1 vmrezuvanje

Грантистите на Цивика мобилитас на трета Средба за вмрежување

„Во последниот период видовме дека кога има транспарентно и инклузивно граѓанско општество, дури и етничката поделеност станува помала и различните заедници можат да делуваат за нивната заедничка кауза. Ја видовме моќта на оваа соработка за време на Шарената револуција, но уште повеќе за време на последните два изброни процеси кога видовме масoвно меѓуетничко гласање.“ Со овие зборови амбасадорката на Швајцарија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада ја отвори третата Средба за вмрежување на грантистите на Цивика мобилитас.

Денес (24 октомври 2017 г.) во Охрид се собраа 186 претставници на граѓанските организации поддржани од програмата во изминативе три години, со цел да  ги разменат знаењата и искуствата и да дискутираат за тоа како да ја направат повидлива промената што ја прават во општеството.

Освен идентификувањето и визуелизацијата на промените во секоја целна група со која работат, денес и утре учесниците ќе дискутираат за меѓународните практики во набљудувањето и оценката на граѓанските организации и за подобрување на комуникацијата на постигнувањата со Mike Zuijderduijn.

Претставниците на Сите за правично судење, Зелена лупа, Скуп и Здружението на новинарите на Македонија и Македонското здружение на млади правници ги споделија со присутните промените што ги направиле со нивната работа.

Жаклина Хаџи-Зафирова од СКУП – Центар за истражувачко новинарство рече дека граѓаните не ја препознаваат организацијата туку нејзините производи. Како најважни стории ги издвои истражувањето на имотот на четирите најголеми партии, истражувањето на трошоците на пратениците за да стигнат на своите работни места, истражувањето на трошоците за репрезентации на министерствата како и тоа за отпадот во македонските болници.

Драган Секуловски од Здружението на новинари на Македонија го претстави нивниот случај поврзан со исфрлањето на новинарите од Собранието на 24 декември. „Реагиравме до надлежните институции, но немавме никаква поддршка. Добивме одговор дека Уставот не е прекршен. По две години реагиравме до судот во Стразбург и тој утврди дека се прекршени членовите 10 и 6 од Eвропската конвенција за заштита на човековите права“. Како резултат на оваа пресуда која е една од ретките во Европа, новинарите се охрабрија почесто да бараат судска заштита.

Продолжи со читање

  • „Граѓанскиот сектор помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“

    „Ниту една влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. А ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог“, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Националниот…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025

    Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 [15 септември – 3 ноември] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот…

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор