Debata bogovinje

Дивите депонии – сериозен проблем за граѓаните на Боговиње

Здружението Интуита, на 16 март 2023 година, организираше јавна дебата и изложба на фотографии посветени на проблемите со комуналниот отпад и дивите депонии во населените места. Вкупно 15 учесници зборуваа за подигнувањето на свеста на граѓаните за овие прашања но, и за ангажманот на општината, особено затоа што овие прашања се дел од ветувањата и програмата за работа на градоначалникот.

Граѓаните добро ја прифатија иницијативата на Интуита. Некои од нив сметаат дека дури е задоцнета, но сепак, задоволни се што почнале дискусии на оваа тема и што и тие се вклучени. „Искрено ја поздравувам ова иницијатива и лично стојам на располагање да го дадам мојот придонес во подигнување на јавната свест“, рече Фикрет Шабани, граѓанин на Боговиње.  Тој смета дека апликацијата за анонимно пријавување диви депонии и лица кои фрлаат отпад на несоодветни места, подготвена со овој проект, е токму тоа што им е потребно на граѓаните. „Така ќе се скрши мразот и ќе можат да се пријават оние кои секое скриено место го гледаат како шанса за фрлање отпад и правење дива депонија“, вели Шабани.   

izlozba Bogovinje

Дебатата траеше повеќе од три часа, а граѓаните побараа од општината и од комуналните претпријатија итно да постапат и да ги расчистат овие диви депонии. Тимот на Интуита ќе му ги предаде заклучоците на градоначалникот за постапување по нив.

Одржувањето на јавната дебата и изложбата беше овозможено со проектот  „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор