fbpx
x
Мени
Организација на потрошувачите на Македонија

Организација на потрошувачите на Македонија

Организација на потрошувачите на Македонија
ОПМ
Consumers' Organization of Macedonia
COM
1996
Здружение на граѓани
Маријана Лончар Велкова
4030996116167
5133319
ул. 50-та Дивизија бр.10А, П. Фах 150, 1000, Скопје
ул. 50-та Дивизија бр.10А, П. Фах 150, 1000, Скопје
Центар
Маријана Лончар Велкова Претседател opm@opm.org.mk
(02) 3179 592

Визија
Визијата на Организацијата на потрошувачите на Македонија – ОПМ е општество во кое граѓаните на Република Македонија целосно ги остваруваат своите потрошувачки права и практикуваат одговорна потрошувачка. Ние сме посветени на идејата дека сите ние како потрошувачи имаме право на подобар квалитет на живот, но и одговорност да не го загрозиме тоа право на идните генерации преку нашиот избор и користење на производи и услуги.

Мисија
ОПМ постои заради заштита на потрошувачите во остварувањето на нивните основни права, како што се:
Достапност на најнужните производи и услуги;
Безбедни и квалитетни производи и услуги;
Вистинити и навремени информации и едукација на потрошувачите, заради правилен избор на производи и услуги;
Надомест на штета кога правата на потрошувачите се повредени;
Здрава животна средина и одржлива потрошувачка.
Целта на ОПМ ја остваруваме преку обезбедување на совети, информации и едукација на потрошувачите во однос на нивните индивидуални и колективни потрошувачки права, и преку претставување на нивните интереси во процеси на креирање политики и законска регулатива.

Историјат
ОПМ е формирана како здружение на граѓани во 1996 година во Скопје, Република Македонија. ОПМ е „чадор” организација со Советодавно биро во Скопје и во неа членуваат организациите на потрошувачи од: Битола, Штип, Тетово, Охрид и Кочани кои имаат свои советодавни бироа.
ОПМ е активен член на Меѓународната организација на потрошувачите – Consumers International, Европската организација на потрошувачите – BEUC и Европскиот глас за стандардизација – ANEC.

Комисии и работни групи
Комисиите на ОПМ се формирани врз основа на практичната работа, ефективни комуникации со експерти во поодделни подрачја, потребите на граѓаните, органите и телата на државната управа и локалната самоуправа во доменот на заштитата на потрошувачите.
Нивното постоење и развој е со цел преку соодветни програмски насоки во областите во кои се формирани, да бидат промотор за унапредување и разбирање на правата и одговорностите на потрошувачите.
Програмските определби на комисиите ја сочинуваат суштината на стручната компонента на овој оперативен план во доменот на работните и развојните активности на ОПМ. Во рамките на ОПМ функционираат следниве комисии:
- Правна
- Домување
- Исхрана
- Права на пациенти
- Енергетика
и работни групи за:
- Едукација на децата како потрошувачи во предучилишното воспитание
- Едукација на учениците како потрошувачи во основното образовани

Деца, млади и студенти

Децентрализација

Друго

Животна средина и природни ресурси

Заштита на потрошувачите

Здравје и здравствена заштита

Образование, наука и истражување

Застапување (на пр. креирање и влијание врз политики)

Информирање (на пр. градење свест)

Истражување

Друго

Општа јавност (сите граѓани)

Банки и претпријатија (деловен сектор)

Деца

Образовни институции

30

1

2015

Објавено пред 6 годинаи Kontrata të lidhura jashtë qendrave të tregtimit
Објавено пред 6 годинаи Konsumatori dhe të drejtat kur blen produkte
Објавено пред 6 годинаи Sjellja e pandershme tregtare – si ta njohim?
Објавено пред 6 годинаи Kontrata të lidhura jashtë qendrave të tregtimit
Објавено пред 6 годинаи Konsumatori dhe të drejtat kur blen produkte
Објавено пред 6 годинаи Sjellja e pandershme tregtare – si ta njohim?
Објавено пред 6 годинаи Kontrata të lidhura jashtë qendrave të tregtimit
Објавено пред 6 годинаи Konsumatori dhe të drejtat kur blen produkte
Објавено пред 6 годинаи Sjellja e pandershme tregtare – si ta njohim?