Системска дискриминација кон земјоделките/ците во остварување на правото на платено отсуство поради

Системска дискриминација кон земјоделките/ците во остварување на правото на платено отсуство поради

Мрежата за заштита од дискриминација и Комсијата за заштита од дискриминација на 11 Aприл 2023 година одржаа прес-конференција со која алармираа за проблемот со правото на надомест во случај на бременост, мајчинство и боледување кај земјоделците како проблем на дискриминација и нееднаков третман.

Марина Тошеска од ЛАГ Агро Лидер посочи дека иако проблемот е актуелен повеќе години, соодветно решение сѐ уште не е донесено. Таа изјави: „Најчесто кога зборуваме за земјоделците помислуваме на субвенции, но никогаш не помислуваме дали овие луѓе навистина имаат пристап до права и колку тие навистина се изгубени во лавиринтите на нашите законски регулативи. Тие се оние што не се на терет на буџетот, сами уплаќаат пензиско и здравствено осигурување, произведуваат храна за сите нас, а не можат да пристапат до ниедно право согласно ЗРО, немаат платено боледување, немаат право на годишен одмор и немаат право на платено породилно отсуство“. Таа додаде: „Жените земјоделки работат од 11 до 16 часа дневно, зависно од тоа во која активност се вклучени во земјоделството и притоа немаат право ниту на платено породилно отсуство ниту на платено боледување, а многу им е потешко дури и да пристапат до права од социјална заштита. Правото на користење платено породилно отсуство за жени регистрирани како индивидуални земјоделки го издвоивме како приоритет, кое се надоврзува на правото на платен надоместок поради болест или повреда и со тоа претставува нееднаквост во пристапот до права за жените земјоделки со жените работнички од другите области“. Тошеска истакна: „Ако го погледнеме подлабоко Законот за здравствено осигурување, ќе видиме дека и покрај тоа што индивидуалните земјоделци се здравствени осигуреници – го имаат тој статус во член 5, сепак во член 14 каде што се регулирани правата на надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство, во широката листа на учесници коишто постојат таму, индивидуалните земјоделци отсуствуваат – не се опфатени. Според податоците на ФЗОМ, во 2021 година, евидентирани биле 17.233 активни земјоделци опфатени со задолжително здравствено осигурување, а според најновите податоци на МЗШВ, според Закон за пензиско и инвалидско осигурување во 2022 се евидентирани 1075 жени со статус на индивидуален земјоделец. Овие 1075 жени не можат да пристапат до правото на породилно отсуство“.

Анастасија Муратовска од  Комсијата за спречување и заштита од дискриминација соопшти дека КСЗД донесе мислење со кое утврди индиректна, интерсекциска и продолжена дискриминација кон жените индивидуални земјоделки како здравствени осигуренички во остварување на правото на надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство – право на платено породилно отсуство. Таа додаде: „Со истото мислење беше утврдена и индиректна, продолжена и интерсекциска дискриминација кон индивидуалните земјоделки и индивидуалните земјоделци како здравствени осигуреници, во остварување на правото на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест или повреда – право на платено боледување. Тие ги остваруваат правата на здравствени услуги, но не ги остваруваат правата на платени надоместоци на еднаква основа со останатите осигуреници. Постои нееднаков третман меѓу индивидуалните земјоделци и другите здравствени осигуреници, кои пак, во целост ги остваруваат правата од здравственото осигурување. Со исклучување на индивидуалните земјоделци од правото на платено породилно отсуство и право на платено боледување се придонесува кон дополнителна маргинализација на оваа група на работници.“. Муратовска истакна дека: „Комисијата има законска обврска за следење на издадените препораки и следењето на препораките не се врши формално, туку суштински се гледа дали е отстранет нееднаквиот третман. Тоа би значело дека решението на овие проблеми не смее да биде дискриминирачко. Не случајно го споменувам ова, бидејќи во текот на постапката, од страна на Владата на предлог на МЗШВ беше донесена Програма за социјална сигурност на жените што вршат земјоделска дејност. Оваа Програма како ад хок решение предвидува финансиска помош за индивидуалните земјоделки коишто имаат статус на здравствени осигуренички во случај на привремена спреченост во вршење на земјоделската дејност поради раѓање. Меѓутоа, ако појдеме од тоа дека правото на платено породилно отсуство е основно човеково право кое треба да биде предмет на законска регулација, ваквата Програма не е перманентно или одржливо решение. Програмата е временски и финансиски ограничена, со што се продолжува неизвесноста во остварување на платеното породилно отсуство кај жените земјоделки и се создава правна несигурност. Дури и со постоењето на оваа Програма, Законот за здравствено осигурување и понатаму би продуцирал дискриминација“.

Драгана Дрндаревска од Коалиција Маргини порача дека системското решавање носи економски бенефити на долг рок за државата. Таа додаде: „Моментално имаме законско решение коешто не ги мотивира жените да се регистрираат и како такви тие остануваат неактивно население. Со овозможување на повеќе права поради статусот на индивидуален земјоделец, ќе се мотивираат жените да се регистираат, што на долг рок претставува нивно прелевање од неактивно во вработено население, и нивниот приход – од приход којшто се остварува во неформална економија – во приход којшто понатаму ќе се оданочува и ќе се слева во формалната економија“. Дрндаревска истакна дека: „ФЗОМ е најдобро позиционирана институција да го администрира и да го остварува ова право за разлика од Програмата на Влада која има поголеми ризици на злоупотреба – системот на ФЗОМ е многу постабилен и одржлив. Постоење на програма не гарантира сигурно спроведување на мерка. Има бројни програми на Владата коишто или не се реализирале или се реализирале делумно. Државата треба да оди кон овозможување платено породилно отсуство како поуниверзално право, без разлика за која категорија на жени станува збор. Ова право треба да им биде достапно на работничките, на земјоделките, на самовработените лица и нивните партнери. Директивата на ЕУ треба да ја хармонизираме во националното законодавство и секако да се оди кон препознавање на неплатените домашни работнички како носителки на ова право“.

Маја Морачанин од Демократска обнова на Македонија изјави: „Навистина сметам дека мора да се најде системско законско решение за да можат индивидуалните земјоделци да си ги остваруваат своите права на платено боледување и платено породилно отсуство. Се согласувам апсолутно дека доколку луѓето што живеат и работат вон големите градови се чувствуваат дискриминирани и не можат да остварат основни права за разлика од другите работници – тогаш не може да оствариме рамномерен развој, рурален развој и развој на овие средини“.

Рашела Мизрахи од ВМРО- ДПМНЕ изјави: „Во светов се прави аналитика на сѐ и сешто вклучително и недостатокот на платено отсуство поради бременост и пораѓање кој придонесува кон зголемување на нарушено ментално  и физичко здравје на мајките и физичкото здравје кај новороденчињата; кој ја зголемува можноста за семејно  насилство, ја зголемува смртноста кај новороденчињата и создава нервозна и тенденциозна атмосфера во рамки на семејството. Нарушеното здравје кај мајките кои го имаат овој недостаток во 51% случаи завршуваат со хоспитализација во текот на првата година по породувањето, а истото се случува и со новороденчињата кои во 47% случаи се рехоспитализирани доколку нема надоместок во рамки на семејството којшто предизвикува или изискува стабилност во самото семејство“. Мизрахи истакна дека: „Програмата за социјална сигурност на жени кои вршат земјоделска дејност сама по себе е дискриминирачка. Ги обврзува земјоделките да имаат примања од 100.000 до 300.000 денари, и бара во пресметката за надоместокот да се земат 12 работни месеци, а не 6 работни месеци како за сите останати. Не се зема предвид дека луѓето можат да имаат и ризична бременост, проблематична бременост, дека може да имаат неработни денови, дека климатските непогоди може да доведат до немаштија таа година и конечно се прави една пресметка којашто е тесно врзана со буџетските ставки – вели, 9000 денари надоместок за оние коишто ќе бидат регистрирани“.

Прес-конференцијата беше реализирана во рамки на проектот „Видливи, здружени и гласни- Акција за еднаквост и недискриминација преку учество и мултисекторска соработка“ спроведуван од страна на Коалицијата МАРГИНИ, Македонското здружение на млади правници, Хелсиншкиот комитет за човекови права, ЛАГ Вардар Леадер и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во рамки на програмата Цивика Мобилитас.

Продолжи со читање

  • Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE

    Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE Доброволното противпожарно друштво Свети Николе продолжува да придонесува кон целите на проектот ENSURE преку своето директно учество во сложени интервенции на шумски пожари во Северна Македонија. За време на големиот пожар во Општина Македонски Брод, тимот на ДПД Свети Николе беше ангажиран како…

  • Заедно учиме англиски – нова активност во нашата организација

    Започнуваме со изучување на англискиот јазик! Првиот час помина во пријатна атмосфера, со учење на нови зборови и изрази, разговор и многу позитивна енергија. Преку овие часови создаваме можности за учење, стекнување нови знаења и развивање нови вештини. The post Заедно учиме англиски – нова активност во нашата организација appeared…

  • Школа за водачи Голозинци 2026 во организација на СИМ

    Во периодот од 13.08 до 19.08.2026 година, во Извидничкиот центар “Голозинци“, се одржа првиот дел од Школата за Водачи ’26. На школата учествуваа членови од повеќе извиднички одреди: ИПО “Јадран’’ , ИПО “Крсте Јон’’ , Прв Скопски Извиднички Одред, ИО ,“Гоце Делчев“ , ИО “Методиј Митевски-Брицо“ ИО “Мирко Милевски“ ,…

  • Менторска и коучинг поддршка за корисниците на 𝑩𝒖𝒔𝒊𝒏𝒆𝒔𝒔 𝑯𝒖𝒃

    Во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“, кој го имплементираме со поддршка од Фондација Kvinna Till Kvinna, се реализираа активности за обезбедување менторска и коучинг поддршка за корисниците на Business Hub. Менторската и коучинг поддршка претставува индивидуализиран процес преку кој корисниците добиваат насоки, совети и практична поддршка во согласност…

  • YMLP 2026 – лидерство, самодоверба и незаборавни искуства

    Последни новости YMLP 2026 – лидерство, самодоверба и незаборавни искуства Од 8 до 11 јули 2026 година, група средношколци од различни градови низ Македонија се собраа во Битола на кампот YMLP 2026 (Young Men’s Leadership Project) – лидерско и авантуристичко искуство организирано од ИМКА Македонија во партнерство со волонтерите на Мировниот корпус, алумни и локални волонтери. Иако со помал број учесници, YMLP Кампот овозможи секој млад човек да добие индивидуално внимание, да изгради искрени пријателства и да се предизвика себеси преку активности насочени кон развој на лидерски способности, самодоверба и личен раст. Во текот на четирите дена, учесниците работеа на теми поврзани со столбовите на ИМКА – личен развој, лидерство, заштита на животната средина, граѓанска одговорност и кариерен развој. Преку интерактивни работилници, тимски предизвици и практично учење, тие ги препознаваа своите силни страни, ги развиваа комуникациските вештини, учеа да решаваат проблеми во тим и размислуваа како можат позитивно да придонесат во своите училишта и локални заедници. Едукативниот дел беше надополнет со бројни рекреативни и активности на отворено. Учесниците уживаа во куглање, флег-фудбал, олимписки игри, водени предизвици и креативни активности кои поттикнуваа тимска работа и здрав натпреварувачки дух. Еден од најнезаборавните моменти беше кампувањето во Националниот парк Пелистер. Момчињата ноќеваа во шатори, се дружеа околу логорски оган со традиционалните s’mores, го поминаа адреналинскиот парк, пешачеа низ шумските патеки и заеднички решаваа симулација на авионска несреќа, активност која ги стави на тест нивните комуникациски вештини, лидерски способности и носење одлуки под притисок. За самите учесници, најголемата вредност на кампот беа пријателствата и чувството на заедништво. Еден учесник сподели: Спортските активности, огромната количина смеа меѓу нас и запознавањето нови луѓе. Друг учесник го сумираше своето искуство: Активностите беа одлични, луѓето, персоналот – сè беше одлично. Други како највпечатлив дел го издвоија престојот во природа: Кампувањето во шатори, s’mores и стекнувањето нови пријателства. Кампот на Пелистер. Влијанието на YMLP кампот продолжи и по враќањето дома, а родителите забележаа значајни позитивни промени кај своите синови. Еден родител сподели особено емотивно искуство: Мојот син не сака многу да зборува. Најчесто одговара само со ‘да’ или ‘не’ и ретко раскажува што му се случувало во текот на денот. Откако се врати од кампот, стана многу поотворен. Почна да зборува за своите планови, да бара совет и помош, а покажа и поголем интерес за локални прашања како загадувањето, отпадот, планинарските и велосипедските патеки. Почна да ми раскажува како му поминал денот и што правел со пријателите. За мене како родител, тоа е огромна позитивна промена. И други родители забележаа охрабрувачки промени: Подобрени комуникациски вештини. Порасположен, посамоуверен и полн со позитивни впечатоци. YMLP кампот е многу повеќе од четиридневно летно искуство – тој претставува почеток на подолг лидерски пат. Следната година, учесниците ќе имаат можност да аплицираат за програмата Counselors-in-Training (CiT). Оваа програма е дел од целогодишната Leaders-in-Training (LIT) програма на ИМКА Македонија, преку која младите стекнуваат лидерски, менторски, комуникациски и волонтерски вештини, подготвувајќи се да станат идни советници на камповите и лидери во своите заедници. Преку кампот YMLP, ИМКА Македонија продолжува да инвестира во младите, помагајќи им да изградат самодоверба, цврст карактер и практични лидерски вештини што ќе им овозможат позитивно да придонесуваат во своите семејства, училишта и локални заедници.

  • Соларен саем во Кичево: Сончевата енергија поблиску до граѓаните

    На 8ми август на Градскиот плоштад во Кичево се одржа Соларен саем посветен на сончевата енергија, обновливите извори и можностите што им стојат на располагање на граѓаните за поактивно учество во енергетската транзиција. Саемот беше можност посетителите на едно место да добијат практични и разбирливи информации за користењето на сончевата

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор