Neda.jpg

Неда Здравева: Какви треба да бидат процесите на реформа во правосудството

Нема едноставен одговор на прашањето „Какви треба да бидат процесите на реформа во правосудството“. Ако треба да го сведам на една реченица, ќе речам дека треба да бидат такви што нема да остават простор за прашањето „Кој е следен?“

Градењето демократски системи е процес кој почива на градење демократски вредности. Тоа се оние вредности кои не дозволуваат гласно или меѓу редови да се поставуваат прашањата: „Кој е следниот судија кој ќе биде избран за „да памти па да враќа, кога треба и кому треба“?„ – што ќе рече да не си ја врши работата. Или „Кој е следниот јавен обвинител кој ќе биде разрешен затоа што си ја вршел работата и тоа некому не одело во прилог?“.

Според истражувањето на ИРИ за Западниот Балкан во 2024та година, скоро ¼ од граѓаните сметаат дека кај нас најкорумпирано е судството (23%). Во ова сме лидери во регионот ( во другите земји овој процент е помалку од 20%, но кај сите нив исто така предничи судството). Оваа перцепција на граѓаните најмногу (особено пред избори) ја истакнуваат политичките лидери и политичките партии. Ќе речете неспорно, тоа им е работа, и ќе бидете во право се додека не отидете чекор понатаму во истата таа анкета и не видите дека 26% од граѓаните сметаат дека политичките лидери и политичките партии се најкорумпирани. И во ова сме лидери.

И доаѓаме до апсурдна ситуација: субјектите за кои граѓаните сметаат дека се најкорумпирани се најгласни во истакнувањето на корупцијата и повикот на борба против корупцијата на оние кои се втори во редот, а тие вторите се некако молчаливи. Како беше онаа “држете го корумпираниот“ …

Тука веројатно е одговорот на прашањето какви треба да бидат процесите на реформи – ослободени од влијанијата на партиските елити и политичките лидери.

Што би значело ова во практиката:

1. Предлозите за креирање на законската рамка за целокупното функционирање на правосудниот систем треба да дојдат од експертите во областа – академската фела, практичарите, граѓанскиот сектор; да се засновани на истражувања и ослободени од ургентноста на дневната политика да покаже резултати тука, сега и одма. Сегашниот состав на работните групи за менување на Законот за судскиот совет дава верба дека тоа ќе биде така. Таквата тенденција треба да остане за сите закони со кои се уредува работата на правосудните органи.

2. Постапката за донесување на законите треба да биде транспарента и отворена за јавна дебата. И секако ослободена од политичките пазарења чиј дострел е „следниот мандат“. Ре-позиционирањето на системот, правосудниот но не и само тој (можноста за поставување на здрави нозе одамна го пропуштивме), не може и не смее да биде цртица во „То До“ листата на еден мандат, на една коалиција, за одреден рок. Има работи кои се прават за да траат, долго и стабилно. Ова е едната од нив.

3. Клучно за успешноста на овој процес е токму учеството на правосудството. И тука, (валидно) се поставува прашањето како некој, кому јавноста не му верува, сам да си каже како треба да се оправи. При дискутирањето на довербата на јавноста во судството, се потенцира дека само 2% од граѓаните имаат висока доверба. За споредба, степенот на висока доверба во собранието е 2% (споредба нема). Политичките партии им бегаат за 1 процентен поен. Тие имаат висока доверба од 3%, а Владата има двојно повисока од судството цели 4%. Има народни поговорки за оваа состојба на мерење должина на уши.

4. Подгревањето на недовербата во судството, од истите оние кои исто така уживаат мала доверба ама за којашто вообичаено се зборува еднаш на 4 години, укажува на тоа дека системот на поделба на власта се свел на систем на поделба на интересите – најчесто поделба, или ако сакате трговија, на интересите на олигархијата и политичките елити. И ова не е од сега. И баш затоа што не е од сега треба да запре. Теоретски системското уништување на довербата во судството (но и во академијата, медиумите и слично) е пат кон диктатура. Теоретски ова кај нас не би било можно оти оние кои системски најгласно зборуваат за таа недоверба (и де факто придонесуваат за нејзино намалување) исто така уживаат ниска доверба. Теоретски. Практиката во изминатите 30 години градење демократија и демократски институции ја демантираа теоријата. Покажаа дека спрегата на интересите на партиските елити и сомнителните бизниси е двигател на квази реформите кои направија денеска повторно да зборуваме за реформа на системот.

5. Оттука, процесите на реформа не може да се одвиваат по правилата на квази-реформите. Потребни се нови правила на игра кои ќе го опфатат целокупниот процес на вршење на функциите во правосудството – од специфичната едукација како предуслов до критериумите за одговорност и разрешување како гарант за професионализмот во правосудниот систем. Да, градењето нова, солидна, долготрајна правна рамка бара време, а граѓаните немаат трпение. Разбирливо, ги истрпеа сите жалопојки за неспособноста на претходниците и добрите намери на оние по нив, и додека тие претходните и оние следните се менуваа на избори, песната остана иста.

6. Правосудството мора да биде независно и непристрасно. Систем во кој таа независност и не пристрасност се предмет а пазарење не е систем, барем не демократски. Но, истовремено правосудството треба да биде одговорно – судиите и јавните обвинители треба да одговараат за вршењето на својата работа,. Систем во кој таа одговорност не се спроведува во постапка одредена со закон не е систем, барем на демократски. Оттука, реформите треба да почиваат на

a. Јасно определени услови и постапки за избор, работење и одговорност на републичките совети – судски и јавно обвинителски

b. Точно дефинирани правила и механизми за избор и разрешување на судии и јавни обвинители и правни лекови доколку истите не се во согласност со закон

c. Транспарентност и отчетност во овие процеси – стручната јавност и граѓаните треба да знаат кој се предлага за избор на такви функции, и тоа многу повеќе од флоскулата дека се “истакнатите правници“ (дефиниција на „истакнат правник“ ниту постоела, ниту ќе постои што, веројатно, е еден од проблемите, оти честопати останува нејасно кој со што и во што се истакнал).

7. Но, законите како слово на хартија не го реформираат системот. Да, тие се клучен предуслов, ја определуваат рамката. Но, системот го чинат луѓето. Потребна ни е сериозна промена во менталитетот, во сфаќањата за значењето на функциите на сите чинители на власта и на потребната рамнотежа на поделбата на власта како единствен механизам за демократска контрола. Законите се насоката, луѓето се оние кои ги спроведуваат. И да бидеме искрени, во правосудниот систем има чесни, одговори, стручни луѓе кои треба да се охрабрат да се изборат со оние од нивните редови кои ги немаат тие одлики.

8. Конечно, за правосудниот систем и за реформата на правосудниот систем треба да се зборува и за тоа најмногу треба да зборуваат оние кои го чинат системот. Да расчистиме две -три работи:

a. Судски одлуки се коментираат. Ако некој нешто прави во мое име, имам право критички да го опсервирам и да зборувам за тоа. Секој од нас.

b. Граѓаните не се стручњаци по право. Судиите и јавните обвинители се. Тие се оние кои треба да и ги објаснат постапките на јавноста. И тоа треба да го прават повеќе и почесто. Не смее законодавната и извршната власт да зборуваат повеќе за судската од судската.

c. Граѓаните плаќаат за грешките на правосудниот систем. При тоа, цената е многу поголема од парите од буџетот кои се одлеваат на надомест на штета. Цената е иднината.

За таа иднина, реформите треба да бидат спроведени на начин кој нема да биде од денес за утре…или до следните избори.

Обраќање на проф. др. Неда Здравева, претседателка на Хелсиншкиот  комитет за човекови права, на трибината што ја организираше иницијативата „Кој е следен“ на 13 февруари, 2025 година.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор