Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А. е основана од група студенти во 2000 година кои беа засегнати со малиот обем на информации и услуги за ХИВ превенција, непристапност кон бесплатно и доверливо ХИВ тестирање и недоволната грижа и третман за луѓето кои живеат со ХИВ во Македонија. Од самите почетоци на Х.Е.Р.А. членовите ја препознаа потребата од поврзување и интегрирање на ХИВ со пошироката тема на сексуално и репродуктивно здравје и човекови права, така што денес настапува со стратегија за подобрување на јавното здравје која се темели на овој принцип.
Денес во Х.Е.Р.А. работи тим од дваесетина посветени жени и мажи заедно со 30 даватели на услуги во име на стотина волонтери и членови на собранието. Х.Е.Р.А. е една од организациите лидери во областа на сексуалното и репродуктивното здравје и права во Република Македонија. Од 2009 Х.Е.Р.А. е полноправна членка на Европската мрежа на Федерацијата за планирано родителство со седиште во Брисел.
Мисијата на организацијата се состои во остварување на основното човеково право на жените, мажите и младите да бидат правилно информирани и да имаат соодветен пристап до квалитетни и доверливи услуги за да можат слободно да го остваруваат својот избор во однос на сексуалноста, превенцијата, грижата и третманот од/за сексуално преносливите инфекции и ХИВ, вклучувајќи и целосна заштита на правата на лицата кои живеат со ХИВ/СИДА и нивните најблиски, контрацепцијата, безбедниот и легален абортус, сексуалните и репродуктивните права.
Својата мисија организацијата ја остварува преку обезбедување на бесплатни, доброволни и доверливи услуги. Понатаму, Х.Е.Р.А. соработува со законодавниот дом, со извршната власт и граѓанските организации за национални закони, стратегии и буџети со кои ќе се обезбеди подобро сексуално и репродуктивно здравје. Застапувањето го заснова на научно докажани аргументи, затоа посветува внимание на истражувачката дејност.
Вработување
Здравје и здравствена заштита
Лезбеjска, геј, бисексуална, трансродова и интерсексуална заедница (ЛГБТИ)
Лица со посебни потреби
Родови прашања
Толеранција
Човекови права
Градење капацитети (обука, фасилитација, менторство, совети)
Застапување (на пр. креирање и влијание врз политики)
Истражување
Социјално-хуманитарна поддршка
Друго
Општа јавност (сите граѓани)
Граѓански организации
Државни и јавни институции и/или службеници
Жени
ЛГБТИ
Лица со посебни потреби
Медиуми
Млади и студенти
Други маргинализирани групи
Друго
111
126
2015