Sajber sesija esociety1 800x450

„Образованието е најважната алатка за отпорност кон дезинформациските кампањи“ – Мета.мк

Информациските манипулации и кибер нападите претставуваат сериозен предизвик за стабилноста и довербата во демократските процеси

На сесијата се дискутираше за кибер и хибридни закани | Фото: Ванчо Џамбаски

Процесот на дигитализација создава значајни можности за развој, но истовремено носи и зголемени ризици кои ја поткопуваат безбедноста на државите, институциите и граѓаните. Информациските манипулации и кибер нападите претставуваат сериозен предизвик за стабилноста и довербата во демократските процеси, особено во услови на комплексни геополитички динамики и сè поголема поврзаност на општествата.

Со какви закани врз безбедноста и стабилноста се соочуваат различни држави во регионот и Европа и кои се начините за градење регионална и меѓународна соработка со цел унапредување на отпорноста и заштитата од кибер и информациски ризици, беа темата на сесијата „Отпорност на информациски и кибер закани како фактор на стабилноста и безбедноста во регионот“, која се одржа во рамките на 21 издание на конференцијата е-Општество.мк, организирана од Фондацијата Метаморфозис.

Саздовски: Санкциите се едно успешно решение против хибридните закани

Мирослав Саздовски, виш аналитичар на Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани од Финска како пример за кибер напад што извршил големо влијание го потенцираше случајот со сечењето на подводните кабли во Балтичкото море што се случи минатата година. Активностите на танкерот со сомнително сопствеништво, изнудија одговор на Финска и регионалните фактори, од кој, според Саздовски, треба да се извлечат заклучоци како треба да се постапува во справувањето со хибридни закани.

Мирослав Саздовски од Европскиот центар за извонредност во справување со хибридни закани од Финска | Фото: Ванчо Џамбаски

„Настанот предизвика ослабување на комуникациските сервиси што за општества кои се дигитално зависни е значаен предизвик. Но, брзата координирана реакција на Финска, брзото идентификување на настанот и истрагата која одговори прашања за танкерот и заедничкото постапување со Естонија влијаеше на довербата на граѓаните“, вели Саздовски.

Настанот, што се случи брзо откако Финска и Шведска станаа членки на НАТО, очигледно не беше случаен инцидент туку хибридна активност, која треба да предизвика страв, паника, заплашување и недоверба во кругот на Балтичките земји, но и во рамките на НАТО. Од друга страна, според Саздовски, по овој случај кај јавноста и кај институциите се зголеми свесноста за ранливоста од големи хибридни активности и многу земји го засилија процесот на следење на критичката инфраструктура и потребата од подготвеност за брза реакција.

„При хибридните закани, противникот е најчесто под радарот и санкциите се едно од решенијата кои се покажуваат како успешни. Европската унија воведе санкции кон Русија што се покажа како ефикасно решение, а заедно со замрзнувањето на финансиските средства, блокирањето на производствените капацитети и контролата на извозот на технологија, предизвика цената на хибридниот напад да биде многу повисока од бенефитот“, вели Саздовски.

Анастасија Романјук од граѓанската мрежа Опора во Украина се обрати преку интернет врска | Фото: Ванчо Џамбаски

Романјук: Главен извор на информации во Украина е апликацијата „Телеграм“

Анастасија Романјук, аналитичарка за дигитални платформи од Граѓанската мрежа Опора во Украина вели дека во земјата која се соочува со војна, примарен ресурс за вести е апликацијата „Телеграм“, преку која се информираат речиси 70 отсто од населението, иако таа воопшто не ги регулира содржините кои се објавуваат.

Романјук вели дека наративи со кои се шират и говор на омраза и насилство се пренесуваат преку анонимни канали на Телеграм кои имаат стотици илјади претплатници со милионска публика и огромно влијание, а се без никаква одговорност или етички правила.

„Преку тајните канали се таргетира политиката за мобилизација и се шират наративи да не им се верува на воените власти и да не се прифаќаат поканите за мобилизација. Се шири страв и се поттикнува непријателството на граѓаните кон државата“, вели Романјук и посочува дека активно работат на истражување на наративите на Телеграм, што е исклучително тешко да се побијат, особено во актуелните услови во Украина каде недостасуваат и доволен број на официјални јавни информации од институциите и војската.

Горан Ризаов, раководител на програма во Метаморфозис, и уредник на Мета.мк | Фото: Ванчо Џамбаски

Ризаов: Зајакнување на регионалните и меѓународните коалиции како решение

Горан Ризаов, програмски координатор во Фондација „Метаморфозис“ и главен и одговорен уредник на Новинска агенција Мета.мк смета дека долговремената изложеност на дезинформации предизвикува граѓаните да не веруваат никому освен на своите најблиски, затворени во мали кругови во кои немаат потреба ниту да ги проверуваат информациите.

Како пример за кибер напади кои се случија во земјава во последниот период, Ризаов ги посочи нападот на инфраструктурата на јавниот сервис, Македонската телевизија заради кој, на само три дена пред локалните избори, не се емитуваше главниот дневник и соочувањето на кандидатите за градоначалници, како и случајот со кибер нападот на илјадници ботови на Инстаграм профилот на весникот „Слободен печат“.

„Нападот на МРТ можеби немаше ниту да се дознае ако информацијата не стана вирална на социјалните мрежи. Раководството на јавниот сервис се обрати дури следниот со кратко соопштение дека станува збор за кибер напад на инфраструктирата, но интересно е што никој не провери дали е тоа навистина што се случило, ниту пак кави биле вестите кои требало да се објават таа вечер“, вели Ризаов.

Посочува дека кибер нападот на „Слободен печат“ е пример на злоупотреба на алгоритмите на социјалните мрежи кои се користат за вештачко зголемување на досегот, кои во случајот се искористени од трета страна за постигнување на сосема спротивен ефект, односно со оставњето на стотици коментари, всушност да се намали досегот на профилот.

„Решенија за справување со кибер заканите има, на пример тоа се можностите за регионални и меѓународни коалиции кои треба да се надградуват, зајакнуваат и прошируваат, а граѓанското општество е тоа кое треба да ја води и предводи оваа борба“, смета Ризаов.

Никола Петровиќ, извршен директор на Центарот за меѓународни и безбедносни прашања ИСАК од Србија | Фото: Ванчо Џамбаски

Петровиќ: Во Србија кибер нападите кон граѓаните доаѓаат од три страни

Никола Петровиќ, извршен директор на Центарот за меѓународни и безбедносни прашања ИСАК, од Србија вели дека во оваа земја кибер заканите и хибридните напади во информацискиот простор ги заземаат последните места на високи закани, додека највисоките доаѓаат од политичките актери на власт.

„Ова е долгогодишен тренд во Србија каде контролата на медиумите и информативнот простор ја имаат луѓе што немаат капацитет. Србија е прва земја во Европа по бројот на напади по имејл преку кои со содржини со вируси и други алатки се напаѓаат личните податоци на граѓаните. Земјите од Западен Балкан во овој тип напади учествуваат со над 20 проценти на светско ниво“, вели Петровиќ.

Во Србија, посочува, нападите кон граѓаните доаѓаат од три страни. Тоа се властите и институциите кои користат дезинформации за да наметнат свое вијание, странските центри на моќ од Русија и Кина кои имаат свои интереси, како и приватните ентитети кои сакаат да наметнат моќ. Тоа предизвикува недоверба кај луѓето и затворање во мали кругови на блиски луѓе од доверба.

Сесијата ја модерираше Матеј Тројачанец, истражувач и новинар во Фондацијата Метаморфозис | Фото: Ванчо Џамбаски

„Најважната алатка за отпорност кон дезинформациските кампањи и кибер нападите е образованието. Можеби е скапа и одзема време но е совршена и дава најдобри и конткретни резултати“, смета Петровиќ.

Меѓународната конференција „е-Општество.мк“ продолжува во текот на целиот ден, а во попладневните часови ќе биде доделена и наградата „Илија Жупановски“ за исклучителни достигнувања во справувањето со дезинформации.

Линк до оргиналниот текст: Образованието е најважната алатка за отпорност кон дезинформациските кампањи – Meta.mk

The post „Образованието е најважната алатка за отпорност кон дезинформациските кампањи“ – Мета.мк first appeared on Metamorphosis.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор