fbpx
x
Мени

Причини за донесување на законот: Уредување на младинската политика

Воведот на Предлог-законот за млади содржи дел во кој се дава оценка на состојбите во областа што треба да се уреди со законот и причините за донесување на истиот. Без да се навлага во детална оценка на состојбите (и покрај неколкуте истражувања поддржани од Агенцијата за млади и спорт, меѓу другото), предлагачот идентификува две клучни […]

Каде одат моите пари ?

Општините се надлежни за вршење работи во следните области: урбанистичко (урбано и рурално) планирање, издавање одобренија за градење објекти од локално значење утврдени со закон, уредување на просторот и уредување на градежното земјиште; заштита на животната средина и природата; локалeн економски развој; комунални дејности; култура; спорт и рекреација; социјална заштита и заштита на децата; основно […]

Законите и политиките на Република Македонија на полето на попреченоста : извештај од системскиот мониторинг на закони и политики

Република Македонија ја потпиша Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (понатаму во текстот: КПЛП или Конвенцијата) на 30 март 2007 година а истата ја ратификува на 5 декември 2011 година. Дополнително, државата го потпиша Факултативниот протокол кон КПЛП на 29 јули 2009 година а го ратификува на 5 декември 2011 година. Инструментите за ратификација […]

Стратешко застапување ( литигација ) на случаи на дискриминација врз основа на сексуална ориентација

Освен стандардите против дискриминацијата општо познати во документите на Обединетите Нации (ООН), со кои не би го оптоварувале овој документи, во областа на забраната на дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет – Советот за човекови права (Human Rights Council) на својата 17та сесија (jули, 2011) донесе одлука (со Резолуција) да се изготви […]

Трговијата со луѓе и илегалната миграција перцепирани од главните актери во кривичната постапка

Со промените во Кривичниот законик во 2002 година, кога за прв пат се воведе делото Трговија со луѓе, во чл. 418 – а беше внесена одредба за казнување со казна затвор од 6 месеци до 5 години на тој што користи, или овозможува на друг користење сексуални услуги од лице за кое знае дека е […]

Човековите права во полициска постапка

Меѓународното право за човековите права е обврзувачко за сите држави и притоа службениците кои го спроведуваат законот се должни да ги знаат и да ги применуваат меѓународните стандарди за човековите права. Ваквата дефиниција е дадена во Меѓународниот пакт за граѓански и политички права1 во кои се уредува корпусот на права и нивната заштита.

Анализа на податоците од набљудуваните судски постапки во 2016 година

Коалицијата „Сите за правично судење“ е мрежа составена од 14 граѓански организации во која членуваат домашни здруженија на граѓани заради следење на судските процеси пред надлежните судови, со цел: а) осигурување на загарантираните права на правично судење, како што е предвидено со Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори; б) зголемување на јавната свест, посочување на […]

Водич за примена на законот за волонтерство

Собранието на Република Македонија на 2 јули 2007 година го донесе Законот за волонтерство и истиот е објавен во ,, Службен весник на Република Македонија ” бр. 85/2007. Донесени се и подзаконските акти со кои се доуредуваат прашањата од Законот, и тоа …

Прирачник за полесно остварување на правата на граѓаните пред државните институции

Во концептот на едно современо демократско општество, правото на доброто владеење и управување претставува основно човеково право. Последните дваесет години во Република Македонија се сметаат за период на државотворност (state building), посветени главно на донесување разни закони, како и реформирање и креирање на државни демократски институции. Јасно е дека во оваа фаза Република Македонија усвоила […]

Водич низ управувањето со станбените згради

На 05.08.2009 година, Собранието на Република Македонија го донесе новиот Закон за домување. Законот почна да се применува од 13.08.2009 година со што го замени претходниот Закон за домување од 1998 година (со неговите последователни измени и дополнувања, заклучно со 2007 година), а со Законот за изменување и дополнување на Законот за домување („Службен весник на […]

1 2