Magazin (1080 X 720 Px) (1920 X 1080 Px)

Граѓаните сметаат дека треба да бидат внимателни во односите со другите луѓе

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го спроведе редовното истражување на општата доверба и довербата во институциите. Резултатите покажуваат дека довербата во луѓето останува поделена, односно нешто над половината од граѓаните (52,6%) изјавиле дека имаат целосна или делумна доверба во луѓето. Најголема сигурност граѓаните чувствуваат во својот најблизок круг, па околу 2/3 рекле дека имаат доверба во соседите, додека довербата во колегите (52,8%) и сонародниците (52,2%) е мнозинска но, значително пониска. Најголема претпазливост испитаниците изразуваат кон непознатите, при што 84,1% изјавиле дека имаат целосна или делумна недоверба.

Меѓучовечката доверба е на ниско ниво, при што 84,9% од граѓаните сметаат дека треба да бидат внимателни во односите со другите, а само 14,3% веруваат дека на повеќето луѓе може да им се верува. Овој висок степен на претпазливост се потврдува и кај одговорите на прашањето: „Дали сметате дека луѓето воопшто би ве искористиле или ќе се обидат да бидат чесни кон вас?“ Вкупно 76,0% од испитаниците сметаат дека луѓето би се обиделе да ги искористат. Од нив, најголем дел (21,5%) силно веруваат во тоа, позиционирајќи се на најниската точка од скалата.

0 02 05 9726a0e2783c19feac0713fb75ede092b5e481b323f5b8dc0bf4862b20de72b6 9ac93b6f679e2bbe

Нема раст на довербата кај ниту еден од општествените сектори споредено со резултатите од анкетата направена во 2021 година. Банките и финансиските институции (59,2%) и понатаму  уживаат највисоко ниво на доверба. На исто ниво како во 2021 година е довербата во медиумите (55,5%), деловниот (51,2%) и граѓанскиот сектор (49,6%). Најголем е падот на довербата во јавниот сектор (од 46,8% на 27,1%), потоа следуваат политичките партии (од 36,2% на 27,6%) и меѓународната заедница (од 46,2% на 39,5%). Во споредба со 2021 година, најголем пад на довербата е забележан кај етничките Албанци, особено во јавниот сектор и политичките партии. Кај етничките Македонци, најзначителен пад има во јавниот сектор.

Проверката на довербата во различните професии покажа дека граѓаните најмногу им веруваат на наставниците и професорите, со целосна или делумна доверба од 72,0%, а веднаш по нив се свештениците и верските лица (70,8%) и лекарите (65,9%). Од друга страна, судиите (18,4%) и цариниците (22,9%) се професиите во кои граѓаните имаат најмалку доверба, додека деловните, бизнис-консултантите (44,9%), полицијата (44,0%) и државните службеници (36,5%) се рангираат нешто подобро, но сепак остануваат во рамките на малцинството.

Истражувањето е спроведено со теренска анкета на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници.  Популациската рамка на примерокот беше население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност беа: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони. Собраните податоци се обработени со честота и пропорција на одговорите. Податоците се со ниво на доверба од 95% и со грешка од +/- 3%. Анкетата е направена во периодот  од 20 април до 25 мај 2024 година. За МЦМС, анкетата ја спроведе М-Проспект.

Продолжи со читање

  • „Граѓанскиот сектор помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“

    „Ниту една влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. А ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог“, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Националниот…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025

    Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 [15 септември – 3 ноември] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот…

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор