20170615 Zelena lupa vesti

Проект за зголемување на ефикасноста на Советот за утврдување факти

На 13 јуни 2017, во прес- центарот на Клубот на новинари, здруженијата Зелена лупа од Скопје и Јустиција од Куманово, одржаа прес- конференција со која го означија почетокот на проектот за промоција на Советот за утврдување на факти: „Да ја вратиме довербата во судовите- правда за секого“.

Слободан Богоевски, поранешен директор на УБК, потенцираше дека изборот на Советот е противуставен затоа што судиите не можат да ги избираат оние кои што треба да ја оценуваат нивната работа и да носат одлуки за неа.

Драган Томовски изјави дека процентот на ефикасност на Советот е поразително слаб бидејќи од 1000 иницијативи Советот постапил само по три, на што Сашо Поцевски, претседател на Советот реплицираше дека уште 14 други предмети се во фаза на разгледување и во постапка.

Заклучокот беше дека со почетокот на проектот е дадена можност на сите обесправени да се обратат до канцелариите во Скопје и Куманово, или пак сами да поднесат иницијатива до Советот за утврдување на факти, но дека е потребно време и многу труд да се исправат нанесените неправди од изминатите 10 години.

За време на настанот, освен претставници на двете здруженија присуствуваа и земаа збор и поранешните судија и обвинител Бранко Секуловски и Ѓорги Настевски.

Меѓу присутните се вброија и новинарот Томислав Кежаровски; судијата Илија Танев; докторот Дејан Ставриќ; претставници од случаите Шпион, Детонатор, Монструм, Ликвидација; поранешните директори на Охис и Славија; како и претставници на неправедно осудени лица од многу други случаи.

Здруженијата Зелена лупа од Скопје и Јустиција од Куманово се корисници на акциски грант на Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Предновогодиншна волонтерска забава

    На 26.12.2025год. (петок) во просториите на Младиснкиот Центар Матично во Скопје, се одржа традиционалната предновогодиншна волонтерска забава организирана од страна на Сојуз на извидници на Македонија . На оваа забава имаше гости од страна на секој одред во државава, а воедно од нашиот одред учество земаа 15 членови. The post…

  • ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА „ЕКО ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ПРИЛЕП“ ЗА ТРЕТИОТ #ЗЕЛЕНПЕТОК

    Во рамки на иницијативата #ЗеленПеток, се одржа ликовната изложба „Еко перспективиза Прилеп“, како дел од третата по ред месечна акција #ЗеленПеток, посветена наподигнување на еколошката свест и поттикнување активен дијалог во заедницата. Изложбата ги претстави уметничките изработки на млади учесници од Прилеп, создадениза време на едукативна ликовна работилница реализирана во ноември 2025 година, ворамки на…

  • Национална конференција „Младите во борбата против корупцијата“

    Во рамки на проектот „Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија“ беше организирана Национална завршна конференција „Младите во борбата против корупцијата“. На конференцијата се собраа граѓански организации, креатори на политики, младински лидери и членови на заедницата за да дискутираат за резултатите од проектот.

  • Работилница во ВПД Тетово: Поддршка на ресоцијализацијата на децата преку едукација, музика и грижа

    Хелсиншкиот комитет за човекови права одржа работилница со децата во Воспитно–поправниот дом Тетово, во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“, финансиран од Европската Унија. Работилницата беше конципирана во два дела, со цел да се создаде безбедна и поддржувачка средина што придонесува кон […]
    Read More… from Работилница во ВПД Тетово: Поддршка на ресоцијализацијата на децата преку едукација, музика и грижа
    The post Работилница во ВПД Тетово: Поддршка на ресоцијализацијата на децата преку едукација, музика и грижа appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Видео: Младите жени против онлајн насилство (Young Women Counter)

    Во рамки на проектот Младите жени против онлајн насилство (Young Women Counter), заедно со експерти, зборуваме за препознавање и спречување на родово базирано онлајн насилство. 🌐💪 Ова видео е дел од нашите напори да ги поттикнеме младите жени да се чувствуваат посилни, информирани и безбедни на интернет. 🔎 Научете:✔️ што…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор