето на Партнерството за отворена власт се гледа преку владиниот сајт дата.гов.мк кој е заложба од еден акциски план. Само што беше отворен сајтот енер.гов.мк имаше заложба да се оптимизира и да се направи алатка за консултација за донесување на прописите, што денеска постои. Советот за соработка на Владата со граѓанскиорт сектор е исто така една од зложбите, Стратегијата на владата се изработува со учество на граѓанскиот сектор, а податоци за сите граѓански организации се јавно достапни во Централниот регистар. Иницијатива од Акциски планови се и законот за укажувачи, системот за интегритет на институциите, регистарот на избрани и именувани функционери, електронското доставување на изјави за имотна состојба и други“, посочи Филков.

Нагласи дека благодарение на овој процес, денеска за сите фирми постојат јавно достапни информации на Централниот регистар, јавно се објавени сите здравствени програми и нивното спроведување, а како едни од најважните промени кои се резултат на партнерството ги посочи Отворениот трезор и јавното објавување на имињата на вистинските сопственици кои склучуваат договори преку Бирото за јавни набавки.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Метаморфозис

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор