цивил

ИЗБОРЕН РАПОРТ #9: Фејсбук, КОВИД-19, злоупотреби, фингерпринт и селекција на набљудувачите

Деветти ден и деветто издание на „Изборен рапорт“ на ЦИВИЛ во кое се застапени темите за падот на Фејсбук и реакцијата на шефот на Левица, за четвртиот насилен инцидент во кампањата, политичките злоупотреби на децата, препораките за заштита од КОВИД-19, фингерпринт апаратите и селекцијата на изборните набљудувачи на ЦИВИЛ.

ПАДОТ НА ФЕЈСБУК И ШЕФОТ НА ЛЕВИЦА

Вчерашниот ден го одбележа падот на социјалните мрежи и платформи Фејсбук, Инстаграм и Уатсап.

Граѓанките и граѓаните имаа можност барем неколку часа да одморат од интензивните кампањски активности и содржини на политичките партии, како и од нивните меѓусебни препукувања.

Дел од партиите од опозицијата, меѓу кои и шефот на Левица, го искористија овој настан повторно за ширење дезинформации дека падот на Фејсбук се должи на наводна цензура од страна на невладини организации од земјава. Се разбира, ова не е точно, бидејќи падот на платформите беше глобален. Дезинформациите ги следеа коментари во кои се бележи и говор на омраза, како и повици за забрана на неколку организации, меѓу кои и ЦИВИЛ.

ЧЕТВРТИ НАСИЛЕН ИНЦИДЕНТ

Во текот на вчерашниот МВР извести за обид за физички напад со метален предмет врз градоначалникот на Лозово, Ацо Велковски од страна на жител на с. Каратманово кој се случил на 2 октомври 2021. Како што известија од МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

По бомбата во дворот на кандидат за советничка листа на СДСМ во Шуто Оризари, тепачка и оштетување на рекламен материјал во Чашка и пукањето пред изборниот штаб на ДУИ во Чаир, ова е четврти инцидент со насилство во изборната кампања.

Цивил апелира до политичките партии и нивните поддржувачи, како и од соодветните институции, да преземат итни мерки за превенција од насилство во изборниот процес.

ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19

На митинзите на отворено на партиите во рамки на предизборната кампања, иако нема официјална препорака за носење маска, пожелно е таа да се носи, но и да се создадат услови за барање на сертификатите за вакцинација, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Препораката за носење маски на затворено останува, додаде Филипче. На изборниот ден, потенцира министерот Филипче, постојат протоколи кои се применуваа и на претходните избори.

Мониторингот на ЦИВИЛ бележи случаи на непочитување на протоколите и на препораките за заштита од КОВИД-19 речиси на сите митинзи од речиси сите политички партии.

ПОЛИТИЧКА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦАТА

Продолжува политичката злоупотреба на деца во кампањски активности на политичките партии. Во текот на вчерашниот ден, мониторинг тимот на ЦИВИЛ забележа уште еден случај на присуство на деца на спортска активност на ДУИ, во која покрај високи партиски функционери и кандидати на изборите, учествуваа и деца.

Злоупотребата на децата во политички и зборни кампањи е забрането според Законот за заштита на децата.

ОДБИВАЊЕ ДЕБАТА ВО ЈАВНОСТА

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат медиумско соочување со нивните противкандидати.

А1он и Макфакс известија дека кандидатката за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, одбила присуство на дебата со противкандидатите организирана од овие медиуми.

И кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп, Борче Јовчески одбил предизборно соочување со противкандидатите, кое беше емитувано вчера на Првата програма на националниот сервис НТВ (МТВ).

ДЕБАТИТЕ СЕ СУШТИНСКИ ВАЖНИ ЗА ДЕМОКРАТСКИОТ КАРАКТЕР НА ИЗБОРИТЕ

Овие постапки потсетуваат на владеењето на Груевски, кога речиси цела деценија немаше медиумски дебати меѓу власта и опозицијата.

ЦИВИЛ ги потсетува политичките партии дека предизборните дебати меѓу кандидатите се врвна придобивка на демократијата и можност за граѓаните да направат споредба меѓу аргументите и програмите на кандидатите. Отсуството од вакви дебати ја намалува можноста на граѓаните да направат информиран избор.

Затоа, ЦИВИЛ апелира до кандидатите да учествуваат на овие дебати и да им го овозможат на граѓаните правото на информиран избор, што е еден од базичните принципи за демократски избори. Ако можат партиските лидери Мицкоски и Заев да имаат медиумски соочувања, зошто тоа не би важело за кандидатите на партиите?

ФИНГЕРПРИНТ АПАРАТИ И ОДГОВОРНОСТ

ДИК вчера прими уште повеќе од илјада од терминалите за идентификација преку отпечатоци на прсти, а веќе е започнато и полнењето со податоци од граѓаните на веќе пристигнатите, изјави вчера претседателот на ДИК Александар Даштевски, кој присуствуваше на примопредавањето.

До крајот на неделата треба да пристигнат договорените 4000 терминали што првпат ќе се користат на овие локални избори.

Претседателот на ДИК рече дека Локалните избори ќе бидат добро организирани, но дека не може да гарантира како ќе се одвива техничкиот дел со примена на терминалите за идентификација бидејќи тоа се случува првпат и немало пилот примена.

СЕЛЕКЦИЈА НА ИЗБОРНИТЕ НАБЉУДУВАЧИ НА ЦИВИЛ

Откако заврши процесот на аплицирање, во тек е селекција на краткорочните набљудувачи на ЦИВИЛ, кои ќе го набљудуваат гласањето за локалните избори на 17 октомври.

Сите кандидати ќе бидат известени дали нивните апликации се прифатени или не најдоцна до утре, 6 октомври.

Веднаш потоа ќе следат информации за тоа како и каде ќе се одржат обуките.

Џабир Дерала, во соработка со Мониторинг тимот на ЦИВИЛ
Камера: Атанас Петровски
Реализација: Ариан Мехмети


Изборниот рапорт на ЦИВИЛ се емитува во живо, секој ден во 11:15 часот.
Линкови до пренос во живо:
Јутуб

Фејсбук

Продолжи со читање

  • Одржана обука за академско пишување за авторите на седмото издание на „Правен фокус“

    Како дел од подготовките за седмото издание на списанието „Правен фокус“, од 14 до 16 август во Охрид се одржа обука посветена на стандардите за академско пишување. Обуката беше наменета за избраните автори кои ќе подготват стручни статии за новото издание, посветено на темата „Помеѓу […]
    The post Одржана обука за академско пишување за авторите на седмото издание на „Правен фокус“ appeared first on Myla.

  • Нашиот тим обезбедува водоснабдување за полицискиот хеликоптер во Македонски Брод

    Доброволното противпожарно друштво Свети Николе продолжува со активна поддршка во справувањето со големиот пожар на подрачјето на општина Македонски Брод. Нашиот тим, како дел од државниот Модул на тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување, веќе неколку дена е распореден на терен каде што обезбедува логистичка и оперативна поддршка за противпожарните сили.…

  • Осум пожарникари на ДПД Свети Николе четврти ден на екстремен терен во Македонски Брод

    Тим од 8 пожарникари на ДПД Свети Николе, како дел од државниот Модул на тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), веќе четврти ден е ангажиран на екстремен терен на подрачјето на општина Македонски Брод, каде активно учествува во локализирањето на големиот пожар. Во услови на високи температури, тежок пристап, чад,…

  • Доброволните пожарникари мора да бидат дел од системот, не само последна надеж кога огнот ќе се разгори

    На 8 јули 2026 година, ЛокалАктив – Вардар ја објави статијата „Доброволните пожарникари ‘фрлени’ во оган“, посветена на состојбите, предизвиците и потребата од посилна системска поддршка за доброволните противпожарни друштва во Македонија. Во статијата се отвора едно од најважните прашања за противпожарната заштита: доброволните пожарникари секоја година се на терен, често во најтешки услови, но…

  • Циркуларна економија и повторна употреба на талогот од кафе

    Во современиот глобален контекст, кафето претставува многу повеќе од обичен пијалок – тоа е индустрија, извор на егзистенција за милиони луѓе и значаен сегмент од националните економии. Сепак, традиционалниот модел фрлање на талогот на кафе по искористување на кафето долго време доминираше во производството и потрошувачката на кафе, што резултира со прекумерна употреба на ресурси и деградација на животната средина. Како одговор на овие предизвици, концептот на циркуларна економија нуди иновативни решенија за намалување на отпадот, повторна употреба на материјали и оптимизирано управување со ресурсите.
    Талогот од кафе, дефиниран како отпад кој настанува по печењето и консумирањето кафе, претставува еден од најобемните органски отпадоци. Се проценува дека глобално се создаваат околу 9 милиони тони годишно. Само 1% од хранливите материи завршуваат во шолјата, додека остатокот – богат со протеини, липиди, целулоза, лигнин и минерални соли – останува во талогот. Овие својства го прават талогот од кафе вреден ресурс за повторна употреба во домаќинствата и индустријата. Само за момент помислете на огромната количина талог од кафе којашто секојдневно се фрла во ѓубре, без воопшто претходно да се размисли. Во талогот од кафе останува уште многу материјал којшто може да го користите за да го подобрите вашиот живот. Начините накои можете повторно да го употребите талогот од кафе во домашни услови и во индустријата се следните:
     
    Повторна употреба во домаќинствата

    Природно ѓубриво –  Благодарение на високата содржина на азот, талогот од кафе може да се користи како органско ѓубриво. Се додава директно во почвата или се користи како течно ѓубриво кое може да се користи врз растенијата по накиснување во вода во рок од 24 часа.
    Подобрување на почвата и заштита од штетници –  Киселоста на кафето делува како природен инсектицид против мушички, комарци, полжави и други штетници. Посипете го потрошениот талог од кафе врз почвата околу вашите растенија за да го зајакнете нивниот раст, како и да ги заштитите од штетници.
    Апсорпција на мириси – Исушениот талог од кафе е ефикасен неутрализатор на непријатни мириси во фрижидер (може да го ставите во сад и садот оставете го во вашиот фрижидер), обувки, спортски торби и автомобили (спакувајте дел од талогот во внатрешноста на стари врзани чорапи).
    Пилинг за кожа – Во комбинација со маслиново масло, талогот од кафе служи како природен ексфолијант за лице и тело (оставете го талогот од кафе да се исуши, а потоа додадете го маслиновото масло, додека не се добиете течен крем).
    Одгледување печурки – Поради стерилноста стекната при процесот на варење, талогот од кафе е погодна подлога за култивирање свежи печурки. Поради овој факт може повторно да се користи како подлога за одгледување свежи печурки.

    (Извор: https://coffeefrom.it/, Coffeefrom.it 2025, Coffee Kreis, https://www.mdpi.com/2076-3417/15/1/137 (2025)
    Индустриска примена

    Производство на обновлива енергија – Талогот од кафе може да се рециклира за производство на обновлива енергија. Еден од главните примери е новиот живот на отпадот од кафе во постројките за биогас, каде што енергијата се добива од земјоделска биомаса (наменски култури, нуспроизводи и земјоделски отпад),(отпад од синџирот на преработка на храна и органската фракција на цврстиот комунален отпад. Отпадот од преработката на биогас се користи и за производство на дигестации, кои можат да се користат како природно ѓубриво за почвата. Исто така  мелено кафе може да се претвори во биојаглен преку пиролиза на ниска температура. Овој биојаглен го заклучува јаглеродот во стабилна форма стотици години, создавајќи мерливи компензации на CO₂ кои можат да се сертификуваат според доброволни јаглеродни шеми. Паралелно на тоа може и да се развиваат ѓубрива збогатени со биојаглен на база на кафе, нудејќи им на земјоделците обновлив додаток на почвата што го подобрува задржувањето на водата и здравјето на почвата, а воедно придонесува за врзување на јаглеродот.
    Отпадот од кафе може да се користи и како секундарна суровина, т.е. материјали на крајот од нивниот животен век кои не се сметаат за отпад, туку се реинтегрираат во нови производствени процеси (нуспроизводи). На пример обновување на индустрискиот талог од кафе како нуспроизвод за да се формираат нови рециклирани и био-базирани термопластични соединенија, со цел да се создадат производи добиени со циркуларна економија како алтернатива на природните материјали.

    Извор: (MDPI, https://www.mdpi.com/2076-3417/15/1/137, Reuse of Spent Coffee Grounds: Alternative Applications, Challenges, and Prospects—A Review, 2024; EU Environment newsletter, Directorate-General for Environment, European Commission (2025), How a Czech company turns coffee waste into tangible and valuable products Coffee!Up translates EU policy priorities, such as waste prevention, bio-based innovation, decarbonisation and soil health, into a tangible business model.)

    (Извор:https://www.magnific.com/search?format=search&last_filter=selection&last_value=1&query=Recycling+coffee+grounds+free&selection=1#uuid=fdb6d237-a16b-4cd3-815e-be74dd5f5543)
     
    Повторната употреба на талогот од кафе е пример за практична примена на принципите на циркуларната економија. Наместо да се третира како отпад, тој може да стане ресурс со значајна економска и еколошка вредност – од подобрување на домашните услови до создавање индустриски иновации. Со вакви решенија, кафето продолжува да биде не само пијалок, туку и двигател на одржлив развој.
     
    Извори: EU Environment newsletter, Directorate-General for Environment, European Commission (2025), Coffeefrom.it (2025), The World Economic Forum (2026), Coffee Kreis (2025), MDPI (2024).
     
    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

  • Животните вештини како темел за правда по мерка на детето

    Правдата по мерка на детето не завршува со судската одлука. Таа продолжува преку поддршка што им помага на децата да ги развијат своите потенцијали, да стекнат самодоверба и да изградат вештини што ќе им овозможат успешна реинтеграција во заедницата. Токму ова е една од целите […]
    The post Животните вештини како темел за правда по мерка на детето appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор