fbpx
x
Мени
Здружение за истражувања, анализи и развој Зелена лупа Скопје

Здружение за истражувања, анализи и развој Зелена лупа Скопје

Здружение за истражувања, анализи и развој Зелена лупа Скопје
Зелена Лупа - Скопје
Association for research, analysis and development ZELENA LUPA Skopje
2007
Здружение на граѓани
Ване Цветанов - Претседател.
4030007013060
6303935
Бул. Гоце Делчев бр.14 / спрат 3
Ѓорче Петров
Скопски
Ване Цветанов, Претседател на Зелена Лупа - Скопје. 078 650 153 vane_cvetanov@yahoo.com
077724112

Зелена Лупа е здружение на граѓани, кои се залагаат за владеење на правото, интегритет и функционалност на иституциите, како и борба против корупцијата. Група ентузијасти, професионалци и граѓани кои дале свој скромен позитивен придонес за државата, загрижени од состојбата во која што се наоѓа Република Македонија се одлучија своето знаење, искуство и труд, преку граѓански активизам да го канализираат за потребите на државата. Столб на нашата визија е, дека Република Македонија може да биде пристојно место за живеење, каде што секој граѓанин на оваа држава ќе се чувствува рамноправен и недискриминиран по никаква основа. Владеењето на правото треба и мора да биде правило и право а не луксуз или исклучок за кој мора да се фаќаат врски. Држава со силни и независни институции, кои што ќе работат согласно законот, неселективно и правично. Без разлика во која институција, секој граѓанин да има ист третман, клиентелизмот и корупцијата да бидат сведени на минимум. Република Македонија живее во најтешкиот период од нејзиното осамостојување па до денес. Живееме во време кога владеењето на правото и правдата се селективни и не се подеднакви за сите. Се укинуваат закони, се носат нови закони а сето тоа само поради лични потреби на поединци, со цел да се воспостави контрола врз државните институции во нивни интерес како и за нивна потреба. Сето тоа како и низа други пропратни работи се доволен мотив и наша инспирација, за целосно да се посветиме во изнајдување соодветни решенија и предлог мерки, се со цел подобро функционирање на правото, како и подобро функционирање на државните институции. Потребно е да се лоцираат причините за проблемите, лоцирање на направените штети, лоцирање на штетни законски решенија, лоцирање на лошата и селективна пракса на примени на законите. Потребни се детални истражувања, анализи и изготвување на предлог решенија и нивно промовирање во јавноста. Затоа и можеме да кажеме дека нашата главна дејност е токму Правото и владеењето на Правото. Имено, здружението на граѓани, Зелена лупа, до сега има активно учество и еден завршен проект.

Антикорупција

Владеење на правото

Демократија

Децентрализација

Добро владеење

Информации, комуникации и медиуми

Развој на граѓанско општество

Човекови права

Градење инфраструктура

Градење капацитети (обука, фасилитација, менторство, совети)

Застапување (на пр. креирање и влијание врз политики)

Информирање (на пр. градење свест)

Истражување

Раководење

Социјално-хуманитарна поддршка

Општа јавност (сите граѓани)

Граѓански организации

Државни и јавни институции и/или службеници

Експерти од одредена област

Медиуми

Општини/единици на локална самоуправа

Нема ресурси од оваа организација
Нема настани од оваа организација
Нема вести од оваа организација