Здружението за заштита и едукација на деца и млади Роми - Прогрес, е формирано со цел остварување и заштита на основните човекови праава кои се реализираат во неколку општествени свери: економски социјални, образовни, здравствени,културни, спортски, хуманитарни и т.н. Здружението Прогрес е официјално регистрирано на 01.12.2000, на чело со Алма Мемет и извршниот борд на директори.
Здружението успешно постои и функционира на територијата на Р. Македонија веќе 16 години, и има остварено една доста богата соработка со: град Скопје, Владата на Република Македонија, Министерство за култура, Швајцарска Амбасада, USAID, EACA, FARE и т.н.
Проектите воглавно се реализираат преку семинари, предавања, работилници од различен вид, принтање брошури и флаери, и во зависност од потребата и целите на проектот, обезбедуваме и медиумска покриеност како начин за известување или рекламирање на некој однапред планиран евент. Нашата организација има преку 60 волонтери, и 4 вработени кои се грижат за организација, насочување, мониторинг и реализирање на проектите на кои се работи, со цел исполнување на главните цели, однапред зацртани според програмата на организацијата со која соработува нашето здружение.
Вработување
Животна средина и природни ресурси
Култура
Меѓуетнички односи
Образование, наука и истражување
Развој на граѓанско општество
Родови прашања
Толеранција
Транспарентност
Човекови права
Застапување (на пр. креирање и влијание врз политики)
Информирање (на пр. градење свест)
Социјално-хуманитарна поддршка
Деца
Етнички заедници
Жени
Млади и студенти
Невработени
Сиромашни лица
Други маргинализирани групи
100
60
2015