28 march aspect ratio 2000 1200 1024x614 1

РЕАЛНО ОДЛУЧУВАЊЕ – МЛАДИТЕ КАКО АРХИТЕКТИ НА ДЕМОКРАТИЈАТА

Автор: Лорик Идризи

Еден од суштинските предизвици на демократијата останува вклучувањето на младите во процесот на одлучување и генерално нивното вклучување во демократскиот, институционалниот и политичкиот живот. Во теоретски аспект, учеството на младите во одлучувањето претставува комплексен и мултидимензионален концепт, кој не треба да се сфати како делумен настан, туку како континуиран процес што подразбира вклучување на младите во одлуки кои влијаат врз нивниот социјален, економски, културен, еколошки и политички живот.

Младите како активно граѓанство

Во една студија на Ен Кроули и Дан Моксон “New and Innovative Forms of Youth Participation in Decision-Making Processes”, објавена од Советот на Европа во 2017 година, се истакнува дека учеството на младите не се ограничува само на гласањето или кандидирањето на избори, туку се протега во поширока димензија на активното граѓанство. Според авторите, учеството на младите се однесува на правото, средствата, просторот и можноста да учествуваат и да влијаат врз одлуките и да се ангажираат во активности со цел да придонесат за изградба на подобро општество. Овој пристап без сомнение го прави учеството на младите суштински елемент на демократскиот развој.

Друг суштински аспект на учеството останува создавањето на простори каде младите можат да ги изразат своите мислења. Кроули и Моксон наведуваат дека учеството на младите вклучува „простори“ во кои тие можат да ги изразат своите мислења и ставови, а истовремено и можности за носителите на одлуки да ги слушнат овие мислења и да ги земат предвид.

Во оваа студија се нагласува дека учеството има значење и за одлуките кои влијаат врз поединецот, како на пример здравјето или образованието, но исто така и за колективните одлуки кои ги засегаат пошироките заедници, како што се проектите за домување или младинските програми. На овој начин, учеството на младите станува инструмент за изградба на подемократски, поинклузивни и поодржливи општества, преку интегрирање на нивното мислење и енергија во процесите на одлучување.

Повелбата за реално учество

Во рамки на перспективите за вклучувањето на младите во процесот на одлучување, но и генерално за зајакнување на нивната улога во демократскиот живот, основен документ кој ја истражува моќта на нивниот глас во јавниот простор останува Ревидирана европска повелба за учество на младите во локалниот и регионалниот живот, усвоена од Конгресот на локални и регионални власти на Европа во мај 2003 година од Советот на Европа.

Повелбата се заснова врз искуствата од првата повелба од 1992 година и ја одразува потребата да се одговори на новите општествени предизвици. Во овој документ се истакнува дека учеството на младите подразбира можност реално да влијаат врз одлучувањето и да учествуваат во активности кои го зајакнуваат општеството. Како што е наведено во преамбулата: „учеството и активното граѓанство значи да имаш право, средства, простор и поддршка да влијаеш врз одлучувањето и да придонесеш за изградба на подобро општество“.

Овој пристап бара локалните и регионалните власти да создадат структури во кои младите можат да ја практикуваат демократијата, придонесувајќи за социјална кохезија и развој на инклузивна култура.

Значаен дел од Повелбата се однесува на секторските политики кои ги засегаат различните области од секојдневниот живот на младите. Повелбата ги упатува локалните власти да ги поддржуваат спортот, културата, социјалниот живот и креативноста, бидејќи тие се сметаат за патишта што ја зајакнуваат социјалната кохезија и за важни простори за учество. Исто толку значајно е справувањето со младинската невработеност, бидејќи недостигот од работа може да ги исклучи младите од граѓанскиот живот.

Документот препорачува создавање центри за вработување, поддршка на младинското претприемништво и поттикнување иницијативи за социјална економија.

Друг аспект што се нагласува е урбаната средина и транспортот. „Младите треба да бидат вклучени во креирањето политики за домување и јавен транспорт, бидејќи мобилноста е основен услов за нивното активно учество во општеството“, се наведува во Повелбата.

Исто така, образованието се гледа како простор каде демократијата треба да се учи на дело. Затоа, поттикнувањето на ученичките здруженија и нивното вклучување во управувањето со училиштата се сметаат за неопходни.

Повелбата вклучува и политики за меѓународна мобилност, културни разменувања и изградба на европски идентитет на младите. Здравјето и родовата еднаквост се третираат како клучни области за благосостојба и социјална интеграција.

Овој документ посветува особено внимание на потребите на руралните подрачја, барајќи младите таму да не бидат лишени од основни услуги. Дополнително, документот ја истакнува потребата од политики за одржлив развој, заштита на животната средина и борба против насилството, криминалот и дискриминацијата во сите нејзини форми.

Посебен дел од Повелбата е посветен на инструментите што го обезбедуваат учеството на младите. Тоа вклучува обуки за активно граѓанство, гарантирање информации, користење на комуникациски технологии и промовирање на улогата на младите во медиумите.

Младинските организации, било структурирани или неформални, документот ги смета за уникатни актери кои го одразуваат гласот на младите и им овозможуваат простор за вистинско учество. Затоа се препорачува локалните власти да издвојат посебни буџети за нивна поддршка, почитувајќи ги принципите на заедничко управување.

На сличен начин, документот ја охрабрува младинската партиципација во невладини организации и политички партии, како патишта за постојано влијание врз демократските процеси.

Повелбата ја нагласува и институционалната рамка за учество. Младинските совети, младинските парламенти и младинските форуми се гледаат како неопходни структури за обезбедување простори за дијалог и вистинско влијание врз политиките. „Овие структури не се само механизми за претставување, туку и форуми за обука за демократски живот и управување со јавните прашања“, се истакнува во документот.

Несомнено, Ревидираната европска повелба за учество на младите останува водечки документ кој им дава значење не само на конкретните младински политики, туку и на изградбата на инклузивна демократска култура.

Таа нагласува дека младинското учество е и право и можност која ја зајакнува демократската заедница, гледајќи ја младината како активни партнери во локалниот и регионалниот развој.

Анимирање и зајакнување на гласот на младите

Во целиот овој пејзаж на ангажман на младите во демократскиот живот и во процесите на одлучување, треба да се постават и младите од Северна Македонија, односно нивното вклучување во демократскиот живот и во процесот на одлучување на локално ниво.

Имајќи го предвид формалното вклучување и ограничувањата во одлучувањето на младите во Полошкиот регион, оваа теоретска и концептуална рамка, но и содржинските упатства остануваат клучни за анимирањето на младите во согласност со нивните очекувања, но и со императивот за зајакнување на нивниот глас во демократскиот живот и процесите на одлучување.

Прирачникот за младите гласачи, објавен од Државната изборна комисија на Република Северна Македонија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје во 2021 година, истакнува дека младите можат и треба да играат клучна улога во обликувањето и промената на општеството во кое живеат.

„Нивното активно учество во демократските процеси, како информирани и одговорни граѓани, е еден од најефективните начини за изградба на поодржливо и подемократско општество. Нивната енергија, ентузијазам и креативен потенцијал го прават гласот на младите важен инструмент на промената, поради што тој треба да се слуша кога се носат политики што ги засегаат“, се вели во прирачникот.

Според прирачникот, политичкото учество на младите не се поврзува нужно со членството во политички партии. Тоа подразбира и вклучување во одлучувањето на различни нивоа, од локални до меѓународни.

Во прирачникот се истакнува дека младите можат да влијаат преку младинските совети, да придонесат во изготвување локални стратегии, да гласаат или да се кандидираат за одлучувачки позиции. Нивното активно вклучување како пратеници, советници или градоначалници е најконкретен пример за нивната моќ да влијаат врз политичките процеси.

Гласањето останува најчеста форма на конвенционално учество, а зголемувањето на излезноста на младите претставува реална можност за нивна интеграција во политичкиот живот.

Прирачникот нагласува дека учеството на младите е стратешки начин за зајакнување на демократијата, гарантирање дека гласот на новата генерација ќе се слуша и изградба на поодржливо општество.

Оваа анализа е финансирана од Европската Унија во рамки на проектот „Гласови на еднаквост, демократија за сите“, спроведуван од Балканскиот институт за регионална соработка – БИРС Тетово. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Содржината на анализата е единствена одговорност на авторот  и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.

 

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Видео: Младите жени против онлајн насилство (Young Women Counter)

    Во рамки на проектот Младите жени против онлајн насилство (Young Women Counter), заедно со експерти, зборуваме за препознавање и спречување на родово базирано онлајн насилство. 🌐💪 Ова видео е дел од нашите напори да ги поттикнеме младите жени да се чувствуваат посилни, информирани и безбедни на интернет. 🔎 Научете:✔️ што…

  • Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството реагираат на Измените на КЗ кои создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија во преоден период

    Иако ја поздравуваме иницијативата за интервенирање во Кривичниот законик, сметаме дека предложените измени, во сегашната форма, не претставуваат вистинско враќање на состојбата пред 2023 година, туку воведуваат нови решенија со сериозни последици по правната сигурност и борбата против корупцијата. Затоа, упатуваме неколку јасни барања: Тековните измени на Кривичниот законик да се ограничат исклучиво на враќање […]
    The post Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството реагираат на Измените на КЗ кои создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија во преоден период first appeared on Metamorphosis.

  • Мрежен состанок „За танго се потребни двајца“ – поттикнување дијалог и соработка

    Локалното застапување добива сѐ поголема видливост и значење, а во таа насока се одржа и овогодинешниот состанок за вмрежување „За танго се потребни двајца“. На настанот учествуваа жени од осум заедници, претставници на невладини организации и советници од Општина Куманово. Овој чекор претставува важен напредок, бидејќи беше воспоставена директна комуникација со советниците како избрани претставници […]

  • Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година

    Годината 2024 во светот беше исполнета со промени што го редефинираа глобалниот политички, економски и општествен пејзаж. Од продолжувањето на руската воена инвазија врз Украина, преку хуманитарната катастрофа во Газа, подемот на крајната десница во европските држави, победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, па сè до бројните политички потреси во САД и […]
    Read More… from Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година
    The post Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Реакција на Блупринт групата и Платформата за борба против корупција: Измените на КЗ создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија

    Иако ја поздравуваме иницијативата за интервенирање во Кривичниот законик, сметаме дека предложените измени, во сегашната форма, не претставуваат вистинско враќање на состојбата пред 2023 година, туку воведуваат нови решенија со сериозни последици по правната сигурност и борбата против корупцијата. Затоа, упатуваме неколку јасни барања: Тековните измени на Кривичниот законик да се ограничат исклучиво на враќање […]
    Read More… from Реакција на Блупринт групата и Платформата за борба против корупција: Измените на КЗ создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија
    The post Реакција на Блупринт групата и Платформата за борба против корупција: Измените на КЗ создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Едукативни работилници за справување со родово базирано насилство

    Со цел подигнување на свеста и зајакнување на знаењата за родово базираното насилство, во изминатиов период успешно спроведовме три едукативни и интерактивни работилници во Прилеп, Кривогаштани и Долнени, каде се вклучија педесетина млади и жени од овие средини. Периодот на одржување на работилниците се поклопи со глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, со…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор