506019518 18162928501358468 2963400742801897509 n 1.jpg

Open your AIs: Одговорна употреба на алатки за ВИ од страна на младински организации

Младинските организации низ Европа преземаат проактивен чекор кон обезбедување етичка употреба на вештачката интелигенција и нејзино почитување врз основа на човековите права. Студиската сесија „Open your AIs: Одговорна употреба на алатки за ВИ од страна на младински организации“ се одржа во Европскиот младински центар во Стразбур (EYCS) од 23 до 27 јуни 2025 година, со цел да се поттикнат критички дискусии околу етиката на вештачката интелигенција (ВИ) и да се оспособат младинските групи да усвојат внатрешни стандарди засновани врз заштитата на правата на младите луѓе.

Од причина што алатките за вештачка интелигенција сè повеќе го обликуваат начинот на кој функционираат младинските организации, оваа иницијатива ја нагласува потребата од свесна и информирана употреба, со тоа што ќе се обезбеди технологијата да им служи на младите луѓе, а не да ги загрозува нивните права.

Студиската сесија, исто така, се потпира врз принципите на новоусвоената Конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција и човекови права помагајќи му на младинскиот сектор да дејствуваат како застапници и чувари во овој брзоменувачки пејзаж.

Студиската сесија има три клучни цели: да им помогне на младинските организации да бидат внимателни и одговорни при интегрирањето на ВИ во нивната работа, да ги поддржи да станат гласни застапници за етиката на ВИ во рамките на нивните структури и меѓу нивните корисници и да изградат знаење за полесно снаоѓање и придонесување во клучни политички процеси, како што се Законот за вештачка интелигенција на ЕУ и Конвенцијата на Советот на Европа за вештачка интелигенција, особено имајќи ги предвид сè поголемите грижи за дискриминацијата поттикната од ВИ.

Со поврзување на политиката со практиката, студиската сесија има за цел да ги позиционира младинските организации како значајни придонесувачи кон етичкото управување со вештачката интелигенција и заштитници на дигиталните права на младите луѓе.

Студиската сесија е навистина извонредно искуство за учесниците, нудејќи единствена можност да се поврзат и со членови на персоналот на секретаријатот на Советот на Европа од различни единици. Тие се сретнаа со претставници кои споделија увид во работата на организацијата на Конвенцијата за вештачка интелигенција, пресекот на вештачката интелигенција со говорот на омраза и злосторствата од омраза, како и различните форми на поддршка достапни преку Европската младинска фондација. Учесниците, исто така, истражуваа начини за значајно застапување на младите на повеќе нивоа, учејќи како би можеле да се вклучат во препознатливата структура на коуправување на Советот на Европа, со аплицирање за членство во Советодавниот одбор за млади или преку обезбедување застапеност преку нивните организациски мрежи.

Многу учесници се осврнаа на овој состанок, велејќи дека размената била влијателна и потврдувајќи ја важноста на вклучувањето на младите луѓе во процесот на креирање политики што ја обликуваат нивната сегашност и иднина.

Линк до оригиналниот текст: Open your AIs: responsible use of AI tools by youth organisations discussed in Strasbourg – Youth

Студиската сесија е организирана во рамките на програмата Youth for Democracy, во соработка со Connect International, со партнерот Curiosite Centre de Formation и експертизата на Metamorphosis Foundation.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор