Граѓаните за промена #11

ОКТОМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2021

Зад нас е уште една чудна година, а желбите за Новата веројатно ни изгледаат како „дежа ву“, особено кога станува збор за онаа што се однесува на крајот на пандемијата и враќањето во „нормала“. Она што го научивме оваа година е дека треба да престанеме да чекаме да помине пандемијата за да продолжиме со плановите, работата, со животот. На почеток малку несигурно, потоа порешително, работите тргнаа и по извесно време се одвиваа интензивно. Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена.

Се разбира продолживме да се жалиме дека не е како порано, ама како помалку да ни пречеше кога ги газевме патеките одново и одново додавајќи состојки од новото време.

Едни од оние кои не само што не чекаа да помине пандемијата, туку како таа да им даде нов поттик за работа и постигнувања беа колегите од Рурална Коалиција кои покрај другото, на жените од руралните средини и на сите нас потрошувачите на нивните производи ни ја подарија „Наша тезга“. Со неа, тие се „фатија во костец“ со пандемијата, се прилагодија и продолжија. Создадоа виртуелен пазар за земјоделските производи за да им помогнат на жените од руралните средини да го фатат чекорот со новото дигитално време. Некој би рекол дека заради пандемијата дури и прескокнаа неколку скалила во развојот и веројатно е така, да не беше притисокот што го предизвика оваа здравствена криза сигурно уште некое време ќе почекавме за онлајн пазарење на земјоделските производи.

Уште еден успех на граѓанските организации е веста што стигна на самиот крај на годината. Советниците на Град Скопје, со прифаќање на амандман, одвоија во буџетот за 2022 година 2 милиони денари за бесплатни менструални производи за средношколките од училиштата во надлежност на градот. Последниот притисок на граѓанските активисти на оваа тема дојде во средината на ноември 2021 година, по објавувањето на студијата „Менструална правда: проценка на состојбите со менструалната сиромаштија и препораки за унапредување на политиките“ што ја подготвија Тииииит! Инк и Реактор – истражување во акција.

Претставникот на Министерството за здравство за време на дискусијата за студијата покажа подготвеност препораките да бидат дел од системот. Градот Скопје, реагираше прв и постапи по некои од препораките. Менструалната хигиена е тема на дискусија во последните години откако граѓанските организации изнесоа запрепастувачки податоци за проблемите со кои се соочуваат девојчињата во училиштата за време на нивниот менструален циклус. Општеството како да не беше ни свесно за предизвиците со кои тие се соочуваат.

Препораките од студијата, пресметките за тоа коко тие би се одразиле на буџетот, ја објективизираше целата состојба и сега на потег се носителите на одлуки. Се надеваме дека ќе го следат примерот на Град Скопје.

Овие грантисти на Цивика мобилитас се само дел од организациите кои интензивно работеа и во oд се прилагодуваа на барањата на новото време. Тие им пркосеа на предизвиците и постојано ги имаа на ум своите крајни корисници и промените кои ќе ги обезбедат за нив. Пандемијата не доведе во тешка состојба, но таа во исто време ги извади сите креативни потенцијали од нас и не натера да бидеме посилни, потрпеливи и истрајни во промените што ги посакуваме за нас, за нашите корисници и за целото општество.

Ви посакувам многу успешни приказни во новите 356 дена кои се пред нас.

Пријатно читање!

Продолжи со читање

  • Граѓаните за промена #21

    АПРИЛ-ЈУНИ 2025 Новиот број на Граѓаните за промена #21 магазинот е посветен на овоможувачката околина. Граѓанските организации и нивниот придонес во програмите на кандидатите на локалните избори „Ни треба институционална култура за слушање на гласот на сите граѓани и сите ранливи групи“ – рече еден од граѓанските активисти, учесници на…

  • Граѓаните за промена #20

    ЈАНУАРИ-МАРТ 2025 Во овој број посветен на граѓанското учество, ги носиме приказните на оние кои не се помируваат со статус кво. Од Битола до Скопје, низ конференции, обуки, маршеви и локални анализи, граѓанскиот сектор ја води својата и битката на оние кои ги застапува за поинклузивно, одговорно и одржливо општество….

  • Граѓаните за промена #19

    ОКТОМВРИ-ДЕКЕМВРИ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена #19, со фокус на Граѓански ангажман. „Убеден сум дека во дијалог со невладините организации ќе можеме да градиме подобри политики, ќе можеме да носиме поквалитетни одлуки за одредени сфери од општеството“. Ова беше една од пораките на премиерот Мицковски испратена…

  • Граѓаните за промена #18

    ЈУЛИ – АВГУСТ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена, со фокус на овозможувачката околина. „Нема напредок во сеопфатната реформа на рамката за државно финансирање на граѓанските организации“–ова е старо-новата констатација на Извештајот за овозможувачка околина за 2023 година што беше објавен минатиот месец. Се разбира, ова не…

  • Граѓаните за промена #17

    АПРИЛ – ЈУНИ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена. Првата порака за животната средина на која се сеќавам, ми се обраќаше од еден календар од „Наш Свет“, интересно, информативно и едукативно четиво за основци. На секоја страна имаше фотографии од различни птици, а пораката беше „Спасете не,…

  • Граѓаните за промена #16

    ЈАНУАРИ – МАРТ 2024 Добредојдовте во новиот број на магазинот на Цивика мобилитас, „Граѓаните за промена“, гласник на програма за поддршка на граѓанското општество поддржана од владата на Швајцарија, но и гласник на целото граѓанско општество. По пауза од речиси една година им се враќаме на темите и иницијативите кои…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор