PSP Final Trilingual Logo 1 1024x483

ПОВИК ЗА ШВАЈЦАРСКА СТИПЕНДИСКА ПРОГРАМА ЗА ВРАБОТЕНИ ВО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА

Отворен е повик за аплицирање за Швајцарската стипендиска програма за професионално усовршување, наменета за вработените во Државниот завод за ревизија кои имаат интерес за професионално усовршување и развој, односно интерес за посета на обука или курс.

На овој повик, со можност за аплицирање се стекнуваат вработените и позајмените вработени кои имаат интерес за запишување на курс што опфаќа информатички алатки и алатки базирани на вештачка интелигенција, кои директно ќе придонесат кон подобра и поефикасна работа на институцијата. Програмата за доделување стипендии за професионално усовршување се реализира во рамките на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП) и е администрирана од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС).

За отворениот повик во март 2026 година, сите вработени од ДЗР имаат можност да аплицираат за курс спроведен од едукативниот ценар “Семос“ кој опфаќа совладување на алатката Microsoft 365 Copilot. Овој курс ги насочува корисниците да ги научат вообичаените текови на кориснички инструкции во апликациите на Microsoft 365, вклучително PowerPoint, Word, Excel, Teams и Outlook. Исто така ја опфаќа  алатката Microsoft 365 Copilot Chat и ја објаснува разликата помеѓу податоци засновани на работна околина и податоци засновани на веб. Курсот е планиран да се реализира во онлајн формат. За формирање на група составена исклучиво од вработени во ДЗР, потребни се минимум 15 учесници. Во спротивно, учесниците ќе бидат пренасочени кон редовните групи кои веќе се организирани. Обуката опфаќа 8 модули и е предвидено да се спроведе во период од 4 недели, при што динамиката на одржување на предавањата ќе се утврди по формирањето на групата. Сите дополнителни информации за курсот се достапни во Анекс 2, во кој е приложена официјалната понуда доставена од едукативниот центар “Семос“.

Кандидатите имаат можност да се пријават за учество во обуките што ќе бидат понудени во рамките на програмата. Доколку кандидатот аплицира за курс или обука што не е опфатена со понудите од конкретниот отворен повик, Комисијата за селекција ќе ја разгледа пријавата и ќе утврди дали е соодветна и дали може да се покрие во рамки на расположливиот буџет. Во случај на конкуренција меѓу пријава за курс понуден од програмата и пријава за лично одбран курс или обука, приоритет ќе имаат пријавите за курсевите понудени од програмата.

Ги повикуваме заинтересираните вработени во Државниот завод за ревизија кои ги исполнуваат условите, да аплицираат на повикот.

Апликацијата се состои од:

  • Професионално резиме на македонски јазик;
  • Потврда за редовен работен однос;
  • Апликација за професионален развој (Анекс 1);

Деталите за стипендијата, начинот на спроведување и постапката за аплицирање можете да ги најдете во програмата прикачена во прилог.

Апликацијата потребно е да ја испратите на следните адреси: contact@idscs.org.mk  и joana@idscs.org.mk со назнака Апликација за Швајцарска стипендиска програма, не подоцна од 29 март (недела) 23:59ч.

Нецелосните и апликациите доставени по крајниот рок нема да бидат земени предвид.

Доколку сакате да аплицирате за стипендија за обука или курс, превземете ги следните документи:

Апликација за професионален развој

Курс за изучување на ВИ алатка Microsoft 365 Copilot Chat спроведен од „Семос“

Повик

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за демократја ИДСЦС

Продолжи со читање

  • Јавен конкурс за извршни директори на МЦМС

    Извршните директори на МЦМС го сочинуваат Одборот на директори кој е орган на секојдневно управување  со работниот процес на МЦМС. Овој конкурс е отворен за избор на 2 извршни директори. МЦМС цели едната позиција да се пополни од редот на внатрешни кандидати (вработените), а другата од надворешни кандидати.  Кандидатите треба да имаат: Конкурсотеотворендо20јули 2026година. Пријавување на конкурсот се врши со електронска порака (е-меил),…

  • Обука за новата FATF препорака 8, 30.06.2026

    Почитувани, Меѓународно е проценето дека мерките за заштита од тероризам и перење пари се злоупотребуваат за намалување на граѓанскиот простор и против работата на НПО. Препораката 8 од FATF бара земјите да спроведат мерки засновани

  • Продолжување на рокот за Повик за учество на обука за обучувачи (ToT) за писменост за вештачка интелигенција во образованието на возрасни

    Рокот за пријавување на Повикот за учество на обука за обучувачи (ToT) за писменост за вештачка интелигенција во образованието на возрасни е продолжен до 7 јуни 2026 година, до крајот на денот. Повикот и сите детали се достапни на следниот линк.

  • ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ / Младински кампови за обука

    📢 ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ Проект: RISE Balkans – Зајакнување на гласот на младите: Одговорност, интегритет, солидарност и граѓанско ангажирање на Балканот (проект бр. 101253022) во рамките на програмата CERV на Европската Унија. Период за аплицирање: 1 јуни 2026 – 20 јуни 2026 Организациски партнер: Центар за граѓански комуникации 🎯 КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ? Бараме мотивирани млади луѓе кои сакаат: Да се вклучат во граѓански активности и демократски процеси; Да развијат вештини во креирањето…

  • Повик за ангажман на правно лице за логистичка организација и спроведување на четири јавни трибини во Куманово, Свети Николе, Тетово и Прилеп

    „Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата“ Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или…

  • Повик за ангажман на правно или физичко лице за снимање, фотографирање, монтажа и промоција на јавни настани

    „Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата“ Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор