fbpx
x
Мени

Имплементација на меѓународните стандарди за фер и правично судење

Судството како трета власт покрај законодавната и извршната, е еден  од столбовите на секоја демократска земја. Додека принципот на checks and balances функционира помеѓу законодавната и извршната власт, судството како независна и самостојна трета власт влијае и ја одржува демократската хармонија во една земја водејќи сметка за основните слободи и права на човекот и граѓанинот.

Моќта на извршната власт

Развојот на демократските вредности, почитувањето на човековите права и владеењето на правото се едни по основните начела на Европската Унија, па оттука спроведувањето на овие вредности во Република Македонија е од суштинско значење во процесот на евроинтеграциите. Транспаренси Интернешнл – Македонија (ТИ-М) во извештајот на „Националниот систем на интегритет – оценка за Македонија“ нотираше дека […]

Анализа на независноста на судството во Република Македонија

Принципот на поделба на власта на законодавна, извршна и судска, чии носители се три различни органи кои меѓусебно се контролираат и одржуваат рамнотежа во користењето на моќта, е утврден со највисоките правни акти во речиси сите демократски држави. Де Монтескје (“De l’esprit des lois” 1748) се смета за основоположник на идејата за поделба на власта во политичката филозофија.