CM forum volonterstvo2

Граѓанските организации имаа обврска да го поттикнат волонтерството

Дебатата „Hands on matters“ што се одржа во рамките на програмата на Националниот форум на Цивика мобилитас беше посветена на Граѓанскиот ангажман и влонтерството. На дебатата зборуваа Александра Ристовски, Никица Кусеникова, Ивона Крстевска, Габриела Андреевска, Даниела Стојанова, Ѓоко Вукановски и Логин Кочишки.

„Солидарноста е основното начело на волонтирањето“, рече Александра Ристовски во нејзината дискусија за тоа што ги мотивира луѓето да волонтираат. „Волонтерите добиваа искуства и вештини кои им помагаат во животот, а волонтирањето им прави и промена на дневната рутина“, која, според Ристовски, им помага да го пронајдат чувството на среќа.

И Габрила Андреевска смета дека волонтерите се исполнети и среќни луѓе „Луѓето во Македонија мора да се потпираат на меѓусебната солидарност затоа што не можат да се потпрат на системот“, вели таа. За Андреевска волонтерска работа има повеќе отколку што перципираме, ама таа не се прави организирано и веројатно оние кои ја прават не ја доживуваат како волонтерство.

CM forum volonterstvo1

„Мотивацијата може да биде разична“, рече Никица Кусиникова, „ама тоа што го прави волонтерството е доброволната основа, без надомест и во корист на други.“ Даниела Стојанова се осврна на разликите меѓу декларативните заложби за волонтерска работа и волонтерската работа во пракса, која засега, како што рече таа е во корист на декларативноста.

Ѓоко Волкановски зборуваше за тоа дека волонтерството е дел од колективниот дух на размислување. „За жал, во претходните години повеќе акцент ставивме на јас отколку на ние“, рече тој. „Не ме зачудува широкиот дијапазон на мотиви на граѓаните, некои од нив и себични. Над 50% невработеност кај младите е причина зошто е разбирливо постоењето на себични причини“, додаде Волкановски. „Јас сум 50 отсто среќен, 50 отсто разочаран од волонтерството, бидејќи денес се прави само за да се пополни CV-то или (некој) партиски да се вработи. Мислам дека е тотално погрешен пристап, наместо да ти го исполни срцето и мозокот“, рече Логин Кочишки, од продукцијата Пасворд. Според него, волонтерството е желба да се научи нешто ново, без очекување дека тоа некому ќе му го исполни портфолиото.

CM forum volonterstvo2

За Ивона Крстевска од Националниот младински совет на Македонија, најважна е имплементацијата на сите чекори од волонтерскиот менаџмент од страна на организаторите на волонтерска работа, како на пример креирање на волонтерска програма и опис на волонтерска позиција врз основа на нивните потреби. „Сето тоа ќе придонесе за одржлив развој на волонтерството и негова поголема промоција во насока на примарната цел, односно општо корисна дејност од која придобивки има заедницата во која живееме, а пред се’ самите волонтери“, истакна Крстевска.

Присутните се согласија дека младите не се доволно информирани за можностите на волотирањето и придобивките што можат да ги имаат од него. Волонтирањето не треба да биде гледано како замена за работа, но волонтираењето може да им ги зголеми компетенциите, вештините и знаењата кои можат да ги употребат во барање на работа. Тие исто така се согласија дека обврска на граѓанските организации е да го поттикнат волонтерството и во тој насока да го менуваат општествениот контекст во Македонија.

Дебатата ја модерираше Петрит Сарачини.

Продолжи со читање

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

  • Швајцарскиот амбасадор Зомер во посета на семејствата од Кочани и граѓанските иницијативи

    Повеќе од десет родители и членови на семејствата погодени од трагедијата во дискотеката во Кочани се сретнаа со швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата со нивното здружение – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ учествуваа ипретставници од Амбасадата на Швајцарија и тимот на Цивика мобилитас. Истиот ден,…

  • Социјалната правда не се слави, таа се создава!

    Денот на социјалната правда не е датум што треба само формално да се одбележи. Тој треба да не потсети дека правдата не е апстрактен поим, туку конкретна реалност што директно влијае врз животот на луѓето: врз нивната плата, сигурност, достоинство и иднина. За нас од „Гласен текстилец“, социјалната правда не…

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

  • Граѓанското учество е право и одговорност на сите

    Во фокусот на овој број на Граѓаните за промена е граѓанското учество. Тема која граѓанските организации и во овој квартал не само што ја дискутираа туку и ја практикуваа. Колегите од ПроЛокал, од Битола, тоа го правеа на регионално и на локално ниво, во цела Пелагонија. Заедно со партнерите од…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор