Esi nelis 1 mcms

Недостаток на дом за стари лица го отежнува животот на старите лица со попреченост во Кавадарци

Граѓаните на општина Кавадарци испратија јасна порака од панел дискусијата што се одржа на 23 јануари 2023 година – потребен е дом за стари лица. Околу 20 пензионери, лица со попреченост и експерти, организирани од здружението „ЕСИ Нелис“ од Кавадарци во општинската сала, дискутираа за проблемот чие решавање било едно од предизборните ветувања на актуелниот градоначалник.

„Јас не сакам да ме чуваат децата во години од животот кога треба да бидат сами, ние немаме услови да бидеме заедно во еден дом“, рече за време на дискусијата Костадин Јанков. „Ваков дом е потребен, а јас познавам уште најмалку 20 лица кои го имаат овој проблем“, додаде тој. Учесниците на панел дискусијата беа единствени во барањето за итно решавање на овој проблем: „Ние сега можеби добивме една битка со тоа што општината, благодарение на оваа проектна иницијатива, одлучи да го гради домот, но останува прашањето за  цените. Дали ќе можеме да си го дозволиме со пензиите кои ги имаме? Уверени сме дека „ЕСИ Нелис“ повторно ќе ни помогне и ќе реагира“, рече Султана Јошева.

Здружението „ЕСИ Нелис“ ги сумираше дискусиите на учесниците и клучните поенти ќе бидат во фокусот на нивната иницијатива во следниот период. Барањата ќе ги презентираат заедно со граѓаните со кои се согласни дека притисокот врз локалната власт мора да продолжи до конечното решавање на овој проблем.

Спроведувањето на панел дискусијата е овозможено со проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор