Отварање на „Младински центар“-Кочани

Мината недела, на 18 јануари (четврток) 2024 година, во општина Кочани, по иницијатива на членовите од „Младинска банка“ Кочани, Фондацијата за развој на локалната заедница и Општина Кочани, го отворија „Младинскиот центар“ на Општина Кочани.

Уредувањето и опремување на центарот е заедничка активност на Општина Кочани и Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, во рамки на проектот „Направи разлика!“, имплементиран од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, во партнерство со Ротари клуб Кочани и Виница и Ротари клуб Штип, финансиски поддржан од американскиот народ  преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), со период на реализација: 22.08.2022 до 20.08.2027 година.

На настанот се дискутираше за важноста на волонтерството за професионален и личен развој и беше истакнато дека преку волонтерските активности, младите стекнуваат нови вештини и искуства, ги развиваат комуникациските и тимските способости и го прошируваат својот социјален круг. Волонтерството им овозможува на луѓето да го исполнат својот социјален и граѓански ангажман, што помага во изградбата на кариерата, но и развој на заедницата во која живеат.

Директорката на УСАИД во Северна Македонија, Џери Дајбл, присуствуваше на отварањето и се вклучи во дискусија.

Се опфати и темата за потенцијалот на младите и се разгледуваа идеи за тоа како ќе се искористи младинскиот центар во општина Кочани. Заклучок од дискусијата е дека потенцијалот на младите е непроценлив ресурс за развој на едно општество и дека овој центар е клучен за изградба на позитивна и активна младинска заедница, им пружа на младите место за дружење, креативо изразување, развој на младински активности, поддршка на младите во едукација, културен развој и социјализација, како и активно учество во општествени процеси и вмрежување. Младинскиот центар е достапен за сите заинтересирани млади лица од општина Кочани, кој можат да го користат за пристап до интернет, изработка на проектни задачи, организирање на настани, обуки и  работилници.

Во дискусијата се вклучија и членовите од Младинските банки на Источниот регион, ги споделија своите досегашни резултати и искуства со проектот „Направи разлика!“.

 Ја истакнаа важноста и потребата за Младинскиот центар, како простор за интеграција со свој врснички круг и пошироко, каде ќе ги споделуваат своите идеи, искуства и интереси.

Младите споделија свои искуства и позитивни практики во ангажирање на различни акции од интерес на младите и заедницата воопшто.

УСАИД преку досегашната едно-годишна соработка

ги поддржа младите од Младинските банки и активните граѓани од Колеџите на заедницата на досега опфатените општини од Источниот регион, во насока на граѓанските приоритети, работа со млади, поддршка во нивниот личен раст и развој, креирање на подобра иднина за сите, со фокус кон создавање услови за ефективно учество во донесување и имлементирање на предлози и одлуки, решавање на најголеми предизвици и проблеми на заедницата, предлагање на иницијативи и заедничка стратешка работа за нивно успешно решавање и реализирање.

ГАЛЕРИЈА

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор