Logo1

Повик за понуди за експерт за воспоставување на соработка со бизнис заедници

Проект: Центар за нудење на психо-социјална помош и поддршка за жртви на родово базирано и семејно насилство– „Иси арка“ (фаза II).

Проектот има за цел да обезбеди оддржливост на Здружението Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари преку мултисекторска соработка си сите локални чинители. Здружението има за цел да го намали и превенира семејното насилство врз жените ромки, како и да нуди услуги за помош и подршка на жени жртви на семејно и родово базирано насилство. Воедно проектот има за цел да ја зголеми свеста и да ја зајакне соработката помеѓу институциите и жените жртви на семејно и родово базирано насилство.

За таа цел, Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари има потреба од ангажирање на експерт за воспоставување на соработка со бизнис компании.

  1. Задачи и Временска рамка

Експертот има за задача да:

  • Мапира на локални бизнис компании.
  • Да ги инспирира и поврзе бизнис лидерите, претприемачите и иноваторите со Зружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари
  • Да организирана индивидуални средби со бизнис лидерите и потпишува меморандуми за соработка.

  Период на реализација од 01.09.2024 до 28.02.2025 година.

  1. Аплицирање

Заинтересираните лица, најдоцна до 30 септември потребно е да достават:

  • Кратка биографија

–     Мотивационо писмо со очекување/ предлог за финансиска надокнада за

ангажманот.

Рок за аплицирање: 30.09.2024 година на следниот меил: inicijativanazeni.sutoorizari@gmail.com

Документите со назнака – Повик за понуди за експерт воспоставување на соработка со бизнис заедници, да се достават на следната електронска пошта: inicijativanazeni.sutoorizari@gmail.com

Лицата коишто аплицирале ќе бидат известени за резултатите од повикот, по електронски пат, најдоцна 5 дена по затворањето на повикот.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПРАВАТА НА ЖЕНИТЕ ОД ШУТО ОРИЗАРИ Скопје

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор