Доделени partnerski грантови

Доделени партнерските акциски грантови на Цивика мобилитас

Комисијата за избор на грантови на Цивика мобилитас ги оцени пристигнатите пријави и додели девет грантови кои ќе ги спроведуваат вкупно 30 организации (списокот на апликантите и нивните партнери е на крајот од текстот).

Со овој повик, Цивика мобилитас излегува во пресрет на социо-економската и енергетската криза во земјава. Овие кризи предизвикаа значително зголемување на поларизацијата во општеството поради различни фактори. Иако Владата обезбедува финансиска поддршка за економски загрозените, јавниот образовен систем, здравствениот систем и јавните претпријатија, државното финансирање и севкупната поддршка на граѓанските организации е минимална или непостоечка. Затоа, со овие акции се поддржани граѓански организации кои ќе работат на теми поврзани со поларизацијата, финансиска криза (буџетски дефицит) и енергетска криза.

Проектите ќе опфатат активности за деполаризација на јавниот дискурс, како предуслов на конструктивен дијалог за градење здрави и отчетни институции; проценка на антикризните мерки за ранливи категории граѓани и за најпогодени фирми; потоа за достапност на здравствените услуги на социјално загрозените категории на граѓани. Еден дел од нив ќе се однесуваат на проценка на енергетската ефикасност на јавните / општински објекти во 4 целни општини (Берово, Пехчево, Дебар и Струга), и ќе предложат мерки и решенија базирани на докази. Ќе се следат буџетските трошења на државата и општините, кои се менуваат под влијание на економската криза (инфлација, стагнација и енергетска криза) и се одразуваат врз граѓаните. Исто така, активности ќе бидат посветени на спречување и заштита од дискриминација и унапредување на социјалната инклузија и еднаквоста итн.

Поддржаните акции ќе се спроведуваат на национално ниво. Грантистите доаѓаат од седум региони и тоа од скопскиот, источниот, југозападниот, пелагонискиот, североисточниот, полошкиот и вардарскиот регион.

На повикот што беше отворен до 11 ноември 2022 г. пристигнаа 75 пријави на вкупно 229 граѓански организации. Од нив, 66 ги исполнија административните критериуми и беа доставени до Комисијата.

  1. Институт за општествени и хуманистички науки, Скопје во соработка со Здружение на граѓани ИНСТИТУТ ЗА МЕДИУМИ И АНАЛИТИКА ИМА Скопје, Здружение-Балкански институт за регионална соработка БИРС Тетово и Здружение на граѓани за ретки болести ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ Битола со проектот Преку деполаризација до демократски, стабилни и вклучувачки институции: Придонес на граѓанското општество
  2. Здружение на граѓани ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје во соработка со Здружение за рурален развој ЛОКАЛНА АКЦИОНА ГРУПА АГРО ЛИДЕР Кривогаштани и Здружение Рурална Коалиција Кичево со проектот Мониторинг, оценка и предлози за антикризни мерки во услови на тесен буџет
  3. Здружение Асоцијација за ДЕМОКРАТСКА ИНИЦИЈАТИВА Гостивар во соработка со Здружение за рамноправен развој РЕШЕНИЈА ЗА РАЗВОЈ Скопје и Здружение за општествен развој и демократија НВО ПУЛСОТ НА ДЕМОКРАТИЈАТА Куманово со проектот Придонес кон јавната дебата и мерките за ублажување на последиците од економската криза
  4. Здружение на Лекари специјализанти ЗЛС Скопје во соработка со Здружение за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните ПРЕВЕНТУС Скопје и Здружение на студенти од Медицински факултет: Европска Медицинска Студентска Асоцијација на Македонија со проектот И ти си важен!
  5. Асоцијација Иницијатива за социјална промена-ИнСок Скопје во соработка со Здружение за социјална интеграција и личен развој ЦЕНТАР ЗА ИНТЕГРАЦИЈА И ПОДДРШКА Скопје и Здружение за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ Скопје со проектот Коалиција на граѓански организации – Форум на мали заедници во Република Северна Македонија
  6. Здружение на граѓани РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ШУМАРСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ Скопје во соработка со Здружение на граѓани ИНСТИТУТ ЗА ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ И РАЗВОЈ Берово, Здружение на еколозите НАТУРА Струга и Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар со проектот Управување за енергетско ефикасни општини
  7. Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје во соработка со Здружение на даночни советници на Република Македонија ЗДСРМ Скопје и Здружение Центар на активни граѓани АКТИВО Велес со проектот Ефекти на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните
  8. Коалиција сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници МАРГИНИ Скопје во соработка со Здружение ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА Скопје, Здружение за рурален развој Локална Акциона Група ВАРДАР ЛЕАДЕР Градско и Македонско здружение на млади правници-МЗМП Скопје со проектот Видливи, здружени и гласни- Акција за еднаквост и недискриминација преку учество и мултисекторска соработка
  9. Здружение ФОРУМ – ЦЕНТАР ЗА СТРАТЕШКИ ИСТРАЖУВАЊА И ДОКУМЕНТАЦИЈА Скопје во соработка соЗдружение ИМПЕТУС – Центар за интернет, развој и добро управување Скопје и Здружение на граѓани ЦЕНТАР ЗА ЕВРОПСКИ РАЗВОЈ И ИНТЕГРАЦИЈА Битола со проектот Младински активизам против корупцијата
Доделени partnerski грантови

Продолжи со читање

  • Соработката меѓу граѓанските организации и бизнис секторот носи многу заемни придобивки

    „Причината поради која сите сакаме да соработуваме е затоа што сите сакаме да имаме корист. Без разлика дали доаѓате од бизнис секторот или од граѓанскиот, треба да почнете да развивате покомплексно разбирање за заемните придобивки“, им рече Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас, на учесниците на  работилницата „Зајакнување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #5

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #5 [13 – 17 октомври 2025] Во последната недела пред изборниот молк имаше засилена активност и обновена мобилизација во медиумските објави со повеќе од 3.000 медиумски текстови и 240 објави на социјалните мрежи, и со јасен раст на ангажманот кон крајот на неделата. Кампањата влезе во завршна фаза…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави

    Месечен преглед на медиумските објави [15 септември – 14 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Изборите за локалната власт беа една од најдоминантните теми во медиумскиот простор со над 11.000 медиумски написи и над 1.100 објави на социјалните мрежи. Анализата открива јасна слика: изборната кампања се води…

  • Новиот амбасадор на Швајцарија ја потврди посветеноста кон граѓанското општество

    Тимот на Цивика мобилитас на 16 октомври ја оствари првата средба со новoназначениот Амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Зомер (Christoph Sommer). „Сметам дека граѓанското општество е многу значајна област на која треба да се фокусираме“, нагласи Амбасадорот, потврдувајќи дека поддршката на граѓанските организации е еден од приоритетите…

  • Кога се штеди на превенција, последиците се скапи – граѓанските организации и институциите со заеднички повик за поголеми вложувања во превенцијата

    Граѓанските организации и институциите од здравствениот сектор отворија јавен дијалог за унапредување на пристапот до квалитетни превентивни здравствени услуги за жените, девојките и ранливите групи, на тематскиот форум „Кога се штеди на превенција, последиците се скапи“ одржан на 15.10.2025 година. Главните заклучоци од дискусијата се дека неопходно е вклучување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #4

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #4 [6 – 12 октомври 2025] Анализата на медиумските и објавите на социјалните мрежи во претходната недела потврдува дека кампањата се засилува, а фокусот е се повеќе на конкретни локални решенија кои директно влијаат на секојдневниот живот на граѓаните. Дискусиите се интензивни на социјалните мрежи, каде што конкретните…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор