Javen povik za prijavuvanje ucestvo vo procesot na ko kreiranje na nacionalen akciski plan za partnerstvo za otvorena vlast 2026 2028 godina image gze1 800x450

Јавен повик за пријавување учество во процесот на ко-креирање на Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година

Врз основа на член 3 став (2) алинеја (5) и (6) од Решението за формирање на Совет за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 година бр. 16-1662/1 од 02.05.2024 година и Решението за измена на решението за формирање на Совет за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 година 13-3697/2 од 29.09.2025 и 13-3697/3 од 3.12.2025 година, Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 година, согласно одлука на седницата одржана на 26.02.2026 година објавува

Јавен повик

за пријавување учество во процесот на ко-креирање на Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година

Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 година, на седницата одржана на 26.02.2026 година утврди Постапка за спроведување консултации со засегнати страни за креирање на нови приоритети и заложби во рамките на процесот „Партнерство за отворена власт” со цел да се обезбеди навремен, непречен, инклузивен и транспарентен процес на ко-креирање на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година.

Јавниот повик треба да овозможи консултации со јавноста и пријавување на засегнати страни за учество во процесот на консултација и креирање на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година и вклучување во работни средби за една или повеќе приоритетни области (антикорупција, граѓански простор, клима и животна средина, дигитално управување, фискална отвореност, инклузија, пристап до правда, јавно учество, право на информации, отворено судство и отворен парламент), во периодот на ко-креирање на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година.

Во процесот на консултации и ко-креирање на новиот акциски план, пријавените учесници ќе можат да дадат свој придонес во идентификување и приоретизирање на клучните проблеми во горенаведените приоритетни области и предлагање на решенија за нивно надминување.

Учесниците својот придонес можат да го дадат преку учество во работни групи за консултација, по претходно утврден начин и динамика на работа. Временската рамка и активностите се достапни на следниот линк: ВРЕМЕНСКА РАМКА НА АКТИВНОСТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА НАП ЗА ПАРТНЕРСТВО ЗА ОТВОРЕНА ВЛАСТ 2026-2028

Учесниците потребно е да осигураат дека ставовите и потребите на локално ниво ќе бидат соодветно презентирани и застапени.

Пријавувањето за учество во процесот на консултација и ко-креирање на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година се врши по електронски пат, преку следниот линк .

Рокот за поднесување на пријавите е 20.03.2026 година.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Метаморфозис

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор