рома прогрес

Здружението Рома Прогрес – Скопје зазема учество на проектот EU-IN

Здружението Рома Прогрес – Скопје зазема учество на проектот EU-IN како еден од партнерите за размена на добри практики од земјата за вклучување на мигранти, помали етнички заедници и други маргинализирани групи од општеството.

Притоа, беа разменети практики кои ги опфаќаат училиштата, социјалните центри, општините, спортските клубови и граѓанските организации како и други засегнати страни.

Во текот на проектот се реализираа настани и состаноци во Италија, Романија, Бугарија и Северна Македонија, во кои учество заземаа и претставници на Рома Прогрес.

Како краен продукт од настаните и размената на добри практики за инклузија, произлезе EU-IN Toolkit, каде се вклучени алатки за вклучување на најранливите групи во заедницата.

Прирачникот со алатки може да се прочита на – https://europeforcitizense.wixsite.com/euin. 

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор