fbpx
x
Мени
Здружение за развој и активизам „Аква“ од Струга

Здружение за развој и активизам „Аква“ од Струга

Здружение за развој и активизам „Аква“ од Струга
З.Р.А. „Аква“ - Струга
Association for development and activism “Aqua” Struga
A.D.A. “Aqua” - Struga
2006
Здружение
Васил Ашталкоски , претседател
4026006133685
6152244
Ул.„Климетица“ , бр. 8 , 6330 Струга
Ул. „Владо Малески-Тале“ , б.б. , Струга
Струга
dimitrigolaboski@gmail.com , 077884459, slavica.jovcheska@gmail.com, 078361364
++389 (0) 46 782 465
++389 (0) 46 782 465

Мисија
Мисија на Здружението за развој и активизам „Аква“ од Струга е да придонесе кон
локалниот развој, локалната демократија и граѓанскиот активизам во регионот на Струга, Охрид и Вевчани.
Цели
- Зголемување на улогата на граѓанскиот сектор во локалниот развој и областите добро
владеење и донесување одлуки
- Поддршка и јакнење на младинскиот активизам во локалната заедница
- Зголемување на учеството во процесите на Европска интеграција на локално и национално
ниво, приближување до европските принципи, стандарди и култура.
Програми/области на работа
Тргнувајќи од заклучокот дека во Р. Македонија треба да се изврши влијание на ниво
на локални заедници и да се поттикне граѓанскиот активизам со цел да се помогне во
легитимизирање на интеграцијата и на процесот на реформи, преку зголемување на степенот на владеење на правото и намалување на корупцијата, меѓуетничка толеранција и соработка особено кај младите граѓани, како најважни услови за нашето внатрешно и надворешно (ЕУ) интегрирање, здружението „Аква“ од Струга ги спроведува следните програми/области:
1. Добро владеење (осумте карактеристики на доброто владеење: владеење на правото,
одговорност, ефикасност и ефективност, непристрастност, партиципативност,
транспарентност, одлуки во интерес на граѓаните, консензус насочени одлуки
владеење на првото и борба против корупција)
2. Млади и соживот- инцијативи за младинска независност, влијание и соживот
3. Еу интеграции, промоција и воведување на вредности и стандарди достигнати во ЕУ
Методи
1. Мониторинг и истражување
2. Граѓански активизам, Иницијативи во заедницата
3. Застапување и лобирање
6 Политики на здружението
- Посветени на објективност, заедништво и вклученост
- Против селективност, поделби и апатија
- Младите - активни граѓани во креирањето на својата иднина и заедница
- Постигнување на стандарди од кој граѓанинот ќе може да просперира
- Воведување и зајакнување на карактеристиките на добро владеење, со посебно
внимание на владеење на правото
- Против опортунистичко делување и конформизам
- Да мислиме подалеку од нашиот двор, јавниот интерес е и наш интерес
- Лојалност кон државата

Демократија

Деца, млади и студенти

Децентрализација

Добро владеење

Животна средина и природни ресурси

Култура

Меѓуетнички односи

Транспарентност

Друго

Општа јавност (сите граѓани)

Етнички заедници

Млади и студенти

Невработени

Општини/единици на локална самоуправа

42

14

2015