Insoc

Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК – Скопје

Вкупен буџет: 3.244.900 денари

Времетраење: 10 месеци

Партнери:

  • Здружение за социјална интеграција и личен развој Центар за интеграција и поддршка Скопје;
  • Здружение за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ Скопје;

За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Коалиција на граѓански организации – Форум на мали заедници во Република Северна Македонија

Опис на акцијата

Според составот на популацијата и согласно Уставот, Македонија е мулти-етничко и мулти-културно општество. Покрај мнозинската популација, околу 10% од граѓаните на државата се припадници на 24 етнички заедници. Некои од нив живеат тука неколку векови. Важно е да се истакне дека бројчано помалите заедници не генерираат тензии и конфликти во општеството. Сепак, тековната општествена поларизација има значајно влијание врз животот и правата на помалите заедници, особено во секојдневните интеракции со јавните и приватни сервиси.

Во Македонија, највлијателни фактори се политичката и етничка тензија, економскиот јаз меѓу граѓаните и корупцијата. За да се зајакне општествената кохезија во државата особено е важно колективното учество на заедниците за остварување на своите потреби и интереси. Законската рамка и Уставот на Македонија претставуваат позитивно опкружување за остварување на колективните права на заедниците преку квалитетни и модерни нормативни решенија за истите. Сепак, политички контролираните институции недоволно и несоодветно ги имплементираат законските мерки во секојдневната пракса.

Обединета Европа станува пристојно место за живеење во кое граѓаните се учесници во креирањето на меѓусебните односи, израз на слободната волја и стремеж за постепено и слободно соединување на нациите, растеретени од историските предрасуди.

Ова се нашите стремежи за иднина. Важна компонента во исполнувањето на критериумите е и остварувањето на правата на сите граѓани, а посебно афирмација на правата на припадниците на помалубројните заедници. Граѓанскиот сектор треба да има консултативна улога во овој процес. Тоа ќе обезбеди транспарентност и чувство на вклученост на помалите заедници во преговарачкиот процес. Ќе даде нов квалитет на инклузивност при отворањето на поглавјата, и исто така ќе биде и промоција на европските вредности во самите заедници и промоција на мултиетничкиот карактерна општеството воедно ќе ја намали поларизацијата на етничко и соци-економско ниво и ќе придонесе кон поовозможувачко општество.

Цели и резултати

Општа цел: Придонес кон општествено опкружување, во кое функционира и се развива граѓанскиот сектор, придонесува за намалување на поларизација на општеството, мултикултурна соработка и кохезија, добро владеење и социјална инклузија.

Специфична цел: Градење на механизми за јакнење на меѓу секторска соработка на граѓанскиот сектор и институциите на државата за развивање на меѓу-граѓанска доверба и намалување  на социо-економската поларизираност на локално и национално ниво.

Резултати

  1. Воспоставен е Форум на граѓански организации за намалување на предизвиците од општествена и економска поларизација, социо-економски дијалог и соработка меѓу граѓаните во Република Македонија.
  2. Изградена е меѓуресорска соработка на граѓански организации кои работат на прашања на помалубројните заедници и надлежните државни институции за остварување на правата на помалите заедници во државата.
  3. Иницирана е интеракција и разбирање меѓу заедниците преку иницијативи на помалубројните заедници кои ги намалуваат општествените тензии и водат кон намалена поларизација на етничка и социјална основа.

Активности

  • Формирање на Форумот за социо-економски дијалог и граѓанска соработка.
  • Организирање на 4 работилници на членки од Форумот.
  • Работилница за градење на капацитети на членките на Форумот за комуникација и застапување.
  • Работилница за подготовка на стратегија и акционен план на коалицијата.
  • Работни состаноци со претставници на законодавната и извршната власт за да се лобира и застапува за остварување на правата на помалите заедници.
  • Застапување преку социјални мрежи за намалување на стереотипите и предрасудите.
  • Конкурс и доделување на три награди за средношколски есеј на тема “Мојот сограѓанин од соседната улица“
  • Организирање на национална конференција.

Веб страница

http://insoc.org.mk/

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор