Да ја доближиме правдата до граѓните
Минатата недела се одбележа Меѓународниот ден на човековите права под мотото „Да ја доближиме правдата до граѓните“. По тој повод, беше одржана свеченост и панел дискусија во организација на програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје и Националното координативно тело за бесплатна правна помош во кое учествуваат претставници на Министерството за правда, на правните клиники и на овластените здруженија за БПП.
Правниот советник во Хелсиншкиот комитет за човекови права, Зоран Василески, беше говорник на темата „Важноста на системот за бесплатна правна помош во зајакнувањето на ранливите граѓани: Споделување позитивни примери и увиди од судската пракса на ЕСЧП“, при што се осврна на искуствата на овлстатените здруженија при примената на Законот за бесплатна правна помош во последните 5 години.
Тој ги истакна позитивните примери на пружена правна заштита на најранливите категории граѓани, но укажа и на потребата од натамошно подобрување на законскиот текст во насока на олеснување на условите за одобрување секундарна правна помош за сиромашните граѓани, како и на потребата од зголемување на обемот на правни области опфатени со примарната правна помош.
Свеченоста беше затворена со доделување признанија на децата и младите победници на конкурсот за уметнички творби, кои на креативен начин ги изразија нивните погледи и стремежи по повод Меѓународниот ден на човековите права.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #51760](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/viber_image_2026-10-01_17-18-23-732-e1791386995528_mcms-768x512.jpg)


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #51688](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/840133774_17959130763235552_502814887244435070_n-768x512.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #51690](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/835640454_10243132301386325_6319941414456541047_n-768x358.jpg)
