Dddd 577x1024.jpg

Над 70 млади од општините Гостивар и Драгаш учествуваа на работилници за Основи на планинарството

За време на работилниците спроведени од искусни планински водичи, младите имаа можност да се запознаат со неопходната опрема потребна за движење во планина и топографски знаци, безбедност и прва помош како и планинска етика и заштита на природата.

Со стекнатите знаења и вештини младите ќе може одговорно да се впуштат во планинарски авантури, да се соочат со предизвиците што ги носи планинарењето и да ги препознаат природните вредности.

Работилниците за основи на планинарството се организирани како дел од проектот „Поврзување на младите за инклузивен и одржлив регион“, на Здружението Асоцијација за демократска иницијатива (АДИ) ) и Младински Центар АВОКО од Драгаш, Косово, во рамки на ,,Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор