РЕСИС – Скопје
Вкупен буџет: 3.000.000 МКД
Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци)
Специфична тема: ОВОЗМОЖУВАЧКА ОКОЛИНА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО
Партнери:
Совет за етика во медиумите во Македонија – СЕММ
Конституенти:
Граѓански организации и неформални групи кои работат на теми поврзани со општествен развој и јавни политики, активни граѓани, млади и професионалци од различни сектори, локални заедници, како и институции и други релевантни чинители вклучени во процеси на дијалог, застапување и креирање јавни политики.
За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Медиумите на заедницата ги гледаме како клучни јазолни точки во кои на локално ниво е можен одржлив развој на овозможувачка средина за граѓанското општество – локалните новинари, граѓански активисти и организации низ соработката во рамки на медиумите на заедницата имаат рамка за соработка која има општествено значење.
ОПИС НА АКЦИЈАТА
Акцијата е насочена кон развој и зајакнување на Медиумите на заедницата како простор за локално информирање, граѓанско учество и активизам. Преку консолидирање на постоечките редакции и создавање нови колаборативни мрежи на локални новинари и граѓански активисти, проектот придонесува кон поголема видливост на локалните теми и проблеми, како и кон вклучување на младите во процесите на информирање и општествено дејствување. Акцијата комбинира активности за јакнење на капацитети, вмрежување и регрутација на нови учесници, со цел долгорочен развој на локални, независни и одржливи медиуми на заедницата.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Да се конструираат и да се консолидираат локалните јавни сфери преку структурација на Медиумите на заедницата, во кои активистите од граѓанскиот сектор, граѓаните од локалните средини и локалните новинари ќе работат во синергија, функционирајќи како катализатор на демократски водените општествени промени.
Специфична цел:
- Да се консолидираат постоечките онлајн Медиуми на заедницата во Вардарскиот, Источниот и Пелагонискиот регион преку зајакнување на капацитетите на нивните редакции во кои работат локални граѓански активисти и локални новинари.
- Да се креираат и да се активираат колаборативни мрежи на локални новинари и локални граѓански активисти во Југоисточниот, Полошкиот, Југозападниот и Североисточниот регион, кои ќе бидат основа за креирање на идните редакции на Медиумите на заедницата во овие региони.
- Да се регрутираат млади активисти во седум плански региони за да се вклучат во редакциите на Медиумите на заедницата во рамките на Локал Актив Иницијативата.
РЕЗУЛТАТИ
- Консолидирани постоечки Медиуми на заедницата во три региони во земјата – Локал Актив Исток, Локал Актив Вардар и Локал Актив Пелагонија, преку зајакнување на нивните технички и организациски капацитети, подобрување на опсегот на покривање на проблемите на локалните заедници, појасно идентификување на локалните општествени барања и унапредување на квалитетот на нивната продукција.
- Зголемена видливост и зајакнат визуелен идентитет на Медиумите на заедницата во рамките на Локал Актив иницијативата, преку засилено присуство на социјалните мрежи и спроведување онлајн мини кампањи за промоција на локалните општествени барања.
- Поставени основи за долгорочна одржливост на Локал Актив иницијативата преку идентификување алтернативни извори на финансирање, вклучително локални донатори, јавни повици и crowdfunding, како и понатамошно развивање на моделот за финансирање на Медиумите на заедницата.
- Создадени и активирани колаборативни мрежи во четири плански региони во земјата во кои не се оперативни Медиуми на заедницата, преку воспоставување структурирана комуникација со локални новинари и граѓански активисти и развиена методологија за соработка која ќе биде основа за идните редакции на Медиумите на заедницата.
- Регрутирани и обучени млади активисти во четири плански региони, со вклучување на помеѓу 10 и 20 млади лица во редакциите на Медиумите на заедницата и спроведени обуки за функционирањето на медиумското саморегулаторно тело СЕММ, медиумски етички стандарди, граѓански ангажман и аналитичко новинарство.
АКТИВНОСТИ
- Организација и спроведување на три еднодневни лице-в-лице работни состаноци на редакциите на постоечките медиуми на заедницата: Локал Актив Исток, Локал Актив Вардар и Локал Актив Пелагонија.
- Анализа на досегашната продукција, функционирањето на застапувачките активности, идентификување предизвици и договарање насоки за осамостојување на медиумите на заедницата.
- Изработка на документ за политики и план за развој и застапувачки фокус на медиумите на заедницата Локал Актив.
- Подготовка и објавување на шест истражувачки стории (по две во секој од медиумите Локал Актив Исток, Локал Актив Вардар и Локал Актив Пелагонија) на теми поврзани со корупција на локално ниво и екологија.
- Вклучување млади активисти како асистенти во истражувачкиот процес и уредување и објавување на истражувачките текстови на платформите на медиумите на заедницата.
- Дизајнирање и спроведување на шест мини онлајн кампањи за промоција на резултатите од истражувањата и локалните општествени барања.
- Подготовка и објавување инфо-графици и застапувачки пораки на социјалните мрежи на медиумите на заедницата.
- Мапирање и мобилизација на локални новинари, граѓански активисти и организации во Полошкиот, Југозападниот, Југоисточниот и Североисточниот регион.
- Организирање информативни средби и теренски посети за воспоставување колаборативни мрежи и анализа на потенцијалите за развој на медиуми на заедницата.
- Спроведување обуки за етички стандарди, саморегулација и ЕУ правна рамка поврзана со онлајн медиумите во четири плански региони.
- Спроведување обуки за функционирањето на медиумите на заедницата, уреднички процеси, колаборативна продукција и застапување.
- Регрутирање млади активисти (18–30 години) во седум плански региони преку универзитети, граѓански организации и младински совети.
- Организирање воведни средби меѓу младите активисти, локалните новинари и уредници за запознавање и дефинирање улоги.
- Спроведување обуки за млади за медиумска етика, саморегулација, граѓански ангажман и аналитичко новинарство во четири региони.


![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](2)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga2.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА]](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](1)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga1-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](3)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga3-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](4)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga4-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](5)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga5-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](6)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga6-768x384.jpg)