Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](5)

Младински сојуз – Крушево

Вкупен буџет: 2.999.227 денари

Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци)

Специфична тема: Унапредување на дигиталната трансформација

Партнери:

  • Здружение ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРКУЛТУРЕН ДИЈАЛОГ Куманово (ЦИД)
  • Институт за развој на заедницата – Тетово (ИРЗ Тетово)

Конституенти: 

Млади лица од Крушево и целните општини; граѓани од локалните заедници; граѓански организации; локални власти и општински совети; јавни институции; образовни установи; медиуми.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Проектот „Мојот глас во мојот град“ ја унапредува дигиталната трансформација на младинскиот ангажман преку генеративна вештачка интелигенција како алатка за транспарентност, инклузија и подобрување на јавните услуги, овозможувајќи интерактивна демократија во која младите од Куманово, Тетово и Крушево ги моделираат и симулираат локалните политики во реално време.

ОПИС НА АКЦИЈАТА

Акцијата опфаќа спроведување истражување за младинското учество на локално ниво, организирање јавни форуми и дебати со граѓани и претставници на локалните власти, како и активности за јакнење на капацитетите на младите за активно граѓанско учество. Проектот предвидува и изработка на препораки за унапредување на локалните политики и нивна презентација пред релевантните институции.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Да се поттикне одговорно и инклузивно локално управување преку развој и примена на AI алатка што ќе им овозможи на младите активно да учествуваат во носењето на одлуки во Крушево, Куманово и Тетово.

Специфична цел:

  • Да се воспостави функционална и дигитална база на податоци за младите во трите целни општини, преку систематско истражување, собирање и дигитализирање на релевантни документи, политики и планови, како податочна и аналитичка основа за развој на AI алатката.
  • Да се развие и тестира AI алатка во соработка со 90 млади од Крушево, Куманово и Тетово, преку која тие ќе можат интерактивно да ги изразат своите идеи, приоритети и предлози, а локалните власти ќе добијат систематизирани податоци за интеграција на младинските потреби во локални политики и акции.
  • Да се поттикне институционален дијалог и јавна отчетност преку верификација и институционализација на младинските предлози со што ќе се зајакне соработката меѓу младите, граѓанските организации и општините во насока на одговорно и инклузивно локално управување.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Воспоставена, функционална и достапна, AI алатка во Крушево, Тетово и Куманово што овозможува младите активно да учествуваат во локалното одлучување преку изразување идеи, потреби и предлози засновани на реални податоци и отворени извори.
  2. Младите и општините воспоставиле континуирана и структурирана комуникација преку AI алатката, што овозможува редовна размена на информации, младински иницијативи и локални решенија.
  3. Усвоени и потврдени конкретни општински планови за интеграција на младинските предлози во локалните политики и програми.

АКТИВНОСТИ

  1. Подготовка и агрегирање на податоци за креирање на функционална дигитална база на податоци со систематизирани документи, стратегии и извештаи од трите општини
  2. Изградба на структурирана база на податоци што ќе ја користи AI алатката
  3. Развој на дигитален интерфејс на AI алатката
  4. Tехнички развој на AI алатката вклучувајќи и AI модул за отчетност на општините
  5. Организација на идеатон за младите од Крушево, Тетово и Куманово и практично тестирање на AI алатката
  6. Развивање на стандардизиран формат за „AI локален отчет“
  7. Организација на 3 дијалог сесии за развој на институционален дијалог и заедничка верификација
  8. Кампања „МОЈОТ ГЛАС ВО МОЈОТ ГРАД“
  9. Финален настан „ДА, ТОА Е МОЈОТ ГЛАС ВО МОЈОТ ГРАД“ (Р4)

ВЕБ СТРАНИЦА

https://www.youthalliance.org.mk

Продолжи со читање

  • Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

    Вкупен буџет: 3.240.057 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.10.2026 (10 месеци) Специфична тема: Борба против корупција и истражувачко новинарство Партнери: Македонски институт за медиуми (МИМ) Конституенти:  Новинари и уредници од локални, приватни и национални медиуми Новинари и уредници од Македонската радио телевизија (МРТ) Медиумски професионалци и медиумски организации Граѓани како корисници…

  • Зелен институт – Скопје

    Вкупен буџет: 2.999.983 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Здружение на сопственици на приватни шуми – Берово Конституенти:  Граѓани; земјоделци; сопственици на приватни шуми; локални заедници; граѓански организации; локални власти и јавни институции; образовни институции; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Избраниот проект од…

  • РЕСИС – Скопје

    Вкупен буџет: 3.000.000 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: ОВОЗМОЖУВАЧКА ОКОЛИНА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО Партнери: Совет за етика во медиумите во Македонија – СЕММ Конституенти:  Граѓански организации и неформални групи кои работат на теми поврзани со општествен развој и јавни политики, активни граѓани, млади и…

  • Отворете ги прозорците

    Вкупен буџет: 2.998.600 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Дигитална инклузија и добро владеење Партнери: Здружение за унапредување на младинскиот активизам ЗЕТА Конституенти:  Млади лица; лица со попреченост; граѓани со ограничен пристап до дигитални услуги; граѓански организации; локални и централни институции; јавни службеници; образовни институции; медиуми. За…

  • Здружение на еколози „Натура“ – Струга

    Вкупен буџет: 2.848.300 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево Конституенти:  Граѓани од Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево); млади лица; жени; ученици и наставници; граѓански организации; локални власти и општински администрации; образовни институции; медиуми; локални заедници;…

  • Здружение Прва детска амбасада во светот Меѓаши

    Вкупен буџет: 2.833.977 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Унапредување на дигитална трансформација Партнери: ИМПЕТУС Центар за интернет, развој и добро управување – Скопје Конституенти:  Деца, млади и нивните семејства, граѓански организации кои работат со деца, образовни и социјални институции, професионалци кои работат со деца и пошироката…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор