Untitled design 29 1024x683 2

Дигиталната трансформација на Собранието: Граѓанското општество како клучен партнер во градењето на едно модерно Собрание

Универзитетски професори, експерти од граѓанското општество и експерти за процесот на дигитализација од европските земји дебатираа во Собранието на Република Северна Македонија во врска со Стратегијата за дигитална трансформација на Собранието. Во една панел-дискусија со наслов: „Собрание 2.0 – Промена, лидерство, капацитет и инклузија“, експертите ги споделија своите размислувања за поефикасна дигитална стратегија кон целта за едно помодерно Собрание, пишува Порталб.мк.

Мила Јосифовска Даниловска, од Фондацијата Метаморфозис во нејзината презентација на панел-дискусијата се фокусираше на важноста на вклучувањето на граѓанскиот сектор во креирањето на дигитални алатки за Собранието.

Според неа, вклучувањето на граѓанското општество во креирањето на дигиталните алатки е од суштинско значење за градење на еден отворен, транспарентен и инклузивен процес.

„Вредноста на учеството на граѓанското општество во овој процес е повеќекратна. Граѓанското општество може да помогне во премостувањето на јазот меѓу институциите и граѓаните. Промовирање на транспарентни процеси и дигитални алатки кои не им штетат на човековите права и слободи. Зајакнување на довербата во Собранието преку доближување на дигиталните решенија до граѓаните. Иновациите, граѓанското општество, особено оние кои работат во областа на технологијата, отворените податоци, дигиталните права или јавните политики, честопати носат иновативни решенија и дизајни насочени кон крајните корисници. Така, нивното вклучување има една додадена вредност во креирањето на иновативни решенија кои се лесни, релевантни, корисни и прилагодени за употреба од страна на граѓаните.“

Бобан Стојаноски, заменик-генерален секретар на Собранието нагласи дека Стратегијата претставува еден важен чекор во трансформацијата на Собранието.

„Важна тема. Клучен чекор во трансформацијата на Собранието. Очекуваме помош од експертите за да ја направиме Стратегијата што е можно посовремена, што ќе биде од корист за Собранието. Нашата визија е да создадеме едно модерно Собрание. Потребата произлегува од динамиката на работата во Собранието. Целта ни е да го унапредиме е-Собранието, веб-страната на Собранието, да ја унапредиме софтверската структура, како и да го унапредиме интернетот. Дигитализацијата ќе ја олесни меѓуинституционалната комуникација“, рече Стојаноски.

На панелот своите успешни искуства ги презентираше и Карл Мортен Копел од Естонија од ИКТ секторот на тамошниот парламент.

„Digital first значи да имате еден сеопфатен процес што ќе им даде на корисниците брзи резултати. Важно е да останете посветени, затоа што дигиталното е подобро. Како што добивате информации, така можете и да обезбедите интересни информации што ќе ја зголемат ефикасноста. Претходно, хартијата беше ефикасна, процесот се спроведуваше преку месинџер. Но, времињата се променија. Имаме електроника, имаме мрежа и ова ја олеснува комуникацијата“, рече Копел.

Тој зборуваше и за новите иновации во парламентот во Естонија: „Новина во естонскиот парламент е вештачката интелигенција (ВИ). Таа е добра во генерирањето на идеи. Ја користиме за упатства и совети. Понекогаш може да добиете лоши одговори. Не плашете се од ВИ, засега е „друштвена“. „Применете ја“, нагласи Копел.

Универзитетскиот професор Боро Јакимовски акцентот го стави на академските капацитети што можат да ги понудат локалните експерти.

„Високото образование, научните институции и експертите имаат капитал што државата треба да го користи и во кој треба да инвестира. Северна Македонија има добро ниво, а тоа е благодарение на инженерите што доаѓаат од оваа земја. Можностите што институциите можат да ги понудат се одлични, вештачката интелигенција е многу важна. Постојат можности за унапредување на соработката меѓу институциите и академиите, за да се му помогне на општеството и државата“, рече професорот Јакимовски.

Ирена Бојаџиевска, од Центарот за управување со промени, рече дека новата Стратегија треба да предвиди одлуки за олеснување на работата и на собраниската служба и на пратениците.

„Важно е да се мапираат потребите на вработените и пратениците. Добро е кога слушаме успешни примери, но треба да видиме каде сме ние денес, а по некое време, кога ќе ја финализираме стратегијата, да кажеме дека еве каде сме стигнале“, рече Бојаџиевска.

Инаку, претседателот на Собранието, Африм Гаши, во својот воведен говор, нагласи дека дигиталната трансформација претставува конкретна реализација на визијата за отворено, ефикасно и доверливо Собрание.

Потсетуваме дека во текот на 2024 година, во Извештајот за напредокот во однос на дигитализацијата, Северна Македонија беше оценета дека и покрај одреден напредок, напорите за дигитализација се сè уште во раните фази и имаат бројни недостатоци. И покрај напредокот во интернет инфраструктурата и 5G, администрацијата и секторот за сајбер безбедност имаат потреба од дигитализација и зајакнување.

Линк до оргиналната објава: Дигиталната трансформација на Собранието: Граѓанското општество како клучен партнер во градењето на едно модерно Собрание | Meta.mk

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор