Viber image 2026 01 26 07 29 10 624

Повик за учество на обукa за младинско учество и застапување

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во партнерство со Националниот младински совет на Македонија, објавуваат повик за учество на Обука за млади во рамки на проектот Youth Connect: Building Inclusive Participation through Local Partnerships поддржан од Regional Youth Cooperation Office (RYCO) .

За што се работи?

Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на младите за активно и суштинско учество во демократските процеси, креирањето јавни политики и локалното носење одлуки, како и да ја унапреди нивната улога во градењето мир и соработка во заедниците.

Што ќе добијат учесниците?

Преку структурирани и интерактивни обуки, учесниците ќе стекнат:

  • знаења за јавни политики и младинско учество;
  • вештини за застапување и граѓански ангажман;
  • капацитети за градење мир и воспоставување дијалог и соработка;
  • зголемена самодоверба и подготвеност за активно учество во локални и институционални процеси.

🔹 Кога и каде?

Обуката ќе се реализира во Велес, во следниот термин:

  • 19 – 22 февруари.

Обуката ќе се спроведе со примена на неформални методи на учење, интерактивна работа и работа во мали групи, со фокус на застапување, креирање политики, демократско учество и процеси на градење мир.

Кој може да се пријави?

  • Млади на возраст од 18 до 29 години;
  • Млади кои живеат и делуваат на територијата на Скопје (општина Кисела Вода), Тетово и Струга;
  • Млади од различни социјални, етнички и локални заедници;
  • Посебно се охрабрува учество на млади жени, како и млади од маргинализирани групи.

За учесниците кои живеат надвор од градот на одржување на обуката, патните трошоци ќе бидат целосно покриени.

Вкупно ќе бидат селектирани 60 млади, кои ќе го унапредат своето знаење и вештини во областа на јавни политики, граѓанско учество, застапување и мировно градење.

Како да се пријавиш?

За учество потребно е да ја пополниш онлајн апликацијата на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/1fkUkyjVffn53v7zHaRkHlQYH9thM8WctlD60SwvJBrw/preview

📅 Рок за пријавување: 10.02.2026 (вторник)

 

 

 

 

 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор