Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ – МАРГИНИ
Вкупен буџет: 4.500.000 денари
Времетраење: 10 месеци
Партнери:
- Хелсиншки комитет за човекови права-Скопје;
- Здружение за рурален развој Локална акциска група ВАРДАР ЛИДЕР – Градско;
- Македонско здружение на млади правници (МЗМП) – Скопје
Конституенти: Општа јавност, жртви на дискриминација, рурални жени, млади, КСЗД, локални ГО и подрачните одделенија на Министерството за правда.
За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Видливи, здружени и гласни- Акција за еднаквост и недискриминација преку учество и мултисекторска соработка
Опис на акцијата
Акцијата настојува да го реши проблемот на премалата заинтересираност на седумте региони со исклучок на Скопскиот за препознавање, постапување и осудување на дискриминација, и соодветно, премалата заинтересираност во овие региони за имплементација на принципите на недискриминација, интеркултурализам и социјална инклузија. Во првото тромесечие на 2022 година од вкупно 57 претставки поднесени до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), дури 22 доаѓаат од Скопје. Една од причините е централизацијата на сите збиднувања во Скопје. Од друга страна, многу од нерегистрираните случаи на дискриминација се лесно воочливи за оние кои ја препознаваат. Сѐ уште истражувањата покажуваат огромна разлика во процентот на вработеност, работните позиции, а дискриминаторските обичаи, традиции и стереотипи и понатаму се широко распространети и ги поткопуваат основните права на жените. Од овие причини, неопходно е зајакнувањето на сите чинители кои можат на регионално ниво да креираат безбеден систем за препознавање и пријавување на дискриминација до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Од големо значење е и зајакнувањето на граѓанските организации и на КСЗД за постапување пред меѓународни тела – особено пред ОН Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (ЦЕДАВ). Мрежата за заштита од дискриминација (МЗД) со досегашната работа се етаблираше како клучна врска помеѓу овие чинители.
Цели и резултати
Општа цел: Унапредување на еднаквоста и социјалната инклузија преку граѓанско учество и мултисекторска соработка за спречување и заштита од дискриминација
Специфична цел: Преку мултисекторска соработка – унапреден пристап до механизми за недискриминација и зголемено граѓанско учество, со фокус на руралните жени и млади во застапување за еднаквост и социјална инклузија.
Резултати
- Подобрени капацитети на ГО и КСЗД за известување и застапување за случи на родова дискриминација со фокус на рурални жени;
- Придонес кон унапредување на законската рамка за гарантирање на правата на земјоделците/ките;
- Зголемена информираност, соработка, пристап и знаења за заштита од дискриминација на граѓаните и клучните чинители од седумте плански региони;
- Активни и зајакнати млади за препознавање на дискриминација и граѓански активизам за еднаквост;
- Зголемена видливост и координираност на Мрежата за заштита од дискриминација;
Активности
- Граѓанско учество за застапување за унапредување на родовата еднаквост со акцент на рурални жени и зајакнување на улогата на КСЗД
- Јакнење на капацитети на земјоделски организации за известување пред ЦЕДАВ со фокус на рурални жени
- Застапување за промена на легислатива за овозможување на платено породилно отсуство и отсуство поради болест или повреда
- Унапредување на пристапот до заштита од дискриминација на локалното население преку мултисекторска соработка во седум плански региони (источен, југоисточен, североисточен, пелагониски, вардарски, југозападен и полошки)
- Обука за локални ГО од 7 плански региони и подрачни одделенија на МП за заштита од дискриминација
- Одржување на седум отворени денови за БПП за препознавање на дискриминација и работата на МЗД и КСЗД
- Поттикнување на активен граѓански ангажман помеѓу млади за промоција на еднаквост и толеранција
- Дводневна работилница за креативен активизам за недискриминација, толеранција и различности
- Изработка и спроведување на две акции за промени подготвени од учесниците на работилницата за активизам