Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ е независна, непрофитна организација за истражување и застапување. Аналитички ги следи настаните во областите социјална инклузија, социјални претпријатија, социјални иновации, општествен импакт и медиуми и медиумска култура.
Организацијата става посебен акцент на социолошките феномени, на тој начин придонесувајќи кон демократските процеси во општеството и креирањето на општествените вредности.
Компетитивната предност и најсилна страна на „Паблик“ како организација е континуираниот пристап до најранливите категории граѓани. Оваа позиција овозможува преку научно истражување подлабоко да ги истражиме и утврдиме причините за состојбата на социјална исклученост.
Мисија: Поттикнување позитивна општествена промена преку промовирање социјална инклузија. Намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост преку нудење решенија базирани на докази од истражувања и наоѓање иновативни методи за комуникација, застапување и поттикнување критичка дебата.
Визија: Општество со еднакви можности за сите во кое граѓаните се свесни за својата улога и моќ за генерирање позитивни општествени промени.
Вработување
Друго
Образование, наука и истражување
Градење капацитети (обука, фасилитација, менторство, совети)
Застапување (на пр. креирање и влијание врз политики)
Информирање (на пр. градење свест)
Истражување
Граѓански организации
Лица со посебни потреби
Невработени
Претприемачи
Сиромашни лица
Други маргинализирани групи
2015