Нов број на МАГАЗИНОТ „Граѓаните за променА“ #19 октомври декември 2024 (4)

Да ја примениме подготвеноста за соработка

„Убеден сум дека во дијалог со невладините организации ќе можеме да градиме подобри политики, ќе можеме да носиме поквалитетни одлуки за одредени сфери од општеството“. Ова беше една од пораките на премиерот Мицковски испратена кон претставниците на граѓанските организации на Националниот форум на Цивика мобилитас што се одржа на 15 ноември 2024 година.

Подготвеноста на премиерот за соработка со граѓанските организации беше поткрепена со учеството на уште пет министри од Владата како и на Генералниот секретар Јанушев. Подготвеноста на граѓанските организации беше поткрепена со учеството на околу 200 претставници.

Civic World 19 Mk

Потребата од соработката на националната власт и граѓанските организации нема потреба посебно да се констатира. Таа не е само од интерес на Владата и на граѓанските организации, уште поважна е за нивните крајни корисници, за граѓаните. Дел од претставниците на Владата во нивните обраќања демонстрираа консултации со граѓанските организации во процесите на измени или носење на политиките. „Ни случајно нема да правиме стратегија во која нема да бидат вклучени невладините организации“, рече министерката за образование и наука Весна Јанева одговарајќи на прашањето за консултациите поврзани со националната стратегија за образование што треба да биде донесена во 2026 година. Таа рече дека МОН веќе вклучило 40 граѓански организации во консултациите за носење или измени на шест закони поврзани со образованието. 

Интересно беше да се слушне дека дел од министрите, нас, од граѓанските организации не доживуваат како критичари, а не критизери. „Добар критичар дава конструктивна критика која носи решенија“ вели министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Неговите очекувања од граѓанските организации не се само во нудењето на решенија за подобрување на политиките, туку, уште повеќе во користење на експертизата која според него „природно би требало да доаѓа од граѓанскиот сектор“.

Ваквиот придонес на граѓанските организации, според него, е од непроценливо значење и е врска помеѓу граѓаните и институциите. 

И другите владини претставници покажаа подготвеност и отвореност за соработка. Организирајќи го овој форум, во соработка со Владата, Цивика мобилитас помогна да се возобноват или да се воспостават меѓусебни контакти и да се договорат последователни средби.

Се надеваме дека таа подготвеност нема да остане само како декларација, барем ние од секторот ќе се потрудиме да ги „држиме за збор“ министрите, генералниот секретар и премиерот. Тоа ќе ни овозможи на сите, на следната средба да зборуваме за резултатите, а не само за плановите.

Граѓаните за промена #19

Продолжи со читање

  • „Граѓанскиот сектор помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“

    „Ниту една влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. А ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог“, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Националниот…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025

    Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 [15 септември – 3 ноември] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот…

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор