505359320 1110370091115517 7317378420810800444 n
|

Кога штедењето станува политичка одговорност

„Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на неефикасност, а не на иднина.“ Токму на Светскиот ден на штедењето (31 октомври), кога светот зборува за финансиска писменост и рационално користење на ресурсите, таа потсетува дека парите – било лични или јавни – не треба само да се чуваат, туку да се користат одговорно.

Во време на инфлација, кога граѓаните се соочуваат со раст на цените, а ветувањата за повисоки плати и пензии често звучат како лесно решение, особено е важно тие да имаат пристап до точни и проверени податоци. Економскиот компас ја нуди вистинската насока.

 „Инфлацијата е макроекономски индикатор што граѓаните го чувствуваат директно преку растот на цените, но не секогаш ги разбираат нејзините двигатели и причини. Затоа, преку Економскиот компас навремено ги следиме овие појави, укажуваме на ризиците и поттикнуваме корективен механизам кај носителите на политиките, додека граѓаните ги информираме со проверени и разбирливи податоци. И веќе забележуваме дека таквиот механизам функционира – за ризиците од повисока инфлација апелиравме уште во првиот квартал, а во текот на летото носителите на политиките ја усогласија реториката за потенцијалните причини и најавија корекција на мерките.  Тоа покажува дека навременото информирање може реално да влијае врз подобро креирање на политиките и стабилизирање на очекувањата“, објаснува Петрески.

Економскиот компас е дигитална алатка што ја следи реализацијата на 139 владини ветувања во пет клучни области – социо-економија, образование, здравство, младински политики и родова еднаквост. Новата верзија на платформата претставува надградба на претходниот Економски компас, кој од 2020 до 2024 година ги следеше само економските ветувања, и сега е трансформиран во сеопфатна мониторинг рамка за периодот 2024–2028.

„Тој им помага на граѓаните да разберат што навистина се спроведува, а што останува само ветување на хартија,“ додава Петрески. Најновите податоци од јуни покажуваат дека досега 18 мерки (13%) од ветувањата се целосно реализирани51 ветување (37%) се во тек, а најголем напредок има во образованието, додека најголем јаз се бележи во здравството и родовата еднаквост. Достапноста на јавните услуги, на граѓаните им е приоритет број еден за подобрување на квалитетот на животот. Иако има усвоени стратегии, нивната примена на терен е ограничена, со недоволни кадровски ресурси и бавни институционални промени.

Петрески истакнува дека вистинскиот предизвик не е во бројките, туку во усогласеноста меѓу ветувањата и реалните потреби на граѓаните. Истражувањата на Фајнанс Тинк покажуваат дека граѓаните најмногу бараат подобра грижа за стари лица, достапна специјалистичка здравствена заштита, квалитетен јавен транспорт и повеќе практична настава во образованието.  Според Петрески, „кога политичките мерки не одговараат на овие приоритети, тогаш јавните пари не се користат ефективно. Целта на компасот е да го промени тоа – да ја информира јавноста, да го зголеми интересот за вистинските приоритети и да создаде подобра основа за рационални политики“.

Покрај тоа, платформата станува и важен извор на податоци за медиумите, аналитичарите, експертите и институциите, кои веќе ја користат како  референтен извор при креирање на анализи и подготовка на емисии. „Дури и институции го препознаа како интерна алатка за мерење на напредок и споредба на политики низ години, што дополнително ја потврдува неговата практична вредност и кредибилитет“ истакнува Петрески.

Економскиот компас создава услови за отчетност и поттикнува дијалог меѓу јавноста и институциите. Таа додава и дека: „процесот е бавен, но кога податоците се достапни, проверливи и визуелно јасни, довербата во институциите расте.“

Симболичната порака за овогодишниот Светски ден на штедење – „This is not a savings account“ е применлива и во економијата и во политиката. Граѓаните не треба да ги штедат своите очекувања, ниту пак политичките партии да ги чуваат ветувањата како депозити. Вистинската штедливост не значи одрекување од трошоци, туку нивно насочување кон инвестиции што создаваат долгорочна вредност – во образование, здравство, инфраструктура и иновации. „Во јавните финансии тоа значи спроведување на фискална консолидација, намалување на буџетскиот дефицит и доследно почитување на фискалните правила, со цел одржување на стабилноста на јавните финансии. Нашите анализи покажуваат дека губење на ефективност има тогаш кога ветувањата не се усогласени со реалните приоритети на граѓаните,“ додава Петрески.

Довербата во економските политики, вели таа, е почувствителна од довербата во банкарскиот систем. „Растот на депозитната маса покажува дека граѓаните имаат висока доверба во банките, но економската доверба зависи од предвидливоста и ефективноста на мерките. Економскиот компас придонесува за објективно мерење на таа доверба преку факти и индикатори.“

Овој процес на зголемена отчетност и транспарентност е возможен благодарение на проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот меѓу политичките ветувања и остварувањата во четири развојни области“, кој Фајнанс Тинк го спроведува заедно со партнерите Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), Младинскиот образовен форум (МОФ), Македонското лекарско друштво и 360 СТЕПЕНИ, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

На Светскиот ден на штедењето, пораката што ја испраќаат овие организации потсетува дека: да се штеди не значи да се молчи или да се одложуваат одлуки, туку да се дејствува разумно, транспарентно и одговорно. Економскиот компас ја симболизира токму таа вредност, штедливоста како отчетност. Секој индикатор, бројка и анализа е потсетник дека јавните пари не се за чување, туку за паметно трошење, а политичките ветувања не се депозити, туку обврски пред граѓаните.

На крајот, Економскиот компас не е само алатка за следење на бројки. Тоа е потсетник дека во едно граѓанско општество кое сака да напредува, штедењето не значи воздржаност, туку мудрост во користење на ресурсите од секој аспект, финансиски, институционални и човечки.

Продолжи со читање

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #6

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #6 [20 – 26 октомври 2025] И по завршувањето на изборниот процес, изборите продолжија да ја диктираат медиумската агенда. Иако бројот на објави е нешто помал од претходните недели, јавниот интерес остана висок. Со повеќе од 4.400 медиумски текстови и 560 објави на социјалните мрежи, медиумскиот простор остана…

  • Соработката меѓу граѓанските организации и бизнис секторот носи многу заемни придобивки

    „Причината поради која сите сакаме да соработуваме е затоа што сите сакаме да имаме корист. Без разлика дали доаѓате од бизнис секторот или од граѓанскиот, треба да почнете да развивате покомплексно разбирање за заемните придобивки“, им рече Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас, на учесниците на  работилницата „Зајакнување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #5

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #5 [13 – 17 октомври 2025] Во последната недела пред изборниот молк имаше засилена активност и обновена мобилизација во медиумските објави со повеќе од 3.000 медиумски текстови и 240 објави на социјалните мрежи, и со јасен раст на ангажманот кон крајот на неделата. Кампањата влезе во завршна фаза…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави

    Месечен преглед на медиумските објави [15 септември – 14 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Изборите за локалната власт беа една од најдоминантните теми во медиумскиот простор со над 11.000 медиумски написи и над 1.100 објави на социјалните мрежи. Анализата открива јасна слика: изборната кампања се води…

  • Новиот амбасадор на Швајцарија ја потврди посветеноста кон граѓанското општество

    Тимот на Цивика мобилитас на 16 октомври ја оствари првата средба со новoназначениот Амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Зомер (Christoph Sommer). „Сметам дека граѓанското општество е многу значајна област на која треба да се фокусираме“, нагласи Амбасадорот, потврдувајќи дека поддршката на граѓанските организации е еден од приоритетите…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор