Sredba za vmrezuvanje 2016 3

Втора средба за вмрежување на грантистите на Цивика мобилитас

„Импресионирана сум од големиот број луѓе што ги гледам овде, бидејќи тоа е јасен индикатор дека Цивика мобилитас расте“, рече амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Тејада на отворањето на втората по ред средба за вмрежување на Цивика мобилитас што се одржа на 15 ноември 2016 година во хотелот Дрим во Стуга.

Sredba za vmrezuvanje 2016 1

„Богатство кое сите го носите со различните визии и идеи ми создава чувство на оптимизам за иднината на Македонија“. Таа изрази задоволство од насоката и развојот на програмата и очекување дека спроведувањето ќе продолжи со ова темпо. „Граѓанските организации во Македонија имаат добри организациски капацитети, но недостасува подобра комуникација со граѓаните. Затоа ние ќе продолжиме да даваме поддршка во процесот на зајакнување на таа врска со конституентите“, додаде амбасадорката Тејада.

Sredba za vmrezuvanje 2016 2

„Запрашајте се себеси, која е промената што настанала како резултат на вашата работа“, им рече на присутните Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас на сесијата посветена на „известувањето за постигнувањата“ и „градењето врски со конституентите“. Тој истакна дека организациите го трошат времето за тоа што се случува внатре во системот, а помалку за она што излегува од системот – односно промената во општеството. „Често овие промени не се многу големи, но промените во општеството се составени од мали чекори кои се дел од нешто големо. Вашите мали приказни придонесуваат кон нешто многу големо“, рече Форестер.

Претставници на организациите корисници на специфични грантови ги презентираа нивните активности. Дел од грантистите ги споделија своите искуства за тоа како ги вклучуваат конституентите во нивните активности. Од Црвен крст на град Скопјезборуваа за Програмата за хумани вредности која функционира 15 години и која која мобилизира над 1200 младинци на цела територија на Македонија. Од Еко герила истакнаа дека кога се вклучуваат граѓаните во процесот на одлучување тие чувствуваат дека се застапувани нивните интереси.

Sredba za vmrezuvanje 2016 4

На почетокот луѓето не веруваа дека има загадување во Тетово, но сега тоа е една од најприоритетните прашања во градот“, истакна Аријанит Џафери. Во организираното традиционално чистење на диви депонии, Ајде Македонија оваа година мобилизираа над 16000 граѓани и 70 ГО низ Македонија. „За 7-8 години колку што постоиме, успеавме да со нашиот труд да ја наметнеме идејата на граѓаните во Македонија да почнат да размислуваат за правата на животните и третманот спрема нив“, рече Столе Поповски од Анима мунди.

Sredba za vmrezuvanje 2016 5На работилницата учествуваат околу 115 претставници на граѓански организации, а покрај амбасадорката на Швајцарија во Македонија, присутен беше и амбасадорот на Холандија во Македонија Вутер Пломп.

Продолжи со читање

  • „Граѓанскиот сектор помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“

    „Ниту една влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. А ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог“, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Националниот…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025

    Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 [15 септември – 3 ноември] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот…

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор